Земја на производство: Република Кореја
290 ден Original price was: 290 ден.261 денCurrent price is: 261 ден.
Земја на производство: Република Кореја
290 ден Original price was: 290 ден.261 денCurrent price is: 261 ден.
FAU Premium Shiny Pumpkin Modeling Mask е моделирачка маска за професионална употеба за длабинска нега и обновување на кожата.
Оваа премиум моделирачка маска е совршена за интензивна хидратација и длабинско потхранување на кожата. Оваа маска е с поголема концентрација и дава поголем ефект од сличните маски за домашна употреба. Содржи екстракт од тиква, богат со витамини А, Б, Ц, Е, К и минерали, кои ѝ помагаат на кожата да се обнови и да го врати здравиот, воедначен изглед. Идеална е за кожа што е дехидрирана, има нерамна текстура или ѝ е потребна дополнителна нега по пилинг или специјални третмани.
Моделирачката маска доаѓа во прав и се меша со вода. Се нанесува со моделирање на лицето и се остава 10-15 минути. Притоа се суши и добива текстура во вид на гума, која се должи на реакција на природните состојки. Потоа лесно се отстранува. Дава забележителна разлика во свежината на кожата и по само една употреба, а хидратацијата трае и наредниот ден.
Благодарение на својот уникатен состав, оваа маска:
Клучни состојки:
Како да се користи:
Измешајте ја маската во птрав со вода во сооднос 1:1 и мешајте 1-2 минути додека не добиете мазна смеса. Нанесете рамномерно на посакуваната област и оставете да делува 10-15 минути, додека не се стврдне. Потоа внимателно отстранете ја маската.
Со FAU Premium Shiny Pumpkin Modeling Mask, вашата кожа ќе биде хидрирана, измазнета и видливо освежена!
Medicube Collagen Night Wrapping Mask е ноќна маска со пилинг ефект, дизајнирана за интензивна нега на еластичноста и хидратацијата на кожата додека спиете. Оваа иновативна формула создава колагенска заштитна фолија, која овозможува 8-часовна нега, подобрувајќи ја цврстината, влажноста и природниот сјај на кожата.
Специјално развиената peel-off mask текстура лесно се отстранува во еден слој, без да ја иритира кожата, оставајќи чувство на свежина и обновеност. Благодарение на комбинацијата на активни состојки и напредна корејска технологија, оваа ноќна маска видливо ја затегнува и измазнува кожата по само една употреба.
Како да се користи: нанесете рамномерен слој на чиста кожа како последен чекор во вечерната рутина. Оставете да се исуши преку ноќ, а наутро нежно отстранете ја во еден слој.
Оваа маска е идеална за сите типови кожа, особено за оние кои сакаат длабинска нега и регенерација преку ноќ.