Кошничка 0 x

Product

Unleashia Non-sticky Dazzle Tint No. 12 Flamingo 7.6g

705 ден 564 ден

Дали посакувате полни и свежи усни со привлечен сјај? Лесно ќе го постигнете посакуваниот ефект со Non-Sticky Dazzle Tint, мастилата за усни на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔.

Благодарение на 8-те вида на хијалуронска киселина, усните добиваат волимен и полн изглед по само една минута од нанесувањето. Хијалуронската киселина ги снабдува усните со потребната влажност и ги одржува полни и свежи во текот на целиот ден.

Мешавината од природни масла ги одржува усните добро навлажнети спречувајќи да се губи водата. Тие ја снабдуваат кожата со потребните хранливи материи и се богати со витамини и минерали. Маслото од шипка е богато со витамините А, Ц и Е кои го спречуваат стареењет на кожата.

Скваланот го поттикнува создавањето на колаген во кожата одржувајќи ја поцврста и еластична, што ги прави усните пополни. Ја штити кожата од слободните радикали и го спречува нејзиното предвремено стареење.

𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔 Non-Sticky Dazzle Tint мастилата за усни имаат лесна текстура и ви даваат чувство на удобност и меки усни во текот на денот. Достапни се во 8 нијанси со сјајна завршница.

Производите на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔 се cruelty-free и вегански сертифицирани од PETA.

Достапност: Има залиха
Сподели на:

Unleashia Non-sticky Dazzle Tint No. 12 Flamingo 7.6g

705 ден 564 ден