Matrigen Lipo Exosome Excellent Pack е професионална корејска peel-off маска од новата генерација, дизајнирана да и подари на кожата неверојатен сјај и длабинска исхрана. Овој третман се издвојува по својата уникатна способност при нанесувањето да формира специјална прозрачна мембрана која делува со „двојно повратно влијание“, заклучувајќи ја влагата и активните состојки длабоко во дермалниот слој. Текстурата се нанесува како густ бел крем кој при сушењето станува целосно транспарентен, оставајќи го лицето со стаклен сјај (glass skin) без никакво чувство на лепливост.
Производот доаѓа во практично блистер пакување, што овозможува максимална хигиена, прецизно дозирање и зачувување на свежината на секоја поединечна доза.
Оваа маска нуди решение за оние кои се соочуваат со груба текстура и безживотен тен, за зрела кожа на која и е потребен дополнителен волумен и зацврстување, како и за лицата кои сакаат ефикасно да ги намалат пигментните дамки. Производот е идеален за сите кои бараат хипоалергенски професионален третман кој регенерира. Благодарение на премиум состојките, таа видливо ги измазнува брчките и ја ревитализира уморната кожа, правејќи ја мека и еластична по секоја употреба.
Водата од свила е носечкиот елемент во оваа формула, која наместо обична вода, обезбедува протеинска основа за силна стимулација на природен колаген. Таа овозможува еколошко и нежно отстранување на мртвите клетки, истовремено зголемувајќи ја цврстината и сјајот на кожата.
PDRN или полидеоксирибонуклеотид, претставува револуционерна биолошки активна состојка која се добива од ДНК на лосос и е високо ценета во естетската медицина и козметологија. Оваа ДНК има структура компатибилна на човечката, што ја прави исклучително ефикасна за регенерација на ткивата. PDRN ѝ помага на кожата првенствено со забрзување на процесот на обновување на клетките, значително го намалува воспалението, ја подобрува еластичноста и хидратацијата, и има силен антиејџ ефект преку интензивно стимулирање на производството на колаген и еластин.
Eгзозомите претставуваат високософистициран систем за транспорт на активни состојки. Егзозомите се микроскопски меурчиња или гласници, кои клетките природно ги ослободуваат за да комуницираат меѓу себе. Тие носат важни протеини и хранливи материи за регенерација.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
- Обезбедува екстремна хидратација која ја исполнува кожата одвнатре.
- Формира заштитна мембрана која спречува губење на хранливите материи.
- Видливо го подобрува волуменот кај зрелата и опуштена кожа.
- Помага во елиминирање на пигментацијата и изедначување на тенот.
- Овозможува нежна ексфолијација и чистење на порите без иритација.
- Го стимулира заздравувањето на микро-оштетувањата и ја смирува кожата.
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
- Водара од свила дава протеинска основа која ја затегнува кожата и дава свиленкасто мазна текстура.
- Липоегзозомите (екстракт од калус на еделвајс) се моќен антиоксиданс кој ја поттикнува регенерацијата и формира нов заштитен слој.
- PDRN (Sodium DNA) е клучна состојка за заздравување која ја зголемува клеточната активност и синтезата на колаген.
- Егзозомите од Centella Asiatica делуваат антиинфламаторно, ја смируваат иритираната кожа и ја потиснуваат пигментацијата.
- Аденозинот и ниацинамидот прават комбинација за ефикасно разгладување на брчките и осветлување на кожата.
- Хидролизираниот колаген помага во одржување на еластичноста и цврстата структура на лицето.
Начин на употреба: Пред да започнете со употреба, протресете ја тубата за состојките внатре добро да се измешаат. Темелно измијте го лицето и нанесете малку тонер или доколку имате сува кожа, можете да лесен серум како подлога. Истиснете соодветна количина од маската (околу 10g се доволни за целото лице) и рамномерно распоредете ја по лицето. Избегнувајте го пределот директно околу очите и усните. Оставете ја маската да делува 30 до 40 минути. Ќе забележите како белата текстура полека станува целосно проѕирна, формирајќи тенка мембрана која ги „заклучува“ активните состојки во кожата. Откако маската е сува, нежно одлепете ја почнувајќи од краевите на лицето. Важно е да не ја плакнете маската со вода, бидејќи во допир со вода таа станува желатинеста и тешко се вади. Нема потреба од повторно миење на лицето. Остатокот од есенцијата што ќе остане на кожата нежно втапкајте го со прстите додека целосно не се впие за постигнување на максимален сјај.