Земја на производство: Република Кореја
590 ден Original price was: 590 ден.490 денCurrent price is: 490 ден.
Земја на производство: Република Кореја
590 ден Original price was: 590 ден.490 денCurrent price is: 490 ден.
AMPLE:N Ceramide Shot Ampoule е блага, неиритирачка ампула од церамид збогатена со патентирана состојка Cerafull Complex од 50.000 ppm. Служи за хидратација и негување на кожата. Патентираната состојка Arctigenin ја зајакнува бариерата на кожата и и’ ја враќа еластичноста и сјајот. Алантоинот служи за смирување на кожата.
Предности:
Збогатена со 50.000 ppm Cerafull Complex™ за негување на сувата, иритирана кожа и за богата хидратација.
Патентираниот Arctigenin ефикасно ја зајакнува бариерата на кожата за да се добие здрава, сјајна кожа. Помага во спречување на губење на влагата и подобрување на текстурата и еластичноста на кожата.
Благата формула која содржи алантоин ефикасно ја смирува кожата и создава чувство на удобност. Тестирана е и не предизвикува иритација на кожата.
Како да се користи:
По користењето на тонер, рамномерно нанесете умерена количина на лицето и нежно тапкајте за целосно апсорбирање.
Matrigen Azulene Relaxer Ampoule е револуционерен професионален производ на Matrigen, идеален за интензивна нега и смирување на чувствителна и реактивна кожа. Оваа ампула делува длабински, насочувајќи се кон црвенилото, затегнатоста и иритацијата, помагајќи ѝ на кожата да го врати својот природен баланс и да се заштити од надворешни фактори.
Matrigen Azulene Relaxer Ampoule е идеално решение за смирување и ревитализација на чувствителна и иритирана кожа.
Тоа е револуционерен професионален производ наменет за интензивна нега и смирување на реактивна кожа. Оваа ампула е тајната за удобна, смирена и хидрирана кожа. Ампулата делува длабински, насочувајќи се кон црвенилото, затегнатоста и иритацијата, помагајќи ѝ на кожата да го врати својот природен баланс и да се заштити од надворешни фактори.
Клучните состојки на оваа ампула се гвајазулен, екстракт од лист на маточина, алантоин и екстракт од Vincetoxicum Atratum. Овие состојки се препознаени по нивните извонредни својства за смирување и регенерација. Тие активно ја зајакнуваат кожната бариера, ја ублажуваат иритацијата и го намалуваат црвенилото. Ампулата нуди повеќекратно дејство – интензивно смирување, длабинска хидратација и зајакнување на бариерата, враќајќи ја виталноста и здравјето на кожата.
Природната сина боја на ампулата е добиена од гвајазуленот, концентрирана компонента од камилица, која ја смирува кожата и ја намалува нејзината температура, обезбедувајќи удобност за чувствителната кожа. Активните состојки делуваат на клеточно ниво, помагајќи во зајакнување на имунитетот на кожата и намалување на чувствителноста. Оваа уникатна комбинација овозможува долготрајна хидратација, задржувајќи ја влагата во кожата и давајќи ѝ природен, здрав сјај.
Зошто да ја изберете Matrigen Azulene Relaxer Ampoule?
Оваа ампула е дел од професионалната козметичка линија на Matrigen наменета за напредна нега, што значи дека има посилно дејство и поголема концентрација на активни состојки од вообичаените производи и пружа интензивно смирување на кожата.
Ампулата нуди повеќекратно дејство, пружајќи интензивно смирување, длабинска хидратација и зајакнување на бариерата.
Комплекс од моќни состојки за целосна нега:
Ова е идеален производ за оние кои се соочуваат со црвена и чувствителна кожа, имаат потреба од брз смирувачки ефект на кожата или бараат и смирувачка и хидратантна нега.
Начин на употреба: Свртете го белото капаче на страната „Off“ за да ја отворите ампулата. Вметнете го шприцот во знакот крст (+) во центарот на гуменото капаче и повлечете го шприцот за да ја наполните ампулата. Нанесете ја ампулата на кожата и нежно масирајте додека целосно не се апсорбира. За најдобри резултати, користете редовно како дел од вашата дневна и ноќна рутина. Може да се користи со дерма пен или дерма ролер.
Со Matrigen Azulene Relaxer Ampoule, вашата кожа ќе биде смирена, хидрирана и ќе зрачи со здрав сјај, подготвена да се соочи со предизвиците на секојдневното живеење!
Хидратација, смирување и грижа за порите во еденa моќна ампула.
Откријте го врвното решение за смирување и хидратација на кожата со оваа лесна, но моќна ампула. Формулирана со 71% вода од чајно дрво, ја чисти, освежува и смирува кожата, го намалува црвенилото и стимулира чиста и здрава текстура. Дизајнирана за балансирање на лачењето на себум, минимизирање на порите и длабинска хидратација, оваа ампула е совршена за масна, чувствителна и сите типови кожа.
Главни придобивки
Одговара за
Клучни состојки
Дополнителни карактеристики
Начин на употреба
Нанесете соодветна количина на целото лице наутро и навечер, како дел од вашата рутина за нега на кожа. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.
Обезбедете ѝ на вашата кожа совршен баланс на хидратација, грижа за порите и смирување со оваа веганска, нежна и високо ефикасна ампула.
Разбудете се со мазна и сјајна кожа со оваа ноќна серумска маска збогатена со 110.000 ppm AHA, BHA и PHA за ексфолијација на мртвите клетки на кожата и вишокот себум од површината и порите на кожата. Формулата што брзо се апсорбира не е леплива и е збогатена со екстракт од шеќерна трска, екстракт од портокал и екстракт од корен од куркума за осветлување на кожата.
Предности:
Серумска маска за спиење која обезбедува сеопфатна нега на порите.
Збогатена со ретинол, обезбедува ефект на стеснување на порите.
110.000 ppm AHA, BHA и PHA помагаат во ексфолијацијата и го намалуваат прекумерниот себум.
Текстурата на ампулата е лесна за апсорбирање и обезбедува нелеплив финиш.
Начин на употреба:
1. Во последната фаза од ноќната нега на кожата, нанесете соодветна количина на лицето.
2. Нанесете дополнителна количина на областите со големи пори за да забележите побрз ефект.
3. Препорачливо е да се користи еднаш или двапати неделно.
Предупредување: При првата употреба може да се почувствува мало пецкање или црвенило .