Кошничка 0 x

Product

Yeouth Anti-Aging Moisturizer L-22 30ml

1.950 ден 1.599 ден

Ќе ви ја откриеме тјната на беспрекорната кожа што зрачи со посебен сјај. Тоа е Anti-Aging Moisturizer L-22, навлажнувач на популрниот американски бренд YEOUTH.

Формулиран е со патентираниот липиден комплекс L22 кој интензивно ја подобрува заштитната бариера на кожата, кожата ја штити од надворешните штетни влијанија, исто така помага да се спречи губењето на влажноста и да се задржи хидратацијата. Помага видливо да се подобри изгледот на фините линии, брчките и да се подобри цврстината и еластичноста на кожата. Ја прави кожата свежа, полна, поцврста и затегната.

Формулата на овој навлажнувач е надополнета со измазнувачки и омекнувачки состојки како што се шиа путер, масло од јојоба и масло од макадамија.

Што го прави овој навлажнувач посебен?
▪️ Интензивно ja навлажнува и храни кожата
▪️ Го изедначува тенот и ја измазнува текстурата на кожата
▪️ Ја спречува појавата на фини линии и брчки
▪️ Одржува оптимално ниво на влажност во текот на целиот ден
▪️ Целокупно го подобрува изгледот на кожата и допринесува за помладешки изглед
▪️ Безбеден е за сите типови кожа, а посебно се препорачува за сува кожа
▪️ Не содржи никакви штетни или контроверзни состојки
▪️ Дава загарантирани резултати

Клучни состојки:
▪️ Шеа путерот има навлажнувачкo и заздравувачко дејство врз кожата. Природните масни киселини кои ги содржи помагаат да се постигне помазна текстура и порамномерен тен на кожата, истовремено помагаат да се намалат хиперпигментацијата и лузните.
▪️ Маслото од јојоба и маслото од макадамија се богати со хранливи материи и ја навлажнуваат кожата. Тие обезбедуваат долготрајна, длабинска хидратација додека ја негуваат и заштитуваат кожата. Поради нивните интензивни навлажнувачки својства брзо ја враќаат еластичноста на кожата и ги намалуваат фините линии и брчките.

Достапност: Има залиха
Сподели на:
Тип: Бренд:

Yeouth Anti-Aging Moisturizer L-22 30ml

1.950 ден 1.599 ден