1.290 ден Original price was: 1.290 ден.968 денCurrent price is: 968 ден.
Нема на залиха
Подгответе ја кожата за беспрекорен изглед со прајмерот со заштитен фактор SPF 50+ PA++++. Оваа свиленкасто мазна формула ја контролира себумот, ги минимизира порите и обезбедува долготрајна основа за шминка без мрснотија. Сертифициран како вегански во Кореја и дерматолошки тестиран за ниска иритација, овој прајмер е идеален за сите тонови на кожа, благодарение на својата проѕирна текстура.
Содржи моќна комбинација на состојки за нега на кожата:
Совршен за постигнување свеж, мат изглед без да ја наруши природната рамнотежа на кожата.
1.290 ден Original price was: 1.290 ден.968 денCurrent price is: 968 ден.
Нема на залиха
𝐌𝐈𝐒𝐒𝐇𝐀 𝐀𝐥𝐥 𝐀𝐫𝐨𝐮𝐧𝐝 𝐒𝐚𝐟𝐞 𝐁𝐥𝐨𝐜𝐤 𝐂𝐨𝐭𝐭𝐨𝐧 𝐒𝐮𝐧 𝐒𝐏𝐅𝟓𝟎+ 𝐏𝐀+++ е крем за заштита од сонце со широк спектар на заштита од UVA и UVB зраци, погоден за мрсна и комбинирана кожа.
Заштитата од штетните UV зраци е важна како во лето, така и во зима, бидејки штетните UV зраци се присутни во текот на целата година и се главните причинители за предвременото стареење на кожата.
Содржи пудра која го апсорбира себумот за да го спречи создавањето на вишок маснотии на кожата и го спречува изгледот на масен сјај на кожата.
Има формула отпорна на потење и останува на своето место долготрајно во текот на денот за време на секојдневните активности.
Исто така служи како тонирана основа за корегирање на недостатоците на кожата и постигнување на рамномерен изглед на тенот и текстурата на кожата.
Содржи екстракт од чајно дрво и алантоин кои ја смирувааат и заштитуваат кожата.
Пептидите и пантенолот ја зајакнуваат бариерата на кожата и ја прават поотпорна на надворешните штетни влијанија.
𝐌𝐈𝐒𝐒𝐇𝐀 𝐌 𝐏𝐞𝐫𝐟𝐞𝐜𝐭 𝐂𝐨𝐯𝐞𝐫 𝐁𝐁 𝐂𝐫𝐞𝐚𝐦 𝐒𝐏𝐅 𝟒𝟐 𝐏𝐀+++ е најпопуларниот корејски BB крем.
За квалитетот на овој препознатлив BB крем на 𝐌𝐈𝐒𝐒𝐇𝐀 доволно зборува фактот што е продаден во над 130 милиони примероци ширум светот.
Тоа е крем кој ви помага да ја комбинирате негата на кожата и шминката во еден лесен чекор за беспрекорна основа.
𝐌𝐈𝐒𝐒𝐇𝐀 𝐌 𝐏𝐞𝐫𝐟𝐞𝐜𝐭 𝐂𝐨𝐯𝐞𝐫 𝐁𝐁 𝐂𝐫𝐞𝐚𝐦 𝐒𝐏𝐅 𝟒𝟐 𝐏𝐀+++ е крем кој нуди средна до висока покривност, истовремено ја прави шминката лесна, додека обезбедува UV заштита и долготрајнатрајна хидратација.
Овој лесен BB крем покрај тоа што ги покрива несовршеностите на кожата истовремено пружа третман кој ја осветлува кожата, го изедначува тенот, хидрира, делува антиејџ и ја смирува кожата.
Се препорачува за сите типови кожа.
Пружете ѝ на кожата целосна заштита од штетното UV зрачење со лесно впивливото млеко за заштита од сонце 𝐌𝐢𝐬𝐬𝐡𝐚 𝐀𝐥𝐥 𝐀𝐫𝐨𝐮𝐧𝐝 𝐒𝐚𝐟𝐞 𝐁𝐥𝐨𝐜𝐤 𝐄𝐬𝐬𝐞𝐧𝐜𝐞 𝐒𝐮𝐧 𝐒𝐏𝐅𝟒𝟓/𝐏𝐀+++.
Овој крем за заштита од сонце пружа моќна заштита благодарение на новиот двослоен систем за блокирање на UV зраците. Пружа полн спектар на заштита од UVA и UVB зраци. Обезбедува долготрајна и непробојна UV заштита, дури и кога влажноста се зголемува.
Отпорен на вода и пот, овој крем пружа долготрајна заштита. Благодарение на двослојниот систем на специјален полимер oстанува на своето место подолго време дури и кога е изложен на пот, вода, или топлина.
Содржи есенција со комплекс од 6 растителни екстракти за нега на кожата кои ја хидрираат и омекнуваат кожата, исто така ги подобруваат тенот и текстурата на кожата.
Заштитата од сонце е многу важна за да се спречи предвремеото стареење на кожата. Овој крем се бори против оштетувањето кое го предизикуваат UV зраците и против предвремените знаци на стареење. Помага во спречување на изгореници и може да го намали ризикот од рак на кожата и раното стареење на кожата доколку се користи според упатствата со други мерки за заштита од сонце.
Клучни состојки:
▪️ Екстрактот од лист од Camellia Sinensis (зелен чај) е моќен антиоксидант со UV заштитни, антиинфламаторни и антимикробни способности, корисен кај розацеа, акни и атопичен дерматитис.
▪️ Пантенолот е провитамин со навлажнувачко, хидратантно дејство, кој има антиинфламаторни и заштитни својства. Помага во спречување на иритација.
▪️ Сокот од лист од алое вера има силни антиинфламаторни, смирувачки и навлажнувачки својства.