AROMATICA е корејски бренд кој во своите козметички производи се инспирира од традиционалното ориентално знаење за дејството на билките врз здравјето на луѓето и го обединува древното народно и медицинско искуство со најновите иновативни откритија на полето на козметиката. AROMATICA во својот истражувачки центар развива уникатен процес и патентирани формули кои ги поврзуваат природата и технологија. Поизводството го врши во сопствената фабрика која има ECOCERT сертификат за органско козметичко производство, притоа користи најдобри сертифицирани сурови состојки од проверени врвни производители ширум светот.
AROMATICA ја има девизата „Be safe and beautiful“, односно „Бидете безбедни и убави“. За својата нега можете со доверба да ги користите безбедните производи на AROMATICA.
-
AROMATICA Rosemary Root Enhancer 100ml.
1.584 денOriginal price was: 1.584 ден.1.109 денCurrent price is: 1.109 ден.AROMATICA Rosemary Root Enhancer 100ml е лесен тоник во спреј создаден за секојдневна нега на скалпот и коренот на косата. Брзо се апсорбира без да ја отежнува косата и обезбедува освежувачко чувство на скалпот.
Формулата комбинира етерично масло и екстракт од рузмарин со кофеин, пробиотици и комплекс од 7 витамини. Салицилната киселина обезбедува нежна ексфолијација на скалпот, додека пантенолот и глицеринот придонесуваат за одржување на хидратацијата.
Бенефити:
• Го освежува и ревитализира скалпот
• Обезбедува нега на коренот на косата
• Помага во одржување на избалансиран скалп
• Салицилната киселина обезбедува нежна ексфолијација
• Содржи кофеин, биотин и комплекс од 7 витамини
• Пробиотиците обезбедуваат дополнителна нега на скалпот
• Има лесна текстура која брзо се апсорбира
• Не ја отежнува косата и не остава непријатни остатоциНачин на употреба:
Добро протресете го производот пред употреба. Испрскајте директно и рамномерно на скалпот, а потоа нежно масирајте со врвовите на прстите за подобра апсорпција. Не се плакне и може да се користи секојдневно. -
AROMATICA Soothing Aloe Vera Gel 180ml
590 денOriginal price was: 590 ден.413 денCurrent price is: 413 ден.AROMATICA Soothing Aloe Vera Gel 180ml е лесен мултифункционален гел создаден за моментална хидратација, освежување и смирување на кожата. Неговата воденеста гел текстура брзо се апсорбира без да остава лепливо чувство и е погодна за употреба на лицето и телото.
Формулата содржи 96% Aloe Vera Leaf Juice за интензивна смирувачка и хидратантна нега. Rosemary Leaf Water, Star Anise и Scutellaria Baicalensis Root Extract обезбедуваат дополнителна растителна нега и помагаат кожата да се чувствува свежо и удобно.
Бенефити:
• Обезбедува моментална хидратација
• Помага во смирување на чувствителна и иритирана кожа
• Обезбедува пријатен освежувачки ефект
• Содржи 96% Aloe Vera Leaf Juice
• Има лесна и нелеплива гел текстура
• Погоден е за лице и тело
• Одличен е за нега на кожа изложена на сонце и топлина
• Погоден е за сите типови кожа, вклучително и чувствителнаНачин на употреба:
Нанесете соодветна количина на лицето или телото и нежно масирајте додека целосно не се апсорбира. Користете по потреба кога кожата има потреба од дополнителна хидратација и смирување. -
Aromatica Soothing Aloe Vera Gel 300ml
950 денOriginal price was: 950 ден.665 денCurrent price is: 665 ден.Пружете ѝ интензивна хидратација на вашата жедна кожа со органскиот алое гел на познатиот корејски бренд за органска и природна козметика AROMATICA.⠀𝗔𝗥𝗢𝗠𝗔𝗧𝗜𝗖𝗔 𝗢𝗿𝗴𝗮𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗹𝗼𝗲 𝗩𝗲𝗿𝗮 𝗚𝗲𝗹 е нелеплив, безбоен, лесен гел кој брзо се апсорбира. Пружа интензивно освежување и смирување на кожата од иритација, црвенило, изгореници од сонце и смирување на акни. Посебно е погоден за нега на чувствителна кожа, кожа изиритирана од надворешни влијанија, како сув воздух, UV зраци, студ, ветер и сл.Содржи и вода од рузмарин која помага во подобрување на тенот и смирување на акните и иритацијата.⠀Овој гел е сертифицирано вегански и е направенод 100% природни состојки. Содржи 96% органски алое гел сертифициран со Ecocert сертификат.Производот е дерматолошки тестиран и е докажано хипоалергенски. Безгрижно може да го користи целото семејство, дури и најмалите.Погоден е за употреба кај сите типови кожа, масна, нормална комбинирана, сува вклучително и чувствителна. Може да се вметне во различни рутини за нега на лицето за да се постигне дополнителна хидратација и смирување на кожата.Примена:- Хидратантен гел пред нанесување крем на лицето
- После бричење
- После сoнчање
- Како гел за масажа
- После капење
- За смирување на акни, иритација и црвенило на кожата
- Со апарати за масажа на лице