1.590 ден
1.590 ден
Ќе ви ја откриеме тјната на беспрекорната кожа што зрачи со посебен сјај. Тоа е Anti-Aging Moisturizer L-22, навлажнувач на популрниот американски бренд YEOUTH.
Формулиран е со патентираниот липиден комплекс L22 кој интензивно ја подобрува заштитната бариера на кожата, кожата ја штити од надворешните штетни влијанија, исто така помага да се спречи губењето на влажноста и да се задржи хидратацијата. Помага видливо да се подобри изгледот на фините линии, брчките и да се подобри цврстината и еластичноста на кожата. Ја прави кожата свежа, полна, поцврста и затегната.
Формулата на овој навлажнувач е надополнета со измазнувачки и омекнувачки состојки како што се шиа путер, масло од јојоба и масло од макадамија.
Што го прави овој навлажнувач посебен?
▪️ Интензивно ja навлажнува и храни кожата
▪️ Го изедначува тенот и ја измазнува текстурата на кожата
▪️ Ја спречува појавата на фини линии и брчки
▪️ Одржува оптимално ниво на влажност во текот на целиот ден
▪️ Целокупно го подобрува изгледот на кожата и допринесува за помладешки изглед
▪️ Безбеден е за сите типови кожа, а посебно се препорачува за сува кожа
▪️ Не содржи никакви штетни или контроверзни состојки
▪️ Дава загарантирани резултати
Клучни состојки:
▪️ Шеа путерот има навлажнувачкo и заздравувачко дејство врз кожата. Природните масни киселини кои ги содржи помагаат да се постигне помазна текстура и порамномерен тен на кожата, истовремено помагаат да се намалат хиперпигментацијата и лузните.
▪️ Маслото од јојоба и маслото од макадамија се богати со хранливи материи и ја навлажнуваат кожата. Тие обезбедуваат долготрајна, длабинска хидратација додека ја негуваат и заштитуваат кожата. Поради нивните интензивни навлажнувачки својства брзо ја враќаат еластичноста на кожата и ги намалуваат фините линии и брчките.
Сега можете да им кажете збогум на темните кругови околу очите. Резултатите зборуваат сами за себе.
Формулата која ефикасно ги намалува темните кругови околу очите, е надополнета со најмоќните пептиди, SYN®-COLL или Palmitoyl Tripeptide-5 и Acetyl Hexapeptide-8 за ефикасно антиејџ дејство и видливо целокупно подобрување на кожата околу очите.
Содржи уникатна мешавина на активни состојки (витамин Ц, ферулинска киселина, сладок корен и камилица) и ја вклучува најнова технологија за разубавување на очите за намалување на темните кругови и вреќичките околу очите.
Meiview™ е активна состојка добиена од микроорганизам кој живее во халофитни растенија. Со подобрување на меѓуклеточните споеви, преку плакоглобинот (PKG), Meiview™ го зголемува и поттикнува производството на колаген I, насочено кон спречување на губење на еластичноста и ја прави кожата помазна и поцврста. Исто така, ја подобрува микроциркулацијата со намалување на васкуларниот ендотелен фактор на раст (VEGF), што го прави совршен за брчки и вреќички во пределот околу очите.
Клинички е докажано дека хексилрезорцинолот e четири пати поефикасен од хидрохинонот во осветлувањето на кожата. Помага да се минимизира појавата на темни кругови под очите.
Стабилизираниот витамин Ц ги осветлува темните кругови, а екстрактот од сладок корен е насочен кон хиперпигментацијата. Камилицата екстрахирана со CO2 ја смирува деликатната кожа.
Не содржи парабени, силикони, PEG, SLS, SLES и минерални масла. Производот е вегански и cruelty fre