1.686 ден Original price was: 1.686 ден.1.349 денCurrent price is: 1.349 ден.
Нема на залиха
За совршено мазен и свеж изглед на кожата користете го Satin Wear Healthy Green Cushion на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔.
Тоа е функционален козметички производ со тројна функција:
Совршено ги покрива сите несовшености на кожата додека на кожата ѝ дава природен изглед со полу мат завршница со пригушен сатенски сјај.
Благодарение на бакучиолот кој го содржи овој крем, помага во намалување на брчките. Бакучиолот е природна и веганска алтернатива на ретинолот. Го забрзува метаболизмот на кожата и циклусот на обновување на клетките, ги репарира оштетувањата на кожата и го стимлулира создавањето на колаген во нејзината структура. Со поттикнување на создавањето на колаген, се зајакнува структурата на кожата и се враќа нејзината цврстина и еластичност. Зголемувањето на еластичноста е единствениот начин да се успори појавата на знаци на стареење, да се спречи нејзиното опуштање и појава на брчки.
Содржи 76% хидратантна есенција која ја одржува свежината на кожата во текот на целиот ден.
Благодарение на иновативниот трослоен систем за прилепување и прилагодување на кожата, составен од пигмент со сферични честички, филм и маслo, овој крем давa долготрајна покривност без бришење или згрутчување.
Дизајнот на кутивчето кај кое кремот се истиснува од контеинерот со притискање на копче, дозволува хигиенско чување и користење на производот.
Производите на 𝗨𝗡𝗟𝗘𝗔𝗦𝗛𝗜𝗔 се cruelty-free и вегански сертифицирани од PETA.
1.686 ден Original price was: 1.686 ден.1.349 денCurrent price is: 1.349 ден.
Нема на залиха
Beauty of Joseon Ginseng Moist Sun Serum SPF 50+ PA++++ е иновативен серум за заштита од сонце, кој нуди висок SPF 50+ PA++++ за напредна UV заштита, додека истовремено ја храни и подмладува кожата. Оваа лесна серумска формула создава невидлива заштитна бариера, спречувајќи сончево оштетување, предвремено стареење и темни дамки.
На крајот од рутината за нега, нанесете рамномерно доволна количина на лицето и вратот, особено на деловите изложени на сонце. За максимална заштита, повторете нанесување во текот на денот.
Овој хидратантен серум со заштитен фактор е идеален за сите што бараат напредна UV заштита, подмладувачка нега и осветлувачки ефект во еден чекор.
SKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Tone-Up Sunscreen SPF50+ PA++++ е 2 во едно крем за заштита од сонце којаштита и и тонирање на тенот.
Тоа е мултифункционален производ кој нуди максимална заштита од сонце со SPF50+ PA++++, додека истовремено дејствува како подлога која го изедначува тенот.
Формулата е збогатена со патентираната состојка Madawhite™, добиена од мадекасозид, која активно работи на посветлување на темните дамки и хиперпигментацијата. Кремот остава беспрекорен мат финиш, што го прави идеален за користење како последен чекор од утринската рутина или како база пред нанесување шминка. Покрај заштитната функција, овој крем содржи висок процент на екстракт од центела за смирување на кожата, правејќи го безбеден и нежен избор за секојдневна употреба.
Збогатен e со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Има исклучителни хидратантна формула благодарение на комплексот AQUA BOMB кој ѝ обезбедува на кожата интензивна хидратација, оставајќи ја свежа, сјајна и влажна. Идеална за кожа што има потреба од моментално освежување и долготрајна удобност. Овој комплекс е составен од природни растителни екстракти, екстракт од лист од Molokia, екстракт од јачмен и екстракт од бел воден крин. Овие состојки дејствуваат во синергија за интензивна хидратација, подобрување на свежината и природен сјај на кожата.
Овој тонирачки крем е совршен за оние кои сакаат заштита од сонце со дискретно покривање кое ги прикрива несовршеностите и му дава на лицето здрав, сјаен изглед без чувство на тежина. Соодветен е за сите типови кожа, а особено за чувствителната.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина на лицето и вратот како последен чекор од вашата утринска рутина за нега на кожа. Распоредете рамномерно со лесни движења додека не постигнете посакуваниот тон. Се препорачува нанесување 15-20 минути пред излегување на сонце.