Земја на производство: Република Кореја
490 ден Original price was: 490 ден.392 денCurrent price is: 392 ден.
Земја на производство: Република Кореја
490 ден Original price was: 490 ден.392 денCurrent price is: 392 ден.
Matrigen E.S.R PDRN Ampoule e револуционерен професионален производ за подмладување и регенерација на кожата.
Оваа ампула е тајната за беспрекорна, младешка кожа. Формулирана со иновативна технологија и моќни состојки, оваа ампула е вашиот клуч за еластична, хидрирана и сјајна кожа, совршено прилагодена на потребите на модерната нега. Ампулата делува длабински, поттикнувајќи природна регенерација на клетките, помагајќи ѝ на кожата побрзо да се обнови по изложеност на стрес и надворешни фактори. Ја подобрува еластичноста и цврстината на кожата со што се намалува појавата на фини линии и брчки, оставајќи ја кожата мазна и затегната.
Содржи висока концентрација на PDRN дури 50,000 ppm. PDRN (полидезоксирибонуклеотид), фрагмент екстрахиран од ДНК од лосос. Оваа биоактивна состојка е позната по своите извонредни својства за регенерација на кожата. PDRN активно ја зајакнува кожната бариера, го стимулира обновувањето на клетките и ефикасно го ублажува воспалението. Заборавете на опуштената и уморна кожа, Matrigen ESR PDRN ампулата работи длабински за да ја врати виталноста и здравјето на вашата кожа, нудејќи ревитализација одвнатре.
Зошто да ја изберете MATRIGEN E.S.R PDRN Ampoule?
Оваа ампула е дел од професионалната козметичка линија на MATRIGEN, наменета за напредна нега и регенерација на кожата. PDRN молекулите делуваат на клеточно ниво, помагајќи во обновување на оштетената кожа, подобрување на метаболизмот на клетките и зајакнување на бариерата на кожата. Со редовна употреба, кожата станува поеластична, помазна и со видливо подобрен тонус и сјај.
Има тројно дејство, пружа интензивна хидратација, анти-ејџинг ефект и осветлување на хиперпигментацијата и благодарение на нејзината богата текстура може да се користи и како ампула и како крем. Бидејќи за разлика од традиционалните проѕирни ампули, Matrigen ESR PDRN Ампулата е кремаста серумска формула која содржи висока концентрација на хидратантни и маслени компоненти. Оваа уникатна комбинација овозможува долготрајна хидратација, задржувајќи ја влагата во кожата како крем и давајќи и природен, здрав сјај.
Комплекс од моќни состојки за целосна нега:
Ова е идеален производ за оние кои:
Начин на употреба: Свртете го белото капаче на страната „Off“ за да ја отворите ампулата. Вметнете го шприцот во знакот крст (+) во центарот на гуменото капаче и повлечете го шприцот за да ја наполните ампулата. Нанесете ја ампулата на кожата и нежно масирајте додека целосно не се апсорбира. За најдобри резултати, користете редовно како дел од вашата дневна и ноќна рутина.
Со Matrigen E.S.R PDRN Ампулата, вашата кожа ќе биде подмладена, хидрирана и ќе зрачи со здрав сјај, подготвена да се соочи со предизвиците на секојдневното живеење!
Skin1004 Madagascar Centella Tone Brightening Capsule Ampoule 30ml e ампула (серум) за изедначување на тенот и намалување дамки
Toa e е лесна и негувачка ампула идеална за секојдневна употреба, која нежно го осветлува тенот и ги намалува темните дамки и пигментацијата. Благодарение на уникатната комбинација од 4% ниацинамид, 2% транексамична киселина и патентираниот MADEWHITE™ комплекс инкапсулиран во мали микрокапсули, оваа ампула обезбедува видливи резултати без иритации.
Богата е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Придобивки:
Клучни состојки:
Ампулата има средно лесна текстура што брзо се апсорбира, оставајќи ја кожата сјајна и мазна без лепливост. Технологијата Oil-in-Water Gel обезбедува длабинска и долготрајна хидратација со секоја капка.
Погодна за нормална, комбинирана и чувствителна кожа, оваа ампула е совршено решение за оние што сакаат да го избалансираат тенот, да ја намалат пигментацијата и да постигнат природно сјајна и блескава кожа.
Начин на употреба: Нанеси со пипета соодветна количина од ампулата на чиста и тонирана кожа. Рамномерно распредели и нежно тапкај со прстите за подобра апсорпција.
SKIN1004 Madagascar Centella Ampoule 100ml е најпознатиот производ на брендот SKIN1004.
Оваа иконична ампула (серум) која содржи 100% чист екстракт од азиска центела добиена од еколошки чистиот регион на Мадагаскар. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата. Овој екстракт бидејќи содржи неколку пати повеќе активни смирувачки состојки има помоќно дејство во споредба со обичната центела. Ампулата е дизајнирана да го врати нарушениот баланс на кожата предизвикан од агресивни надворешни фактори, обезбедувајќи моментално смирување и неверојатно чувство на комфор.
Со лесна и брзоапсорбирачка текстура, овој корејски серум длабоко ја хидрира кожата без да остави леплив финиш. Тој интензивно работи на зајакнување на заштитниот слој (бариерата) на кожата, ја обновува оштетената кожа и делува антиоксидантно. Редовната употреба помага да се балансира рамнотежата помеѓу маснотијата и влажноста, што резултира со поздрав, поизедначен и сјаен тен.
SKIN1004 Centella Ampoule е наменет за сите типови кожа, а особено е препорачлив за чувствителна, реактивна и сува кожа која бара длабока хидратација и ефикасно смирување на црвенилото и иритацијата. Идеален е за оние кои бараат чист, природен производ со минималистичка формула и една главна состојка која е докажана за обновување на кожата и намалување на воспалението.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од ампулата на дланка, а потоа рамномерно нанесете ја на исчистената кожа на лицето по употребата на тонер. Нежно тапкајте ја кожата со врвовите на прстите за да се поттикне целосна апсорпција на производот. Користете ја наутро и навечер.