-
BEARDBURYS Essentials Facial Kit (Hydra Refresh Facial Mist 120ml + Multiactive Facial Elixir 50ml + After Shave 120ml)
2.683 денOriginal price was: 2.683 ден.1.610 денCurrent price is: 1.610 ден.Beardburys Essentials Facial Kit: Комплет за совршена машка нега на лице
Подобрете ја вашата дневна рутина со Beardburys Essentials Facial Kit – комплет специјално дизајниран за мажи кои ценат ефикасност и квалитет. Овој сет содржи три висококвалитетни производи кои обезбедуваат целосна нега на кожата на лицето, од освежување и хидратација до смирување по бричење.
Содржина на комплетот:
- Hydra Refresh Facial Mist (120ml): Тоник кој веднаш ја освежува и хидрира кожата, одржувајќи ја хидрирана во текот на целиот ден.
- Multiactive Facial Elixir (50ml): 24-часовен хидратантен крем кој длабоко ја хидрира кожата без да остави тежок или мрсен слој, намалувајќи ги знаците на замор и стареење.
- After Shave (120ml): Лесна, нелеплива формула која ја смирува и негува кожата по бричење, обезбедувајќи регенерација и заштита, со чувство на свежина во текот на целиот ден.
Клучни придобивки:
- Ефикасна рутина: Три чекори за целосна нега на лицето, идеални за мажи со динамичен начин на живот.
- Освежување и хидратација: Производите обезбедуваат длабинска хидратација и освежување, одржувајќи ја кожата здрава и еластична.
- Смирување по бричење: After Shave формулата ја смирува иритираната кожа, спречувајќи црвенило и непријатност.
Beardburys е бренд со меѓународно признание, добитник на престижни награди како Pure Beauty Global Awards Winner 2018 и 2020, како и Barberías Con Encanto – The Best 2018.
Подигнете ја вашата нега на повисоко ниво со Beardburys Essentials Facial Kit.
Забелешка: За најдобри резултати, користете ги производите според препораките на производителот.
-
-
FAU Shiny Pumpkin Travel Kit (foam toner 30ml, essence 15ml, cream 10g)
1.490 денОвој практичен мини сет од брендот FAU содржи три производи со екстракт од тиква и моќни активни состојки, дизајнирани да ја обноват, навлажнат и зацврстат кожата. Идеален за патување или пробно користење, сетот ги комбинира предностите на есенции, серуми и креми за комплетна анти-ејџ нега и интензивна хидратација.
Сетот вклучува:
-
Shiny Pumpkin Amino Therapy (30ml) – Ампула со екстракт од тиква, аминокиселини, соја протеин и хијалуронска киселина за смирување, еластичност и интензивна нега.
-
Shiny Pumpkin Repair Essence (15ml) – Хидратантна есенција со аминокиселини и тиква, која го зајакнува заштитниот слој на кожата и ѝ дава природен сјај.
-
Shiny Pumpkin Cera Repair Cream (10g) – Крем со 5-церамиден комплекс и ши путер кој ја обновува кожната бариера и ја зголемува цврстината и еластичноста.
Клучни придобивки:
-
Формула против брчки и за изедначување на тенот
-
Високо хидратантно и хранливо дејство
-
Лесно пакување, идеално за патување или како вовед во линијата
-
Подобрување на густината, сјајот и отпорноста на кожата
Активни состојки:
Екстракт од тиква (Cucurbita Pepo), алантоин, ниацинамид, аденозин, ши путер -
-
FAU Skin Solution SOS Travel Kit (toner 20ml, serum 5ml, cream 15g, mask 25g)
1.532 денFAU Skin Solution SOS Travel Kit е комплет за нега на чувствителна и иритирана кожа, идеален за патување или тестирање на производите од линијата. Комплетот содржи мини верзии на четири клучни производи за целосна рутина: тонер, серум, крем и маска. Формулирани со екстракти од центела азиатика, прополис и чајно дрво, овие производи се наменети за смирување на црвенило, хидратација и зајакнување на кожната бариера.
Сетот вклучува:
-
Skin Solution SOS Toner (20ml) – Нежен, тонер со ниска киселост, со 80% центела вода за смирување и нега.
-
Skin Solution SOS Serum (5ml) – Ампула со 70% центела и 10% прополис, идеална за локално третирање на црвенила и акни.
-
Skin Solution SOS Cream (15g) – Калминг крем со 71% алое вера за регенерација и навлажнување на чувствителна кожа.
-
Skin Solution SOS Mask (1 маска) – Ладечка маска што ја намалува температурата на кожата и обезбедува моментално олеснување.
Клучни придобивки:
-
Дерматолошки тестиран за иритирана кожа
-
Хипоалергени формули за чувствителна и проблематична кожа
-
Лесно и безбедно за носење – идеално за патување
-
Природни состојки за хидратација, смирување и заштита на кожата
Активни состојки:
Центела азиатика, прополис, чајно дрво, алое вера, алантоин, камилица, портокалово и лимоново масло -
-
MATRIGEN Absolute LipoExosome + 3 Core Solution Ampoule Combo
7.360 денOriginal price was: 7.360 ден.4.784 денCurrent price is: 4.784 ден. -
MATRIGEN Absolute LipoExosome + Ceramide 100 Duo
4.080 денOriginal price was: 4.080 ден.2.856 денCurrent price is: 2.856 ден. -
MATRIGEN Absolute LipoExosome + Collagen 100 Duo
3.680 денOriginal price was: 3.680 ден.2.576 денCurrent price is: 2.576 ден. -
MATRIGEN Absolute LipoExosome + Hyaluronic Acid 100 Duo
3.380 денOriginal price was: 3.380 ден.2.366 денCurrent price is: 2.366 ден. -
-
-
SKIN1004 Madagascar Centella Ampoule Kit 4x30ml
2.090 денОткријте ја моќта на мултифункционална нега со SKIN1004 Centella Ampoule Kit, сет со 4 најпродавани ампули (серуми) од брендот SKIN1004. Формулирани со внимателно избрани активни состојки, овие мини ампули се идеални за тестирање и носење, нудејќи решенија за смирување, осветлување на темни дамки, нега на акни и намалување на порите. Совршен избор за комбинирана, мрсна, чувствителна и кожа со акни.
Овој сет е идеален начин да ја запознаете вашата кожа со најдоброто од SKIN1004 и да откриете која ампула најмногу ѝ одговара.
Овие ампули се богати се со екстракт мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Centella Ampoule – Иконичната ампула на SKIN1004 содржи 100% екстракт од чиста Centella аsiatica од Мадагаскар, кој содржи 7 пати повеќе активни смирувачки состојки од вообичаената центела. Длабоко ја хидрира кожата, ја смирува иритацијата, го зајакнува заштитниот слој и делува антиоксидантно. Препорачана за чувствителна кожа што бара моментално смирување.
Tone Brightening Capsule Ampoule – Оваа ампула со лесна есенција-гел текстура содржи микро-капсули со патентираната состојка Madewhite™ и 4% ниацинамид. Делува таргетирано против темни дамки и нерамномерен тен, додека 2% транексамичната киселина ја намалува продукцијата на меланин. Формулата е базирана на иновативна oil-in-water гел технологија која овозможува длабинска хидратација без лепливост.
Tea-Trica Relief Ampoule – Формулирана за кожа склона кон акни, оваа ампула комбинира екстракт од чајно дрво (90.000 ppm), екстракт од бор, јаглика и вода од хамамелис за ефективно смирување на воспаленија и намалување на себумот. Anti-Sebum P комплексот ги затегнува порите и ја прочистува кожата. Продуктот е тестиран како некомедоген и безбеден за чувствителна кожа со акни.
Poremizing Fresh Ampoule – Идеална за проширени пори и нерамна текстура, оваа освежувачка ампула содржи хималајска розева сол со 80 минерали за детоксикација на кожата. Комплексот од 9-пептиди поттикнува синтеза на колаген и еластин, додека екстрактот од алое вера (10.000 ppm) смирува и хидрира. Лесната, немасна формула остава чист и свеж финиш без лепливост.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од ампулата на чиста кожа и тапкајте нежно со дланки за подобра апсорпција.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Double Cleansing Duo (Madagascar Centella Light Cleansing Oil 200ml and Madagascar Centella Ampoule Foam 125ml)
2.294 денSKIN1004 Madagascar Centella Double Cleansing Duo е с овршен сет за двојно чистење на лицето
Тоа е супериорен сет кој ги содржи двата клучни чекори за темелно прочистена кожа, маслен чистач и пенлив чистач, Madagascar Centella Light Cleansing Oil и Madagascar Centella Ampoule Foam . Овој метод на двојно чистење е златно правило во корејската козметика за постигнување беспрекорен тен, бидејќи овозможува елиминација на сите видови нечистотии без нарушување на природната бариера на кожата.
Првиот чекор започнува со Madagascar Centella Light Cleansing Oil, неверојатно лесно маслено средство кое делува длабински, растворајќи ги нечистотиите растворлив во масла, како шминката, водоотпорниот крем за сонце и вишокот себум. Комбинира Centella аsiatica и 6 растителни масла за нежно да ги раствори нечистотиите, оставајќи го лицето свежо и со чисти пори. Ја смирува кожата, ја хидрира и нежно ексфолира.
Вториот чекор е Madagascar Centella Ampoule Foam, нежна пена која е чистач на водена база и ја отстранува преостанатата нечистотија како прашина и загадувачи од воздухот. Формулирана е со сурфактанти добиени од кокос и лимонска киселина. Има ниска pH вредност (pH 5). Нежна е кон кожата и темелно ги отстранува нечистотиите без да предизвика чувство на сувост или затегнатост. Збогатенa е со Centella аsiatica и хијалуронска киселина.
Двата производи се збогатени со чист екстракт од Centella Asiatica од Мадагаскар, што гарантира дека кожата ќе остане смирена, хидрирана и мека по секое миење. Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој сет е погоден за сите типови кожа, вклучувајќи ја и најчувствителната кожа, и е идеално решение за спречување на затнати пори, комедони и воспаленија.
Клучни придобивки:
- Овој сет овозможува темелно и длабинско чистење со кое ефикасно се отстрануваат шминката, заштитниот фактор (SPF), вишокот себум и сите надворешни загадувачи.
- Производите имаат нежна формула која не предизвикува иритација на очите и не ја остава кожата со непријатно чувство на затегнатост.
- Високата концентрација на Centella Asiatica во двата производи интензивно ја смирува и ја хидрира кожата уште при самиот процес на миење.
- Маслениот чистач е не-комедоген и помага да се спречи појавата на акни преку чистење на порите одвнатре.
- Пената со ниска pH вредност од 5 помага во одржување на pH рамнотежата и ја штити природната заштитна бариера на кожата.
Клучни состојки:
- Екстрактот од Centella Asiatica претставува клучна состојка која интензивно ја смирува кожата, ефикасно го намалува црвенилото и помага во нејзината регенерација.
- Комплексот од 6 растителни масла, меѓу кои сончогледово, маслиново, јојоба и бергамот, нежно ја раствораат нечистотијата во маслениот чистач додека истовремено ја негуваат кожата.
- Природните сурфактанти добиени од кокос во пената за лице создаваат богата структура која темелно чисти без агресивно да ги одзема природните масла на кожата.
- Натриум хијалуронат, односно хијалуронската киселина, има задача да ја задржи неопходната влажност во кожата по завршување на процесот на чистење.
- Лимонската киселина (Citric Acid) помага во нежно балансирање на pH вредноста на кожата и овозможува многу блага ексфолијација.
Начин на употреба:
-
Чекор 1 – Двојното чистење се препорачува во вечерната рутина. Како прв чекор од двојнотто чистење користете го Madagascar Centella Light Cleansing Oil. Нанесете неколку испумпувања од маслото на суво лице со суви раце. Масирајте со кружни движења за да ја растворите шминката. Обрнете посебно внимание на деловите со комедони или Т-зоната. Додадете малку вода за да се создаде млечна емулзија, па исплакнете со млака вода.
-
Чекор 2 – Како втор чекор од двојното чистење користете ја пената Madagascar Centella Ampoule Foam. Нанесете мала количина од пената на влажни дланки и тријте додека не се создаде богата пена. Нежно масирајте го лицето и на крај темелно исплакнете.