1.299 ден
За најефикасна борба против брчките пробајте го кремот со арбутин и Phytosilika на корејскиот бренд Tisha.
▫️ Ги намалува брчките.
▫️ Ја измазнува кожата.
▫️ Го подобрува тенот.
▫️ Ги намалува флеките.
Овој крем содржи 2% арбутин, ниацинамид и пептиди за моќна борба против брчките. Благодарение на микроигличките од природен биоматеријал Phytosilica, активните состојки навлегуваат подлабоко во кожата и го стимулираат создавањето на еластин.
Има здрава формула која не содржи никакви штетни состојки.
Не содржи парабени, PEG, минерални масла, или вештачки бои.
⚡ На што се должи ефикасностa на Tisha Arbutin Cream?
Содржи арбутин, ниацинамид и пептиди, комбинација одс состојки исклучително моќна во борбата против брчките. Но тоа не е се, она што го прави овој производ уникатен и исклучително ефикасен во борбата против брчките е употребата на новата патентирана технологија – Phytosilica микроигли.
💉 Phytosilica е нов биоматеријал од природно потекло составен од микроиглички со должина од 250µm и дијаметар од 50µm, кои не се видливи за човечкото око.
📍 Вообичаените козметички производи остануваат над и во површинскиот слој на кожата. Phytosilica микроигличките помагаат лесно да се надмине бариерата на кожата и ги доставуваат активните состојки преку површинскиот слој на кожата до најдлабоките слоеви на епидермисот.
1.299 ден
Skin1004 Centella Cream е лесен хидратантен крем за чувствителна кожа. Тоа е лесен, но интензивно хранлив крем дизајниран да ја смири, навлажни и зајакне кожата. Благодарение на комбинацијата на пантенол и TECA комплекс (madecassoside, asiaticoside, madecassic acid и asiatic acid), кремата делува на повеќе нивоа за да обезбеди долготрајна хидратација и заштита.
Богат е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Формулирана со oil-in-water gel технологија, оваа крема создава совршен баланс помеѓу масло и вода, што овозможува длабока и долготрајна хидратација без чувство на тежина или лепливост. Природниот мирис и нежната текстура ја прават идеална за секојдневна употреба, дури и кај чувствителна кожа.
Придобивки:
Клучни состојки:
За кого е наменета?
Оваа крема е особено погодна за нормална и чувствителна кожа, која бара балансирана и лесна, но ефикасна хидратација.
Начин на употреба: По чистењето и нанесувањето на тонер, нанеси умерена количина на кремата на лицето и нежно масирај додека целосно не се апсорбира. Може да се користи и наутро и навечер како последен чекор во рутината за нега.