2.790 ден
Тоа е добро познатиот AC7 Spot Serum но во поголемо пакување.
AC7 Spot Serum е серум на корејскиот бренд Tisha ефикасен во отстранување на различните видови акни, со кој корисниците забележуваат значително подобрување по само една недела, до целосно отстранување на акните по 3 месеци употреба.
Погледнете ги на вториот слајд резултатите кај момче тинејџер кое го користеше Tisha AC7 Spot Serum секоја вечер во текот на 3 месеци.
На што се должи ефикасностa на Tisha AC7 Spot Serum?
Содржи комплекс од 11 клучни внимателно одбрани состојки ефикасни во борбата против акните, како салицилна, масло од чајно дрво, ниацинамид и екстракт од центела. Но тоа не е се, она што го прави овој производ уникатен и исклучително ефикасен во борбата против акните е употребата на новата патентирана технологија – Phytosilica микроигли.
Phytosilica е нов биоматеријал од природно потекло составен од микроиглички со должина од 250µm и дијаметар од 50µm.
Вообичаените козметички производи остануваат над и во површинскиот слој на кожата. Phytosilica микроигличките помагаат лесно да се надмине бариерата на кожата која ја создаваат лузните или инфекциите и ги доставуваат активните состојки преку површинскиот слој на кожата до најдлабоките слоеви на епидермисот.
Кога козметичките производи со Phytosilica се нанесуваат и се втриваат во кожата, микроигличките прават микропроцепи во кожата и ги доставуваат активните состојки до најдлабоките слоеви на епидермисот со што повеќекратно се зголемува нивната ефикасност.
Слично на третманите со дермапен и дермаролер, производите со Phytosilica микроиглички го стимулираат природниот механизам на обновување на кожата.
Phytosilica микроигличките се невидливи за човечкото око. Благодарение на нивната мала димензија, козметичките производи на база на овој биоматеријал не предизвикуваат непријатно чувство при употребата.
Оваа технологија е регистрирана како безбедна во повеќе земји во светот, вклучително и EU и е одобрена од повеќе национални задравствени организации, како и американската FDA.
2.790 ден
Beauty of Joseon Calming Serum: Green Tea + Panthenol е смирувачки серум дизајниран да ја намали иритацијата предизвикана од УВ зраци и надворешни предизвикувачи на стрес, обезбедувајќи интензивна хидратација и зајакнување на кожната бариера.
Оваа обновена формула содржи зголемена концентрација на пантенол (5%) за подобрена хидратација и дополнителни 30% екстракт од мугворт за засилен смирувачки ефект. Лесната текстура овозможува брзо впивање, без лепливост или тежина.
По нанесување на тонер, нанесете неколку капки од серумот и тапкајте нежно за подобра апсорпција.
Овој смирувачки серум со зелен чај и пантенол е идеален за чувствителна и дехидрирана кожа, обезбедувајќи здрава, балансирана и хидрирана кожа без иритации.