Земја на производство: Република Кореја
290 ден Original price was: 290 ден.203 денCurrent price is: 203 ден.
Земја на производство: Република Кореја
290 ден Original price was: 290 ден.203 денCurrent price is: 203 ден.
Faebey AZURE ACTION facial mask е смирувачка гел маска за лице, специјално формулирана за да ги ублажи симптомите на уморна, дехидрирана и чувствителна кожа предизвикани од недоволен сон, стрес или надворешни агресори како сонце и загадување. Со активни состојки како Turmeria Zen и сина алга, оваа маска хидрира, ребалансира, смирува и ја поттикнува природната регенерација на кожата.
Благодарение на своето интензивно дејство, маската ги намалува воспаленијата, го подобрува тонусот, ги минимизира брчките и помага во обновување на еластичноста и сјајот на кожата. Погодна е за сите типови кожа, особено чувствителна кожа склона на иритации.
Клучни придобивки:
Забрзува обновување на клетките
Помага при забавување на стареењето и намалување на брчки
Ги намалува темните кругови и лузни од акни
Ги зајакнува колагенот и еластинот
Има смирувачки и антистрес ефект врз воспалена кожа
Начин на употреба: Во текот на денот нанесете тенок слој од маската на чисто лице, избегнувајќи ја зоната околу очите. Оставете да делува 20 минути, потоа измијте со млака вода. Навечер, нанесете тенок слој и оставете ја да делува преку ноќ. Наутро исплакнете со млака вода. Користете по потреба или како дел од редовната нега за регенерација и смирување на кожата.
FAU Shiny Pumpkin Vegan Jelly-Pad се вегански хидрогел лепенки за интензивна нега и смирување на кожата.
Овие мултифункционални хидрогелни лепенки, збогатени со екстракт од млада тиква со потекло од кореја и и екстракт од тиква ферментиран со лактобацилус, обезбедуваат длабинска нега и зајакнување на кожата. Со својата лесна, хидрогел текстура, веднаш се прилепуваат на кожата, создавајќи ефект на освежување и ладење.
Совршено се прилагодуваат за осетливите зони околу очите, усните и челото, но и за поголеми површини како образите и вратот. Благодарение на 100% растворливата формула, тие постепено ја ослободуваат својата хранлива есенција, оставајќи ја кожата еластична, мазна и ревитализирана.
Главни придобивки:
Клучни состојки:
Како да се користи:
Со помош на шпатула, поставете ги поголемите облоги околу очите, а помалите на местата кои имаат потреба од посебна нега, како што се пределот околу усните или челото. Оставете ги да делуваат 20-30 минути, а потоа нежно тапкајте за да се апсорбира преостанатата есенција.
Со Shiny Pumpkin Vegan Jelly-Pad, вашата кожа ќе биде видливо смирена, хидрирана и свежа со само еден третман!
SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Quick Clay Stick Mask е веганска маска од глина во практичен формат на стик, дизајнирана за брзо и лесно прочистување на порите и контрола на себумот. Оваа корејска маска комбинира моќни состојки за чистење со смирувачка нега, што ја прави идеална за сите типови кожа, вклучително и чувствителна. Форматот на стик овозможува прецизно нанесување без неред и контакт со рацете.
Маската содржи 5 видови глина (вклучувајќи 18% каолин и бентонит) кои делуваат како сунѓер за себумот, ефикасно апсорбирајќи го вишокот себум, нечистотии и комедоните. Клучна состојка за ексфолијација е правта од црвен грав (Phaseolus Angularis), кој нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата за помазна текстура. Истовремено, хималајската розова сол, екстрактот од азиска центела (4,9%) и екстрактот од алое вера ја смируваат чувствителната кожа и обезбедуваат хидратација, со 30% хидратантна есенција во формулата.
Екстрактот од центела кој го содржи овој производ е екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој Clay Stick е наменет за мрсна, комбинирана и нормална кожа која бара ефикасно, но неиритирачко решение за стеснување на порите и отстранување на комедоните и намалување на видливоста на себацеозните филаменти. Себацеозните филаменти се составени од мешавина на себум и мртви клетки на кожата кои природно се собираат околу фоликулот на влакното. Тие не се „блокада“ на порите како комедонитте, туку дел од нормалната структура на порите, но нивната видливост може да се намали. Маската делуваза да ги направи порите почисти и помалку видливи.
Формулата е без вештачки мириси и бои и е безбедна за дневна употреба.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: По миењето на лицето, нанесете ја маската директно од стикот на суво лице, избегнувајќи ги пределот околу очите и устата. Оставете ја да делува 3 до 5 минути. Исплакнете темелно со млака вода.
Ondo Beauty 36.5 Pink Clay & Rose Pore Cleansing Mask е маска за нежно, но длабинско чистење на порите.
Започнете ја вашата рутина за прочистување на кожата со Ondo Beauty 36.5 Pink Clay & Rose Pore Cleansing Mask, маска на база на глина која обезбедува длабинско чистење, минимизирање на црнките и нежно ексфолирање. Инспирирана од корејскиот термин Bbo-Song, кој го означува сјајот на кожата по чистење, оваа маска видливо ќе ја трансформира вашата кожа.
Клучни придобивки:
Начин на употреба: Нанесете тенок слој од маската на чиста кожа на лицето, вратот, деколтето или дури и на грбот, доколку е потребно. Оставете ја маската да делува 5-10 минути. Исплакнете ја со млака вода и нежно исушете ја кожата. Користете ја еднаш неделно за најдобри резултати.
Совет: По употребата на маската, задолжително нанесете крем со заштитен фактор (SPF) за да ја заштитите кожата од сонце. Ако ја користите навечер, користете крем со SPF наредниот ден.
Зошто да ја изберете Ondo Beauty 36.5 Pink Clay & Rose Pore Cleansing Mask?
Клучни состојки:
• Розовата глина нежно ја чисти и ја апсорбира нечистотијата.
• Водата од дамаска розова вода освежува и ја смирува кожата со своите антивоспалителни својства.
• PHA и BHA киселиниите се хемиски ексфолијанти кои ја подобруваат текстурата на кожата.
• Вулканскиот пепел помага во контрола на себумот и длабинско чистење.
• Каламинот го намалува црвенилото и воспаленијата.
Нека вашата кожа блеска со Ondo Beauty 36.5 Pink Clay & Rose Pore Cleansing Mask.