1.726 ден 1.380 ден
1.726 ден 1.380 ден
Каква е текстурата на руменилото за лице Sisua By Unleashia Butter Waffle Dough Blusher? Дали е тоа нов и поинаков вид на текстура?
Ова руменило има текстура на влажна еластична паста налик на тесто, која ги има предностите на руменило во прав и руменило во вид на крем во исто време! Бидејќи претставува комбинација на овие два типа на руменила, лесно може да се нанесува со дланки, четкички или тупфери и е удобно за користење во секое време.
Sisua By Unleashia Butter Waffle Dough Blusher има мека, влажна текстура налик на тесто која лесно се лепи на кожата. Предноста на ова руменило е што кожата е навлажнета без да се исуши при нанесување, додека финишот е мазен и мек како кај руменилата во прав!
Нијанси:
Руменилата на 𝗦𝗜𝗦𝗨𝗔 𝗯𝘆 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔, користете ги во комбинација со Sisua by Unleashia Butter Waffle Glow Stick за да постигнете изглед на свежи образи со здрав сјај.
„Мастила“ за усни со гел текстура со живи овошни нијанси кои на усните им даваат долготрајно обојување со природен изглед и хидратантен сјај без лепливост. Формулирани со екстракт од зелен домат за подобрување на еластичноста на усните и подобрување на брчките, екстракт од бобинки од глог за смирување и навлажнување на усните, како и екстракти од грејпфрут и калинка кои на усните им даваат здрава боја.
За совршени веѓи со природен изглед пробајте ги Wonder Drawing Skinny Eye Brow моливчињата на Holika Holika.
Веѓите ги надополнуваат со боја со природен изглед, а благодарение на својата текстура не се размачкуваат и нијансата останува долго време. Интегрираната на веѓите им дава дополнителна прецизност и совршена форма. Восокот, кој го содржат моливчињата придонесува за долготраен ефект и отпорност при потење. Содржи витамин C и шеа путер кој имаат поволно дејство врз кожата.
Употреба: Веѓите со помош на четка се поставуваат во саканата насока. Со помош на моливчето се зајакнува линијата на веѓите, а со мали линии се имитираат влакната на веѓите. Потребно е да се обрне поголемо внимание на повисокиот дел од веѓите и особено на работ на веѓата.
За совршено мазен и свеж изглед на кожата користете го Satin Wear Healthy Green Cushion на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔.
Тоа е функционален козметички производ со тројна функција:
Совршено ги покрива сите несовшености на кожата додека на кожата ѝ дава природен изглед со полу мат завршница со пригушен сатенски сјај.
Благодарение на бакучиолот кој го содржи овој крем, помага во намалување на брчките. Бакучиолот е природна и веганска алтернатива на ретинолот. Го забрзува метаболизмот на кожата и циклусот на обновување на клетките, ги репарира оштетувањата на кожата и го стимлулира создавањето на колаген во нејзината структура. Со поттикнување на создавањето на колаген, се зајакнува структурата на кожата и се враќа нејзината цврстина и еластичност. Зголемувањето на еластичноста е единствениот начин да се успори појавата на знаци на стареење, да се спречи нејзиното опуштање и појава на брчки.
Содржи 76% хидратантна есенција која ја одржува свежината на кожата во текот на целиот ден.
Благодарение на иновативниот трослоен систем за прилепување и прилагодување на кожата, составен од пигмент со сферични честички, филм и маслo, овој крем давa долготрајна покривност без бришење или згрутчување.
Дизајнот на кутивчето кај кое кремот се истиснува од контеинерот со притискање на копче, дозволува хигиенско чување и користење на производот.
Производите на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔 се cruelty-free и вегански сертифицирани од PETA.