589 ден Original price was: 589 ден.412 денCurrent price is: 412 ден.
Нема на залиха
589 ден Original price was: 589 ден.412 денCurrent price is: 412 ден.
Нема на залиха
Користете го FAU Star Glow Lip Plumper за инстант волумен и сјај за пополни, поатрактивни усни.
Добијте видливо пополни и дефинирани усни за неколку минути со FAU Star Glow Lip Plumper – сјај за усни со двојно дејство кој создава ефект како по третман со филери, без инјекции. Благодарение на термоактивната формула, производот генерира лесен ефект на загревање и ладење, што ja стимулира микроциркулацијата и резултира со природен волумен и сјаен финиш.
Зошто ќе го засакаш овој lip plumper:
Веднаш видлив ефект: Усните изгледаат пополни, подигнати и со нагласена форма по само едно нанесување.
Софистициран сјај: Обезбедува интензивен сјај кој ги прави усните визуелно поголеми и повпечатливи.
Хидратација и нега: Обогатен со ши путер, масло од авокадо и какао, го негува тенкиот слој на кожата на усните и спречува сушење.
Природни активатори: Capsicum екстракт и Vanillyl Butyl Ether создаваат безбеден и ефикасен ефект на полнење без иритации.
Клучни состојки: Vanillyl Butyl Ether, екстракт од пиперка (Capsicum), ментол, Shea путер, масло од авокадо, какао путер
Упатство за употреба: Нанеси го производот од внатрешниот дел на усните и полека разнеси го кон надворешниот раб. Може да се носи самостојно или над кармин.
House of Hur Moist Ampoule Blusher е лесно и долготрајно течно руменило збогатено со 50% хидратантна есенција за свеж, природен изглед. Неговата лесна формула лесно се нанесува на кожата, овозможувајќи беспрекорно соединување со тенот и создавање на природен сјај. Благодарение на богатата влага, не остава лепливо чувство и овозможува удобност во текот на целиот ден.
Со разновидни нијанси кои одговараат на сите тонови на кожа, овa руменило е совршенo за создавање на свеж и здрав изглед. Може да се нанесе во еден слој за суптилен ефект или да се надгради за поинтензивен, повпечатлив финиш.
Клучни придобивки:
Начин на употреба:
Лесно протресете го производот пред употреба. Нанесете мала количина на раката, а потоа со тапкање втријте го руменилото на образите. Додавајте слоеви за поинтензивна боја и сјај.
Футрола за сенки дизајнирана за серијата Piece Matching Shadow која содржи 4 дупки, koja ви овозможува да креирате сопствена палета за сенки.
Користете го House of Hur Glowy Ampoule Tint за сјај, боја и хидратација три во едно. Дозволете вашите усни да зборуваат со боја и сјај – откријте ја нијансата која го доловува вашиот стил.
Сјајниот течен кармин Glowy Ampoule Tint на House of Hur е создаден за усни кои зрачат со свежина и софистицираност. Наменет за жени со суптилен, но уникатен стил, овој кармин нуди богата боја, луксузен сјај и долготрајна нега.
Пружа интензивна хидратација со природни активни состојки. Формулата е збогатена со 15 витамини и манука мед, кои ги хранат усните, ја подобруваат нивната текстура и го спречуваат сушењето. Совршен е за секојдневна употреба, без лепење и без тежина.
Живописни нијанси и стаклен сјај, бојата се прилепува рамномерно и останува свежа со часови, додека сјајната завршница додава волумен и деликатна елеганција.
Начин на употреба: Со апликаторот нанесете мала количина на средината на усните и распоредете рамномерно кон рабовите. Може да се користи самостојно за природен сјај или над молив/кармин за интензивен ефект. За најдобар резултат, нанесете на чисти и суви усни. За поинтензивна боја нанесете два пати.
Совет за чување: Чувајте го на ладно и темно место за да ја задржи својата оригинална текстура и боја.