1.290 ден
Нема на залиха
NEW SKIN! Како што кажува самото име на производот, лосионот за ексфолијација на Dr Colic, NEW SKIN ќе ви помогне да ги намалите недостатоците на кожата и да добиете помазна, помека и посвежа кожа.
Содржи комплекс од хидрокси киселини кои помагаат да се елиминираат мртвите епидермални клетки, по што епидермисот се обновува со помлади и посилни клетки и кожата добива длабински подобрен тонус и еластичност. За време на пилингот, хидрокси киселините го претвораат кератинот од епидермисот во аминокиселини кои се основни состојки за природно навлажнување на кожата.
Покрај благиот хемиски пилинг, овој лосион го одржува балансот на pH вредноста, кој е неопходен за одржување на здравјето на кожата. Благодарение на секојдневното благо чистење, кожата се регенерира и тенот станува мат.
Се препорачува за комбинирана и мрсна кожа, како и за кожа склона кон акни.
ДЕЈСТВО:
Ги отстранува мртвите клетки
Ги намалува порите
Ги намалува оштетувањата на кожата.
Го намалува воспалението на кожата
Кожата ја прави помека и помазна
Ги намалува флеките и лузните
На кожата ѝ дава сјај
Ги намалува знаците на стареење
Ја подобрува хидратацијата
Го подобрува дејството на другите производи за нега
1.290 ден
Нема на залиха
Falling Into The Rose Mist на корејскиот бренд Sioris е спреј со хидрантна и избалансирана комбинација на зелен чај, вода од роза и хранливи масла, совршена за сите типови на кожа, особено за оние кои имаат помрсна кожа.
Познат по своите органски состојки, Sioris користи 47,5% зелен чај собран еднаш годишно од врвот на Босеонг. Во својот состав содржи екстракт од 2% од лисја од чемпрес, 2,5% сквалан и 1,5% арганово масло, кои сите заедно брзо се апсорбираат, помагаат во балансирањето на производството на себум на кожата, како и во смирувањето на чувствителноста и иритацијата и во одржувањето на хидрирана бариера на кожата. Неговиот мирис на свежа роза е добиен само од природни есенцијални масла.
Овој производ е вегански и е првиот производ од Sioris сертифициран од COSMOS. Без никаква лепливост или чувство на маснотија, тој е одличен и за чувствителна и за мрсна кожа.
Употреба: Протресете го шишето за да се измешаат водата и маслото и шприцајте 2-3 пати од дистанца. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.