-
MATRIGEN Lipo Exosome Aboslute Cream 30ml
1.890 денMatrigen Lipo Exosome Absolute Cream е крем кој внесува револуција во антиејџ негата.
Тоа е иновативен професионален крем за лице, дизајниран како брзо решение за сува и дехидрирана кожа и кожа која ја изгубила својата еластичност. Овој крем користи напредна липо-егзозомска технологија за да испорача моќни активни состојки длабоко во кожата, обезбедувајќи интензивна хидратација, затегнување и неодолив природен сјај без лепливо чувство.
Ова е идеалното решение за ревитализација на уморна кожа, враќајќи ѝ ја свежината и мазноста. Кремот делува двојно, ја надополнува влажноста во кожата и создава заштитна бариера која спречува нејзино губење, додека истовремено работи интензивно на подобрување на текстурата и еластичноста.
Клучните состојки на овој крем се екстракт од култура на калус од Leontopodium Alpinum (еделвајс, алпски цвет) во висока концентрација од 6,500ppm, хидролизиран колаген, екстракт од плод на Acacia Concinna, ниацинамид и аденозин. Оваа моќна комбинација овозможува комотно да се прилагоди на кожата, брзо да се апсорбира и да формира хидратантен „glow“ ефект.
Што се егзозоми и зошто се иднината на Anti-Age негата? Замислете ги егзозомите како интелигентни „микро-курири“ кои носат витални пораки за регенерација длабоко во вашата кожа, таму каде што обичните креми не можат да стигнат. Тие не делуваат само површински, туку директно комуницираат со вашите клетки, давајќи им сигнал да се „разбудат“ и повторно да почнат интензивно да произведуваат сопствен колаген и еластин. Оваа напредна технологија овозможува вистинско подмладување одвнатре-нанадвор, резултирајќи со кожа која е видливо позатегната, помазна и со обновен, младешки сјај.
Светло розовата кремаста текстура нуди освежувачко чувство при нанесувањето, правејќи ја кожата инстантно мека, мазна и сјајна.
Зошто да го изберете Matrigen Lipo Exosome Absolute Cream?
Овој крем е дел од напредната линија на Matrigen која ја комбинира науката за егзозомите со врвни растителни екстракти. Неговата главна предност е способноста да ја трансформира грубата кожа во свиленкаста и блескава површина.
Комплекс од моќни состојки за целосна нега:
- Екстрактот од култура на Leontopodium Alpinum Callus е застапен со висока концентрација од 6,500ppm. Добиен е од матични клетки на алпскиот цвет Еделвајс и е извор на егзозоми (Phyto-Exosomes) во кремот. Делува како моќен антиоксиданс кој помага во зајакнување на кожната бариера, подобрување на еластичноста и борба против знаците на стареење.
- Екстракт од плод на Acacia Concinna е состојка која помага во нежно отстранување на мртвите клетки и нечистотии од кожата, одржувајќи ја чиста и овозможувајќи ѝ подобро да ја задржи влагата и еластичноста.
- Хидролизираниот колаген навлегува длабоко во дермисот за да ја подобри структурата на кожата, давајќи ѝ полн и затегнат изглед.
- Ниацинамидот е состојка за осветлување која го изедначува тенот и ја подобрува текстурата на порите.
- Аденозининот е функционална состојка која докажано помага во намалување на брчките и фините линии.
Овој производ е идеален за оние кои:
- Сакаат интензивно да ја хидрираат грубата и сува кожа.
- Бараат решение за враќање на еластичноста на слабата и опуштена кожа.
- Сакаат производ кој ја прави кожата хидрирана, мазна и со природен сјај (glow effect).
Начин на употреба: Како последен чекор во вашата рутина за нега на кожата (наутро и навечер), земете соодветна количина од кремот. Нанесете го рамномерно на целото лице и нежно масирајте или тапкајте додека целосно не се апсорбира. Неговата формула брзо се впива и не остава лепливи траги, што го прави одличен и како подлога за шминка.
Со Matrigen Lipo Exosome Absolute Cream, вашата кожа ќе зрачи со здравје, ќе биде затегната и длабински нахранета!
-
MATRIGEN LipoExosome B-Archive Complex 10ml
1.890 денMatrigen Lipo Exosome B-Archive Complex е моќна есенција за затегнување на кожата и обнова на бариерата на кожата.
Оваа есенција (серум) пружа длабинска нега и го враќа младешкиот сјај на кожата. Овој револуционерен производ помага во интензивно производство на колаген и еластин во опуштената и слаба кожа, нудејќи брзо решение за затегнување и ревитализација.
Тоа е високо концентриран професионален серум кој ја користи најновата технологија на егзозоми и микрогранули од церамиди (ceramide beads) за да испорача витални хранливи материи и хидратација длабоко во дермисот. Неговата посебна карактеристика е комбинавијата на егзозоми и микрогранули од церамиди, која е дизајнирана да ја зајакне кожната бариера и ефикасно да спречи губење на влажноста, додека истовремено работи на намалување на брчките.
Што се Егзозоми и зошто се иднината на Anti-Age негата? Замислете ги егзозомите како интелигентни „микро-курири“ кои носат витални пораки за регенерација длабоко во вашата кожа, таму каде што обичните креми не можат да стигнат. Тие не делуваат само површински, туку директно комуницираат со вашите клетки, давајќи им сигнал да се „разбудат“ и повторно да почнат интензивно да произведуваат сопствен колаген и еластин. Оваа напредна технологија овозможува вистинско подмладување одвнатре-нанадвор, резултирајќи со кожа која е видливо позатегната, помазна и со обновен, младешки сјај.
Оваа напредна формула содржи супериорни состојки за максимална нега на зрела кожа:
- Екстракт од култура на калус од Leontopodium Alpinum (Еделвајс), кој е извор на егзозоми, обезбедува ефект на смирување, избелување, заштита и помага во спречување на стареењето на кожата.
- PDRN (Poly Deoxy Ribo Nucleotide) е парче ДНК извлечено од сперма на лосос, слично по структура на човечката ДНК, кое помага за зајакнување на кожната бариера и обезбедува влажност и исхрана. PDRN исто така промовира синтеза на колаген и помага во регенерација на ткивото.
- Церамид NP (Ceramide NP) спречува губење на влажноста од кожата, ја зајакнува кожната бариера и помага во подобрување на брчките. Тие се клучот за цврста и хидрирана кожа. Тие се природни липиди (масти) кои сочинуваат над 50% од заштитната бариера на вашата кожа. Нивната функција е како „малтер“ што ги држи заедно клетките на кожата, спречувајќи го губењето на влагата и бранејќи ја кожата од надворешни иританси и загадување. Со стареењето или при оштетување, нивото на церамиди опаѓа, што доведува до сувост, чувствителност и црвенило. Козметиката со церамиди ја обновува оваа бариера, обезбедувајќи долготрајна хидратација, ја смирува иритацијата и ја прави кожата цврста, мека и отпорна.
- Седум видови на пептиди помагаат за зацврстување на кожата, зајакнување на бариерата, активирање на циркулацијата и спречување на оксидативниот стрес, што резултира со здрава и затегната кожа.
- Течност од хумани матични клетки (Human Stem Cell Conditioned Media) помага во подобрување на брчките, хидрира, избелува и има смирувачки ефект, а богато е со фактори на раст.
За кого е наменет Matrigen Lipo Exosome B-Archive Complex? Наменет е за оние кои сакаат:
- Да ја зацврстат опуштената кожа и да ѝ ја вратат еластичноста.
- Да ја обноват грубата кожа која има потреба од специјална нега.
- Да се справат со брчките на лицето, вклучувајќи ги линиите околу очите, вратот и назолабијалните брчки.
- Длабински да ја исполнат својата кожа со хранливи материи и да го подобрат сјајот.
- Да обезбедат интензивна нега за линиите на кожата и работи на подобрување на густината на кожата, давајќи ѝ блескав и сјаен тен.
Начин на користење: Користете го Matrigen Lipo Exosome B-Archive Complex по чистење и тонирање на лицето, пред нанесување крем. Отворете го капачето. Одвртете го осигурувачот на задниот дел од контејнерот во насока на стрелките на часовникот и притиснете го копчето. Нанесете соодветна количина на критичните зони со брчки, околу очите, назолабијалните брички и брчките на вратот. Лесно тапкајте со врвовите на прстите додека серумот целосно не се апсорбира.
Со Matrigen Lipo Exosome B-Archive Complex откријте ја тајната за цврста кожна бариера и младешки сјај!
-
MATRIGEN Lipoexosome Prickle Permeate Cream 50ml
2.390 денMATRIGEN Lipoexosome Prickle Permeate Cream е иновативен крем кој ја носи козметиката на иднината директно во вашата рутина, овозможувајќи им на активните состојки да навлезат длабоко во кожата. Овој третман користи напредна технологија со спикули и липоегзозоми кои делуваат како прецизен систем за транспорт, обезбедувајќи максимална апсорпција на клучните хранливи материи. Текстурата е исклучително мека и хидратантна, не остава лепливо чувство и брзо се впива, оставајќи ја кожата здрава, мазна и видливо обновена.
Овој крем нуди решение за оние кои имаат проблеми со опуштена кожа и проширени пори, за оние на кои им е потребна еластичност кај тенка кожа со знаци на стареење, како и за лицата кои бараат ефикасен третман за лузни и неправилности. Производот е идеален за сите кои сакаат професионални анти-ејџ резултати со видлив ефект на подмладување и сјај во домашни услови. Благодарение на својата моќна формула, тој ја враќа цврстината на контурите на лицето и помага во одржување на здрава и чиста кожа. Тоа е крем со кој ќе го почувствувате бенефитот на најиновативните и најефикасни состојки денес преку еден производ, спикули, PDRN со висока конценрација и егзозоми. Покрај тоа содржи и витамин Ц, транексамична киселина, глутатион и арбутин, состојки познати по својата ефиксаност во подобување на тенот и намалување на хиперпигментацијата.
Резултатот е помалку брчки, поцврста контура на лицето, намалени пори и неверојатен сјај!
Додека вообичаените PDRN производи содржат околу 5 000 ppm, нашиот содржи двојно повеќе, 10 000 ppm PDRN! Ова значи многу поголема ефикасност, побрза регенерација и ВИДЛИВ ЕФЕКТ на подмладување! PDRN или полидеоксирибонуклеотид, претставува револуционерна биолошки активна состојка која се добива од ДНК на лосос и е високо ценета во естетската медицина и козметологија. Оваа ДНК има структура компатибилна на човечката, што ја прави исклучително ефикасна за регенерација на ткивата. PDRN ѝ помага на кожата првенствено со забрзување на процесот на обновување на клетките, значително го намалува воспалението, ја подобрува еластичноста и хидратацијата, и има силен антиејџ ефект преку интензивно стимулирање на производството на колаген и еластин.
Спикулите се микроскопски иглички добиени од хидролизиран морски сунѓер, кои делуваат како „природен микронидлинг“ без употреба на апарат. Кога ќе ја нанесете кремата, овие невидливи иглички навлегуваат во површинскиот слој на кожата и таму оставаат микро-канали, кои овозможуваат активните состојки како PDRN или витамините да се апсорбираат многу подлабоко и побрзо. Тие помагаат за побрза регенерација, го стимулираат природното обновување на клетките, ја подобруваат текстура и ги намалуваат лузните и проширените пори.
Eгзозомите претставуваат високософистициран систем за транспорт на активни состојки. Егзозомите се микроскопски меурчиња или гласници, кои клетките природно ги ослободуваат за да комуницираат меѓу себе. Тие носат важни протеини и хранливи материи за регенерација.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
- Овозможува природен „микронидлинг“ ефект кој ги отвора микро-каналите во кожата за да продрат активните состојки, а и самиот процес го стимулира создавањето на колаген и еластин.
- Интензивно го забрзува процесот на регенерација и обновување на клетките.
- Видливо ги намалува порите, лузните и фините линии.
- Ја подобрува еластичноста и ја зацврстува бариерата на кожата.
- Обезбедува длабинска хидратација и долготрајно задржување на влагата.
- Го изедначува тенот и помага во намалување на хиперпигментацијата.
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
- Спикулите се микроскопски иглички од морски сунѓер кои отвараат микроканалчиња во кожата и овозможуваат активните состојки да навлезат подлабоко и побрзо.
- Липоегзозомите (Егзозоми + Липозоми) се софистицирани микро-меурчиња кои ги доставуваат активните состојки како PDRN и пептиди директно до клетките кои имаат потреба од обнова.
- PDRN (10,000 ppm) е револуционерна состојка за брза регенерација, хидратација и силен анти-ејџ ефект.
- Ниацинамидот и аденозинот имаат двојна функционалност за осветлување на тенот и подобрување на еластичноста.
- Шиа путерот обезбедува моќен навланувачки ефект и ја штити кожата од иритација.
- Хидролизираниот колаген ја подобрува еластичноста и ја зголемува густината на кожата.
- 7-те видови пептиди и бакучиолот го активираат клеточниот циклус и го поттикнуваат природното производство на еластин.
- Глутатионот, транексамичната киселина и витаминот Ц прават комплекс за неверојатен сјај и борба против пигментацијата.
Начин на употреба: Како последен чекор од вечерната рутина за нега, нанесете соодветна количина од кремот на исчистено лице и рамномерно распоредете го. Следното утро, исчистете ја кожата со тупфер или соодветно средство за чистење. Се препорачува за вечерна употреба за да се овозможи максимална регенерација во текот на ноќта.
-
MATRIGEN Lissom Soothing Gel 200ml
1.290 денMatrigen Lissom Soothing Gel е повеќенаменски смирувачки гел дизајниран за инстантна хидратација и регенерација на кожата. Овој производ се издвојува по својата лесна, гел текстура која моментално го лади лицето и телото, продирајќи длабоко без да остави леплив финиш. Формулиран е да го врати нивото на влажност кај екстремно сувата или дехидрирана кожа и да ја заштити од надворешни иритации. Поради својата нежна природа, гелот е одличен за секојдневна употреба, оставајќи ја кожата мека, освежена и со видливо подобрен тонус.
Овој гел нуди решение за оние со чувствителна и иритирана кожа која лесно се зацрвенува, за лица со дехидрирана кожа на кои им е потребна интензивна хидратација, како и за смирување по изложување на сонце или козметички третмани. Производот е идеален за сите типови кожа и може да се користи на лицето и целото тело каде и да се чувствува затегнатост или непријатност. Благодарение на својата смирувачка моќ, тој е совршен сопатник во летниот период или како хидратантна база за секој ден.
Гвајазуленот (Guaiazulene) во комбинација со азиската центела се клучните носечки елементи во оваа формула. Гвајазуленот, познат по својата природна сина боја, има моќни антиинфламаторни својства кои моментално ги смируваат воспаленијата и помагаат во регенерација на оштетените клетки, додека центелата ја забрзува обновата и ја зајакнува кожната бариера.
Формулата е некомедогена и може да се употребува кај кожа склона кон акни.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
- Моментално ја лади и смирува иритираната и чувствителна кожа.
- Обезбедува длабинска хидратација и го спречува лупењето на сувата кожа.
- Помага во побрзо заздравување на кожата по изложеност на сонце.
- Ја подобрува еластичноста и мекоста на лицето и телото.
- Формира лесен заштитен слој кој ја задржува влагата.
- Нежна формула која не предизвикува иритации и брзо се апсорбира.
- Има некомедогена формула која не предизвикува акни.
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
- Гвајазуленот е растителна компонента која интензивно смирува и помага кај изгореници и црвенила.
- Екстракт од азиска центела го поттикнува заздравувањето и ја регенерира кожата.
- Екстракт од малахит делува како силен антиоксиданс кој го штити лицето од оксидативен стрес.
- Хијалуронската киселина привлекува и задржува големо количество влага во клетките.
- Екстракт од мед ја храни кожата со витамини и делува како природен навлажнувач.
- Пантенолот и алантоинот обезбедуваат дополнителна заштита и омекнување на грубата кожа.
- Екстрактот од Portulaca Oleracea (тушт) помага во намалување на чешањето и иритациите.
Начин на употреба: По чистење на кожата, нанесете соодветна количина од гелот на лицето или телото. Распоредете го рамномерно со нежни движења и со врвовите на прстите нежно тапкајте додека производот целосно не се впие. Овој гел може да биде последен чекор ако имате мрсна или комбинирана кожа, особено во текот на летото. Неговата лесна текстура е доволна за да ја хидрира кожата без да ги затне порите или да предизвика дополнително мастење. Во овој случај, тој ја игра улогата на лесен хидратантен крем. Ако имате сува или дехидрирана кожа, овој гел е најдобро да се користи како „подлога“ за влажност. Геловите на база на вода брзо се впиваат, но на сувата кожа и се потребни и масти (липиди) за да ја „заклучат“ таа влага. Во овој сличај нанесете го гелот за да ја натопите кожата со влага, почекајте 1-2 минути да се впие, нанесете го вашиот вообичаен хидратантен крем за да создадете заштитна бариера. Може да се нанесува во подебел слој како смирувачка маска во итни ситуации. Доколку кожата ви е изгорена од сонце или иритирана по третман (како депилација или пилинг), нанесете го во подебел слој како маска. Оставете го да делува 10-15 минути. Она што кожата нема да го впие, можете нежно да го избришете со памук или да го вмасирате.За дополнителен ефект на ладење, чувајте го производот во фрижидер.
-
MEDICUBE Collagen Jelly Cream 110ml
1.990 денOriginal price was: 1.990 ден.1.891 денCurrent price is: 1.891 ден. -
MEDICUBE Collagen Jelly Cream 50ml
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.959 денCurrent price is: 959 ден.Medicube Collagen Jelly Cream е иновативен корејски производ во вид на гел-крем за нега на лицето формулиран за интензивна хидратација, подобрување на еластичноста и постигнување на природен сјај. Со уникатна гел-структура, кремата содржи freeze-dried хидролизиран колаген и ниацинамид, со цел да ја зајакне кожната бариера и да обезбеди ефект на затегната, сјајна кожа што трае 24 часа.
Овој производ е наменет за подобрување на нерамномерен тен и враќање на изедначен, светол изглед. По нанесување, кожата добива ефект на таканаречен “glass skin” – полирана, мазна и визуелно помлада. Формулата е дерматолошки тестирана, ниско иритирачка, без силикони и вештачки бои, со балансиран pH помеѓу 5.69 и 7.69.
Клучните состојки вклучуваат хидролизиран колаген кој овозможува подобра апсорпција и придонесува за подобрување на цврстината и еластичноста на кожата, како и ниацинамид (витамин B3) кој го зајакнува хидратацискиот капацитет на кожата и ја подобрува нејзината текстура.
Според клинички резултати, еластичноста на кожата се подобрува за 1.793%, а видливата опуштеност се намалува за 2.488% само 24 часа по употреба.
Начин на употреба: Нанесете количина колку еден орев на чиста кожа на лицето и деколтето, наутро и навечер, по серумот што одговара на вашите индивидуални потреби.
-
MEDICUBE Deep Vita C Capsule Cream 55g
2.290 денOriginal price was: 2.290 ден.1.695 денCurrent price is: 1.695 ден.Medicube Deep Vita C Capsule Cream, крем со стабилизиран витамин C и ниацинамид
Medicube Deep Vita C Capsule Cream е иновативен кремсо витамин C формулиран за да ја изедначи бојата на кожата, да ги намали пигментираните дамки и да ја направи кожата посветла и поеластична. Благодарение на стабилизираниот витамин C во капсули, обезбедува ефективна антиоксидантна заштита и подобрување на тенот.
Двојната текстура комбинира лесен гел со видливи капсули кои се активираат при нанесување. Може да ја приспособите количината на витамин C според потребите на вашата кожа, идеално за персонализирана нега.
Клучни придобивки:
- Осветлување и изедначување на тенот – Витаминот C и ниацинамидот помагаат во намалување на темни дамки и подобрување на сјајот на кожата.
- Антиоксидантна заштита – Екстрактот од морски клек и витамин Е штитат од оштетувања предизвикани од околината и предвремено стареење.
- Интензивна хидратација и омекнување – Формулата навлажнува длабински и остава кадифена текстура на кожата.
- Ниска иритација – Дерматолошки тестиран производ погоден и за чувствителна кожа.
Начин на употреба:
- Исчистете ја кожата, Отстранете ги нечистотиите и вишок себум со соодветен чистач.
- Измешајте гелот со капсулите. Земете мала количина и адаптирајте ја дозата на капсули според вашите потреби.
- Нанесете и масирајте. Со кружни движења масирајте додека целосно не се апсорбира.
- Користете SPF преку ден. При употреба наутро, задолжително нанесете заштитен фактор за дополнителна заштита.
- За најдобри резултати, користете ја кремата двапати дневно, наутро и навечер.
-
Meisani Jojo-Avo Melting Butter Cream 50ml
1.790 денКремот Jojo-Avo Melting Butter Cream навистина го оправдува своето име, нудејќи луксузно богата и кремаста текстура која без напор се топи во кожата, притоа оставајќи чувство на длабока хидратација и нега. Формулиран со висока концентрација на вода од центела (Cica water), позната по нејзините смирувачки својства, заедно со растителни липиди и хијалуронска киселина кои го зајакнуваат заштитниот бариер на кожата, овој крем е идеален за сите типови кожа, особено за комбинирана до сува кожа. Неговата богата формула без напор се впива во кожата, обезбедувајќи раскошно чувство за чувствителна кожа или за оние кои имаат потреба од дополнителна нега за време на постудени месеци, по патување со авион, во суви клими или при користење ретинол во нивната рутина за нега на кожа. Универзален и погоден за користење во кое било време од денот и во текот на целата година, Jojo-Avo Melting Butter Cream нуди луксузно искуство на хидратација за максимална удобност и виталност на вашата кожа.
-
Meisani Niacinamide Cucumber Aqua Gel Cream MINI 15ml
490 денХидратантниот крем за лице на Meisani се одликува со ултралесна гел-текстура, благодарение на високата концентрација на освежителна вода од краставица и премиум активни состојки за хидратација. Дизајниран за да помогне во задржување на влагата во кожата и да поттикне здрав изглед на тенот, оваа формула е збогатена со клучни компоненти за подобрување на вашата рутина за нега на кожата.
Глицеринот, моќен хумектант, ја привлекува влагата во дермисот и епидермисот, надополнувајќи ги и враќајќи ги нивоата на хидратација на кожата. Ниацинамидот, познат и како витамин Б3, ефикасно ја хидрира и смирува кожата, го регулира производството на себум и ги осветлува темните дамки. Хијалуронската киселина ја задржува влагата во клетките на кожата, обезбедувајќи свеж, полн изглед.
Церамидите играат клучна улога во зајакнување на бариерата на кожата и подобрување на хидратацијата, додека екстрактот од гарденија, добиен преку ферментација, нуди исклучителни анти-старечки придобивки и додава суптилен синкаст пигмент на гел-кремот.
Совршен за топли климатски услови и погоден за мрсна и кожа склона кон акни, овој немасен хидратантен крем лесно се апсорбира и обезбедува речиси целосно хидратација без масло, гарантирајќи пријатно и хранливо искуство за вашата кожа.
-
MISSHA Time Revolution Immortal Youth Cream 2X 50ml
2.890 денOriginal price was: 2.890 ден.2.601 денCurrent price is: 2.601 ден.MISSHA Time Revolution Immortal Youth Cream 2X е богата anti-aging крема наменета за зрела, сува и уморна кожа. Формулата помага во интензивна хидратација, подобрување на еластичноста и зацврстување на кожата, оставајќи ја помека, помазна и посвежа.
Придобивки:
- Интензивно ја хидрира и негува кожата
- Помага во подобрување на еластичноста
- Дава поцврст и помазен изглед
- Помага во намалување на видливоста на фини линии
- Ја прави кожата мека, нахранета и посјајна
- Погодна за anti-aging рутина
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина на чисто лице како последен чекор од рутината за нега. Нежно распоредете ја кремата по лицето и вратот и тапкајте додека целосно не се впие. Користете наутро и навечер.
-
MISSHA Time Revolution Night Repair Ampoule Cream 5X 50ml
2.500 денOriginal price was: 2.500 ден.2.250 денCurrent price is: 2.250 ден. -
Numbuzin No.9 NAD Retinol Volumetox Eye Cream 10ml
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.999 денCurrent price is: 999 ден.Опис на производот:
Numbuzin No.9 NAD Retinol Volumetox Eye Cream 10ml е корејска крема за нега на пределот околу очите, создадена за кожа со фини линии, брчки, темни кругови, подочници, намалена еластичност и уморен изглед.Формулата комбинира NAD+, ретинол и 50 видови пептиди за поддршка на поцврст, помазен и повитален изглед на кожата. Ниацинамидот помага пределот околу очите да изгледа посветол и посвеж, додека Ceramide NP, Hyaluronic Acid и растителните масла придонесуваат за хидратација, мекост и зајакнување на кожната бариера.
Кремата има богата, но лесно впивлива текстура која не остава тежок или мрсен финиш, па може да се користи и во утринска и во вечерна рутина.
Придобивки:
• Помага во намалување на изгледот на фини линии и брчки
• Придонесува за поцврст и поеластичен изглед на кожата околу очите
• Помага пределот околу очите да изгледа посветло и посвежо
• Погодна е за темни кругови, подочници и уморен изглед
• Содржи NAD+, ретинол и 50 видови пептиди за anti-aging нега
• Ја хидрира и омекнува деликатната кожа околу очите
• Ја поддржува кожната бариера со церамид и хранливи масла
• Има текстура што добро се впива и може да се користи под шминкаНачин на употреба:
Отклучете го апликаторот со вртење на долниот дел. Притиснете 1–2 пати за да извадите мала количина од производот. Нанесете околу пределот под очите, надворешните агли и очните капаци, а потоа нежно тапкајте со домалиот прст додека целосно не се впие. Не тријте агресивно, особено ако пределот околу очите е чувствителен.Може да се користи наутро и навечер. Доколку првпат користите ретинол или имате чувствителна кожа, започнете со употреба неколку пати неделно, најдобро навечер. Во утринска рутина задолжително нанесете SPF заштита.
-
Ondo Beauty 36.5 Retinol & Ginseng Youth Preserving Treatment 50ml
2.100 денOndo Beauty 36.5 Retinol & Ginseng Youth Preserving Treatment e моќен антиејџ крем.
Надградете ја вашата рутина за нега на кожа со Ondo Beauty 36.5 Retinol & Ginseng Youth Preserving Treatment, луксузен крем специјално формулиран за лице, врат и деколте. Овој напреден третман ефикасно се справува со хидратацијата, еластичноста, фините линии и хиперпигментацијата и обезбедува младешки и свеж изглед на кожата.
Клучни придобивки:
- Ја подобрува цврстината и еластичноста на кожата. Збогатен е со 2% пептиден комплекс кој го поттикнува производството на колаген и еластина.
- Содржи 0.05% ретинол, познат по својата способност да го обновува колагенот и да ја мазни кожата.
- Пружа интензивно навлажнување благодарение на 3% шиа путери ја остава кожата мека и нахранета.
- Го изедначува тенот благодарение на комбинацијата од ниацинамид и екстракт од женшен. Ја осветлува кожата и ги намалува темните дамки.
- Пружа антиоксидантна заштита. Екстрактот од женшен ја штити кожата од слободните радикали и надворешните штетни влијанија.
Начин на употреба: Нанесете тенок слој од кремот на чисто лице, врат и деколте како дел од вечерната рутина. Користете го 1-2 пати неделно и постепено зголемувајте ја фреквенцијата додека кожата не се адаптира. Потоа може да го користите секоја вечер.
- Совет за заштита од сонце: Поради содржината на ретинол, задолжително нанесете заштита од сонце во текот на денот за да ја заштитите кожата од UV зраците.
- Зошто да го изберете Ondo Beauty 36.5 Retinol & Ginseng Youth Preserving Treatment?
- Пружа сеопфатна антиејџ нега бидејќи е дизајниран да се справи со сите аспекти на стареењето, од дехидрација и недостаток на еластичност до хиперпигментација и брчки.
- Нежен е за кожата, дерматолошки тестиран и погоден за чувствителна кожа.
- Направен е од природни состојки, со минимално присуство на мириси. Формулата е базирана на есенцијални масла за пријатно искуство.
Состојки што прават разлика:
• Ретинолот (0.05%) ја стимулира регенерацијата на клетките и го подобрува изгледот на кожата.
• Пептидниот комплекс (2%) ги намалува видливите знаци на стареење и ги измазнува брчките и фините линии.
• Ниацинамидот го изедначува тенот и ја зајакнува кожната бариера.
• Екстракт од женшен е природен антиоксидант што ја заштитува кожата од оштетувања.Совет за складирање: Чувајте го производот на ладно и суво место, подалеку од директна сончева светлина, за да ја зачувате ефикасноста на активните состојки.
Откријте ја тајната на младешката кожа со антиејџ негата со Ondo Beauty 36.5 Retinol & Ginseng Youth Preserving Treatment.