1.441 ден Original price was: 1.441 ден.1.153 денCurrent price is: 1.153 ден.
Нема на залиха
𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗠𝘂𝗹𝘁𝗶 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗠𝗼𝗶𝘀𝘁𝘂𝗿𝗶𝘇𝗲𝗿 e вегански крем со 3 вида на хијалуронска киселина кој ќе ви помогне да ја вратите свежината на вашата кожа, ќе ја одржува добро хидрирана во сите слоеви, ќе ги намали брчките и фините линии и ќе ја спречи појавата на нови.
Зоштo различни видови на хијалуронска киселина?
Различните форми на хијалуронската киселина имаат различни големини на молекули, кои зависно од големината на молекулите, имаат различна моќ на продирање во слоевите на кожата. Доколку во еден козметички производ хијалуронската киселина е застапена со мали, средни и големи молекули, влажноста се распоредува рамномерно и во подлабоките слоеви на кожата. Малите молекули продираат најдлабоко во кожата, ја подобруваат нејзината еластичност, ја прават цврста и затегната, и ги пополнуваат брчките. Средните молекули продираат преку бариерата на кожата и ги снабдуваат со влажност површинските слоеви на кожата. Тие го спречуваат испарувањето на влажноста. Големите молекули формираат заштитен слој на површината на кожата.
Овој крем содржи фитоцерамиди од природно потекло кои ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата.
Аденозинот е позната антиејџ состојка, ја спречува појавата на брчки и ги намалува постоечките.
Производот е вегански, cruelty free. Не предизвикува иритација и е погoден за употреба кај сите типови кожа, дури и кај чувствителната.
1.441 ден Original price was: 1.441 ден.1.153 денCurrent price is: 1.153 ден.
Нема на залиха
SKIN1004 Madagascar Centella Soothing Cream е интензивен смирувачки крем кој ја зајакнува бариерата на кожата и содржи 72% екстракт од Centella Asiatica со потекло од недопрената природа на Мадагаскар. Овој крем е специјално формулиран да го надополни нивото на хидратација и да ја смири иритацијата на кожата. Она што го прави уникатен е присуството на три клучни липидни компоненти, церамиди, холестерол и масни киселини, кои природно се наоѓаат во слојот на епидермисот и се неопходни за обновување и зајакнување на бариерата на кожата.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Кремот има специфична златно жолта боја и лесна гел текстура налик на мед која се лизга мазно на кожата и обезбедува пријатно чувство на ладење. Иако е богат крем, тој не остава леплива трага и брзо се впива, врзувајќи се со липидниот слој на кожата за да поттикне подобра апсорпција на активните материи. Со редовна употреба, овој крем помага за долготрајно задржување на влагата и ја остава кожата мазна, мека и освежена.
Овој SKIN1004 смирувачки крем е идеален за секојдневна нега, особено за кожа со нарушен хидролипиден слој на која и е потребна регенерација и заштита од штетните влијанија на околината. Соодветен е за нормална, комбинирана и чувствителна кожа/
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на uпотреба: Нанесете соодветна количина од кремот на лицето како последен чекор од вашата рутина за нега на кожа. Нежно масирајте со кружни движења и тапкајте со дланките додека производот не се апсорбира целосно во кожата.
Ќе ви ја откриеме тјната на беспрекорната кожа што зрачи со посебен сјај. Тоа е Anti-Aging Moisturizer L-22, навлажнувач на популрниот американски бренд YEOUTH.
Формулиран е со патентираниот липиден комплекс L22 кој интензивно ја подобрува заштитната бариера на кожата, кожата ја штити од надворешните штетни влијанија, исто така помага да се спречи губењето на влажноста и да се задржи хидратацијата. Помага видливо да се подобри изгледот на фините линии, брчките и да се подобри цврстината и еластичноста на кожата. Ја прави кожата свежа, полна, поцврста и затегната.
Формулата на овој навлажнувач е надополнета со измазнувачки и омекнувачки состојки како што се шиа путер, масло од јојоба и масло од макадамија.
Што го прави овој навлажнувач посебен?
▪️ Интензивно ja навлажнува и храни кожата
▪️ Го изедначува тенот и ја измазнува текстурата на кожата
▪️ Ја спречува појавата на фини линии и брчки
▪️ Одржува оптимално ниво на влажност во текот на целиот ден
▪️ Целокупно го подобрува изгледот на кожата и допринесува за помладешки изглед
▪️ Безбеден е за сите типови кожа, а посебно се препорачува за сува кожа
▪️ Не содржи никакви штетни или контроверзни состојки
▪️ Дава загарантирани резултати
Клучни состојки:
▪️ Шеа путерот има навлажнувачкo и заздравувачко дејство врз кожата. Природните масни киселини кои ги содржи помагаат да се постигне помазна текстура и порамномерен тен на кожата, истовремено помагаат да се намалат хиперпигментацијата и лузните.
▪️ Маслото од јојоба и маслото од макадамија се богати со хранливи материи и ја навлажнуваат кожата. Тие обезбедуваат долготрајна, длабинска хидратација додека ја негуваат и заштитуваат кожата. Поради нивните интензивни навлажнувачки својства брзо ја враќаат еластичноста на кожата и ги намалуваат фините линии и брчките.