770 ден Original price was: 770 ден.578 денCurrent price is: 578 ден.
Нема на залиха
Додека вие сонувате, маската за лице Panda’s Dream работи напорно за да го осветли тонот на вашата кожа, за да можете да се разбудите со здрава и светла и блескава кожа. Видно помазната и помека кожа е само добар ноќен одмор со нашата лесна, осветлувачка маска.
770 ден Original price was: 770 ден.578 денCurrent price is: 578 ден.
Нема на залиха
SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Sleeping Pack 100ml е ноќна маска за хидратација и регенерација на кожата додека спиете.
Тоа е ноќна маска во вид на ноќен крем со лесна, ладна гел текстура која е дизајнирана да ја подмлади, хидрира и смири кожата во текот на ноќта.
Богата е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Оваа ноќна маска (Sleeping Pack) е идеален за сите типови кожа, а особено за сува, дехидрирана, уморна и чувствителна кожа која има потреба од ревитализација и регенерација.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Навечер, како последен чекор од вашата основна рутина за нега на кожата (по чистење, тонирање и серум), нанесете обилна количина од маската рамномерно на лицето и вратот. Не е потребно плакнење. Оставете ја маската да дејствува преку ноќ и исплакнете го лицето наутро.
Matrigen Lipo Exosome Excellent Pack е професионална корејска peel-off маска од новата генерација, дизајнирана да и подари на кожата неверојатен сјај и длабинска исхрана. Овој третман се издвојува по својата уникатна способност при нанесувањето да формира специјална прозрачна мембрана која делува со „двојно повратно влијание“, заклучувајќи ја влагата и активните состојки длабоко во дермалниот слој. Текстурата се нанесува како густ бел крем кој при сушењето станува целосно транспарентен, оставајќи го лицето со стаклен сјај (glass skin) без никакво чувство на лепливост.
Производот доаѓа во практично блистер пакување, што овозможува максимална хигиена, прецизно дозирање и зачувување на свежината на секоја поединечна доза.
Оваа маска нуди решение за оние кои се соочуваат со груба текстура и безживотен тен, за зрела кожа на која и е потребен дополнителен волумен и зацврстување, како и за лицата кои сакаат ефикасно да ги намалат пигментните дамки. Производот е идеален за сите кои бараат хипоалергенски професионален третман кој регенерира. Благодарение на премиум состојките, таа видливо ги измазнува брчките и ја ревитализира уморната кожа, правејќи ја мека и еластична по секоја употреба.
Водата од свила е носечкиот елемент во оваа формула, која наместо обична вода, обезбедува протеинска основа за силна стимулација на природен колаген. Таа овозможува еколошко и нежно отстранување на мртвите клетки, истовремено зголемувајќи ја цврстината и сјајот на кожата.
PDRN или полидеоксирибонуклеотид, претставува револуционерна биолошки активна состојка која се добива од ДНК на лосос и е високо ценета во естетската медицина и козметологија. Оваа ДНК има структура компатибилна на човечката, што ја прави исклучително ефикасна за регенерација на ткивата. PDRN ѝ помага на кожата првенствено со забрзување на процесот на обновување на клетките, значително го намалува воспалението, ја подобрува еластичноста и хидратацијата, и има силен антиејџ ефект преку интензивно стимулирање на производството на колаген и еластин.
Eгзозомите претставуваат високософистициран систем за транспорт на активни состојки. Егзозомите се микроскопски меурчиња или гласници, кои клетките природно ги ослободуваат за да комуницираат меѓу себе. Тие носат важни протеини и хранливи материи за регенерација.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
Начин на употреба: Пред да започнете со употреба, протресете ја тубата за состојките внатре добро да се измешаат. Темелно измијте го лицето и нанесете малку тонер или доколку имате сува кожа, можете да нанесете лесен серум како подлога. Истиснете соодветна количина од маската (околу 10g се доволни за целото лице) и рамномерно распоредете ја по лицето. Избегнувајте го пределот директно околу очите и усните. Оставете ја маската да делува 30 до 40 минути. Ќе забележите како белата текстура полека станува целосно проѕирна, формирајќи тенка мембрана која ги „заклучува“ активните состојки во кожата. Откако маската е сува, нежно одлепете ја почнувајќи од краевите на лицето. Важно е да не ја плакнете маската со вода, бидејќи во допир со вода таа станува желатинеста и тешко се вади. Нема потреба од повторно миење на лицето. Остатокот од есенцијата што ќе остане на кожата нежно втапкајте го со прстите додека целосно не се впие за постигнување на максимален сјај.
Ondo Beauty 36.5 Squalane & Bakuchiol Sleeping Pack е нежна ноќна маска за ревитализација на кожата во текот на ноќта додека спиете.
Откријте ја моќта на Ondo Beauty 36.5 Squalane & Bakuchiol Sleeping Pack, револуционерна ноќна маска со гел текстура, која го зајакнува заштитниот слој на кожата и ги намалува знаците на стареење. Ваша кожа ќе биде сочна, мазна и освежена уште од првото утро. Инспирирана од JJon-JJon, корејски термин што опишува цврста и мазна кожа, маската ја враќа природната еластичност и полност на кожата.
Клучни придобивки:
Начин на употреба: Нанесете тенок слој од маската на чисто и суво лице како последен чекор од вашата вечерна рутина.
Оставете ја маската да делува преку ноќ – нема потреба од миење. Исплакнете го лицето наутро и уживајте во ревитализираниот изглед.
Совет: Користете ја маската 2-3 пати неделно или по потреба за дополнителна хидратација и нега.
Совет за дополнителен ефект: Чувајте ја маската во фрижидер за дополнителен разладувачки ефект.
Зошто да ја изберете Ondo Beauty 36.5 Squalane & Bakuchiol Sleeping Pack?
Клучни состојки:
• Бакучиолот е природна анти-ејџ состојка која ја стимулира регенерацијата на клетките.
• Хијалуронската киселина е моќна хидратантна состојка кој ја задржува влагата и ја измазнува кожата.
• Скваланот го зајакнува заштитниот слој на кожата и ја подобрува текстурата.
• Витамините Е и Ц обезбедуваат антиоксидантна заштита и изедначен тен.
Препуштете ѝ се на ревитализирачката нега со Ondo Beauty 36.5 Squalane & Bakuchiol Sleeping Pack.
FAU Shiny Pumpkin Peel Care Cream е крем-ноќна маска за домашен пилинг третман за свиленкасто мазна кожа.
Toa е концентриран пилинг крем што ви овозможува салонски третман во удобноста на вашиот дом. Благодарение на тројното делување на AHA, BHA и PHA киселиниte, ефикасно ги отстранува мртвите клетки, додека истовремено ја негува кожата со есенцијални аминокиселини кои помагаат во обновување и подобрување на текстурата.
Со редовна употреба, грубата кожа станува мазна, свиленкаста и здрава, додека процесот на регенерација се забрзува, правејќи ја кожата поотпорна и ревитализирана.
Главни придобивки:
Клучни состојки:
Како да се користи:
Shiny Pumpkin Peel Care Cream е совршен избор за оние што сакаат блескава, мазна и ревитализирана кожа, без потреба од агресивни третмани!