1.600 ден
Нема на залиха
100% растителна формула помага да се поддржи природното обновување на клетките и елиминацијата на токсините. Формулиран со 51% ферментиран екстракт од црн чај, овој ултра-хидратантен крем продира длабоко во кожата за да обезбеди трајна хидратација и да даде изглед на цврста, еластична кожа. Колекцијата Црн чај ја содржи британската Премиум чајна компанија, Taylors of Harrogate. Taylors е основана во 1886 година, се занимава само со лисја од највисок квалитет на чај и има освоено многу награди за нивниот висок квалитет на чаеви. Комбинирни се 100% чист црн чај на Taylors со специјални пробиотици за да се создаде свој уникатен патентиран ферментиран екстракт од црн чај, кој е преполн со антиоксиданси и има моќни својства против стареење.
1.600 ден
Нема на залиха
Тоа е смирувачки навлажнувач за длабинска хидратација, кој содржи моќна мешавина од хидратантни состојки. Не содржи обојувачи, ароми и состојки од животинско потекло.
SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Enrich Cream e хранлива и смирувачки креми со ферментирана центела и церамиди.
Тоа е богат и свиленкаст крем за лице, формулиран за интензивна хидратација и зајакнување на кожната бариера. Содржи филтрат од фермент на азиска центела, церамиди NP и шиа путер кои ја смируваат чувствителната кожа, додека ја обновуваат текстурата и ја прават помека и посјајна. Кремот нуди длабинска нега, без мрсна или леплива завршница.
Збогатен е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој навлажнувачки крем со висока концентрација е идеален избор за нормална, комбинирана и сува кожа, особено кога кожата е дехидрирана, чувствителна или со нарушена бариера.
Придобивки:
• Го смирува црвенилото и иритациите.
• Длабински ја хидрира кожата и ја задржува влагата.
• Го зајакнува кожниот заштитен слој и ја подобрува еластичноста.
• Обезбедува антиејџ ефект и посјаен тен.
Клучни состојки:
• Филтратот од ферментирана центела (Lactobacillus/Centella Asiatica Ferment Filtrate) е направен од пробиотски компоненти ја обновува и зајакнува кожната бариера.
• Екстрактот од азиска центела е познат по своите смирувачки и антиоксидативни својства.
• Мадекасинската киселина, азиатикозидот и азијатичната киселина се активни состојки добиени од центелата кои помагаат при регенерација и колагенска синтеза.
• Церамидот NP ги имитира природните липиди на кожата и ја штити од надворешни влијанија.
• Фитостеролите ја поддржуваат бариератана кожата и го намалуваат губењето на влажноста.
• Шиа путерот и маслото од макадамија обезбедуваат богата нега и хранливост без тежина.
Како се користи: Нанесете соодветна количина на чисто лице како последен чекор од рутината. Втријте нежно со двете дланки за подобра апсорпција.