-
SKIN1004 Madagascar Centella Quick Calming Pad (70 pads) 130g
1.290 денОткријте го брзиот и ефикасен начин за смирување на иритирана кожа со SKIN1004 Centella Quick Calming Pad, интензивно навлажнувачки и смирувачки тонер тупфери натопени со богата есенција од мадагаскарска азиска центела, пантенол и хијалурон. Дизајнирани за чувствителна, нормална и комбинирана кожа, овие практични подлоги обезбедуваат моментален ефект за само неколку минути.
Богати се со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Клучни придобивки:
- Ја смируваат и навлажнуваат кожата за само 3–5 минути.
- Тупферите со три слоја подобро ја задржуваат и рамномерно ја распоредуваат есенцијата.
- Имаат погодна форма на полумесечина за лесно нанесување околу очите и носот.
- Нудат алтернатива на лист-маските, но со многу поедноставна и побрза примена.
- Формулата содржи само 10 безбедни состојки (EWG зелена оценка) што ја прави идеална за чувствителна кожа.
Клучни состојки:
- Екстрактот од азиска центела (Centella asiatica extract 15,000 ppm) го поттикнува создавањето на колаген, ја обновува и смирува кожата, а воедно делува и антиоксидативно.
- Пантенолот (5,000 ppm) длабински ја навлажнува кожата и ја зајакнува нејзината бариера.
- Натриум хијалуронатот (1,000 ppm) е нискомолекуларна хијалуронска киселина која овозможува долготрајна хидратација и подобрување на еластичноста на кожата.
Погодни за типови на кожа, чувствителна, нормална и комбинирана кожа.
Начин на употреба: Ставете тупфери на образите, челото или на посебни проблематични зони и оставете ги да делуваат 3 до 5 минути. Потоа отстранете ги и тапкајте ја преостанатата есенција за подобра апсорпција. По отворање, чувајте ги внатрешното капаче и пинцетата во пакувањето за лесна и хигиенска употреба. Исто така со овие тупфери може да го пребришувате лицето.
Совршено решение за секојдневна нега, SKIN1004 Centella Quick Calming Pad е идеален избор за оние кои сакаат брзо освежување на кожата без комплицирани чекори, совршен додаток во секоја рутина за нега.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Soothing Cream 30ml
650 денSKIN1004 Madagascar Centella Soothing Cream е интензивен смирувачки крем кој ја зајакнува бариерата на кожата и содржи 72% екстракт од Centella Asiatica со потекло од недопрената природа на Мадагаскар. Овој крем е специјално формулиран да го надополни нивото на хидратација и да ја смири иритацијата на кожата. Она што го прави уникатен е присуството на три клучни липидни компоненти, церамиди, холестерол и масни киселини, кои природно се наоѓаат во слојот на епидермисот и се неопходни за обновување и зајакнување на бариерата на кожата.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Кремот има специфична златно жолта боја и лесна гел текстура налик на мед која се лизга мазно на кожата и обезбедува пријатно чувство на ладење. Иако е богат крем, тој не остава леплива трага и брзо се впива, врзувајќи се со липидниот слој на кожата за да поттикне подобра апсорпција на активните материи. Со редовна употреба, овој крем помага за долготрајно задржување на влагата и ја остава кожата мазна, мека и освежена.
Овој SKIN1004 смирувачки крем е идеален за секојдневна нега, особено за кожа со нарушен хидролипиден слој на која и е потребна регенерација и заштита од штетните влијанија на околината. Соодветен е за нормална, комбинирана и чувствителна кожа/
Клучни придобивки:
- Овој крем овозможува моќна смирувачка нега која брзо го намалува видливото црвенило и ја смирува чувствителната кожа.
- Формулата содржи три липидни компоненти кои ја зацврстуваат кожата и ја обновуваат нејзината природна заштитна бариера.
- Гел текстурата обезбедува интензивна хидратација и чувство на ладење без да остави тежина или лепливост на лицето.
- Производот ефикасно го спречува прекумерното губење на вода и помага во одржување на балансот на влажност во кожата.
- Составот помага во измазнување на кожата и отстранување на мртвите клетки, заменувајќи ги со нови и здрави клетки за посвеж изглед.
Клучни состојки:
- Екстрактот од Centella Asiatica (72%) е главната активна состојка која ја смирува кожата, го надополнува нивото на хидратација и го поддржува здравиот изглед на тенот.
- Церамид NP, холестерол и масни киселини формираат концентриран липиден комплекс кој ја зајакнува кожата и ја одржува нејзината еластичност.
- Трехалозата помага во спречување на губењето на влага и ја штити кожата од надворешни агресори.
- Натриум хијалуронат е форма на хијалуронска киселина која помага во одржување на хидратацијата и цврстината на кожата.
- Бета-глуканот и пантенолот дополнително придонесуваат за смирување и заштита на кожата од иритации.
- Екстрактот од корен од ѓумбир и нане овозможуваат освежувачки ефект и дополнителна нега за воспалената кожа.
Начин на uпотреба: Нанесете соодветна количина од кремот на лицето како последен чекор од вашата рутина за нега на кожа. Нежно масирајте со кружни движења и тапкајте со дланките додека производот не се апсорбира целосно во кожата.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Soothing Cream 75ml
1.309 денSKIN1004 Madagascar Centella Soothing Cream е интензивен смирувачки крем кој ја зајакнува бариерата на кожата и содржи 72% екстракт од Centella Asiatica со потекло од недопрената природа на Мадагаскар. Овој крем е специјално формулиран да го надополни нивото на хидратација и да ја смири иритацијата на кожата. Она што го прави уникатен е присуството на три клучни липидни компоненти, церамиди, холестерол и масни киселини, кои природно се наоѓаат во слојот на епидермисот и се неопходни за обновување и зајакнување на бариерата на кожата.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Кремот има специфична златно жолта боја и лесна гел текстура налик на мед која се лизга мазно на кожата и обезбедува пријатно чувство на ладење. Иако е богат крем, тој не остава леплива трага и брзо се впива, врзувајќи се со липидниот слој на кожата за да поттикне подобра апсорпција на активните материи. Со редовна употреба, овој крем помага за долготрајно задржување на влагата и ја остава кожата мазна, мека и освежена.
Овој SKIN1004 смирувачки крем е идеален за секојдневна нега, особено за кожа со нарушен хидролипиден слој на која и е потребна регенерација и заштита од штетните влијанија на околината. Соодветен е за нормална, комбинирана и чувствителна кожа/
Клучни придобивки:
- Овој крем овозможува моќна смирувачка нега која брзо го намалува видливото црвенило и ја смирува чувствителната кожа.
- Формулата содржи три липидни компоненти кои ја зацврстуваат кожата и ја обновуваат нејзината природна заштитна бариера.
- Гел текстурата обезбедува интензивна хидратација и чувство на ладење без да остави тежина или лепливост на лицето.
- Производот ефикасно го спречува прекумерното губење на вода и помага во одржување на балансот на влажност во кожата.
- Составот помага во измазнување на кожата и отстранување на мртвите клетки, заменувајќи ги со нови и здрави клетки за посвеж изглед.
Клучни состојки:
- Екстрактот од Centella Asiatica (72%) е главната активна состојка која ја смирува кожата, го надополнува нивото на хидратација и го поддржува здравиот изглед на тенот.
- Церамид NP, холестерол и масни киселини формираат концентриран липиден комплекс кој ја зајакнува кожата и ја одржува нејзината еластичност.
- Трехалозата помага во спречување на губењето на влага и ја штити кожата од надворешни агресори.
- Натриум хијалуронат е форма на хијалуронска киселина која помага во одржување на хидратацијата и цврстината на кожата.
- Бета-глуканот и пантенолот дополнително придонесуваат за смирување и заштита на кожата од иритации.
- Екстрактот од корен од ѓумбир и нане овозможуваат освежувачки ефект и дополнителна нега за воспалената кожа.
Начин на uпотреба: Нанесете соодветна количина од кремот на лицето како последен чекор од вашата рутина за нега на кожа. Нежно масирајте со кружни движења и тапкајте со дланките додека производот не се апсорбира целосно во кожата.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica B5 Cream 75ml
1.490 денSKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica B5 Cream 75ml e смирувачки крем за проблематична или мрсна кожа.
Тоа е мултифункционален вегански крем со лесна текстура специјално дизајниран за интензивна нега на проблематична и мрсна кожа склона кон акни. Овој корејски крем комбинира моќни антибактериски состојки со смирувачки компоненти за да ја врати рамнотежата на кожата и да го спречи појавувањето на нови несовршености. Со својата лесна формула, тој обезбедува длабока хидратација без тежина, оставајќи го лицето свежо и без несакан сјај и без да ги затне порите.
Клучот на неговата ефикасност лежи во 5% пантенол (витамин Б5) и патентираниот Tea-Trica комплекс, кој вклучува вода од чајно дрво и екстракт од центела од Мадагаскар. Оваа комбинација моментално ја намалува чувствителноста и воспаленијата, додека истовремено ја зајакнува заштитната бариера на кожата. Кремот е идеален за секојдневна употреба бидејќи брзо се впива, го контролира вишокот себум и помага во побрза регенерација на кожата оштетена од акни.
Мадагаскарската Centella asiatica која ја содржи овој производ се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој производ е совршен за мрсна, комбинирана и кожа склона кон акни, нудејќи решение за оние кои бараат ефикасен третман кој истовремено ја навлажнува и ја смирува иритираната кожа.
Клучни придобивки:
- Овој крем овозможува моментално и интензивно смирување на воспалената кожа благодарение на високата концентрација на чајно дрво и центела.
- Формулата со 5% пантенол обезбедува длабока хидратација и ја заштитува кожата од надворешни иритации без да остави леплива трага.
- Производот активно помага во регулирање на лачењето на себум и ја контролира неговата прекумерна продукција во текот на денот.
- Специјалните цика егзозоми (Cica Exosomes) во составот помагаат во побрза регенерација и обновување на оштетената кожа.
- Лесната текстура се апсорбира без напор и ја остава кожата мазна, свежа и со здрав сјај.
Клучни состојки:
- Водата од лист на чајно дрво (Tea Tree) е застапена со висок процент и делува како природен антисептик кој ги смирува акните и воспаленијата.
- Пантенолот (витамин Б5) во концентрација од 5% ја зајакнува бариерата на кожата и ја задржува влажноста во подлабоките слоеви.
- Екстрактот од Centella Asiatica од Мадагаскар е клучен за смирување на црвенилото и забрзување на процесот на заздравување на кожата.
- Церамид NP работи на подобрување на еластичноста и ја зајакнува отпорноста на кожата кон надворешни агресори.
- Ниацинамидот помага во изедначување на тенот и видливо го намалува појавувањето на проширени пори.
- Хијалуронската киселина обезбедува неопходна влажност која помага во одржување на оптимално ниво на хидратација.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од кремот на лицето како последен чекор од вашата рутина за нега на кожа. Нежно тапкајте со дланките за да овозможите подобра апсорпција во кожата. Користете го наутро и навечер за најдобри резултати.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica BHA Foam 125ml
990 денSKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica BHA Foam е специјализирана пена за миење лице која обезбедува длабинско прочистување на порите и ефикасна борба против акните.
Овој корејски чистач комбинира БХА (салицилна киселина) со антибактериското дејство на чајното дрво за да ги отстрани мртвите клетки и вишокот себум кои се главни причинители за појава на воспаленија. Неговата веганска формула е дизајнирана да ги смири иритациите додека ја остава кожата чиста и свежа. Текстурата на производот е во вид на кремаста паста со суптилен мирис на чајно дрво, која во допир со вода се претвора во густа и мека пена. Оваа пена овозможува темелно отстранување на нечистотиите без да остави чувство на лепливост или прекумерна затегнатост. Со редовна употреба, овој чистач помага во нормализација на работата на лојните жлезди и го спречува повторното појавување на несовршености, правејќи го идеален за секојдневна рутина на масна кожа.
Клучот на неговата ефикасност лежи во патентираниот Tea-Trica комплекс, кој вклучува вода од чајно дрво и екстракт од центела од Мадагаскар. Оваа комбинација моментално ја намалува чувствителноста и воспаленијата, додека истовремено ја зајакнува заштитната бариера на кожата. Кремот е идеален за секојдневна употреба бидејќи брзо се впива, го контролира вишокот себум и помага во побрза регенерација на кожата оштетена од акни.
Мадагаскарската Centella asiatica која ја содржи овој производ се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој SKIN1004 Tea-Trica чистач е наменет за кожа склона кон акни, мрсна и чувствителна кожа која има потреба од нежна ексфолијација и интензивно смирување на воспалителните процеси.
Клучни придобивки:
- Оваа пена обезбедува длабинско чистење на порите преку отстранување на вишокот себум и нечистотии кои се акумулираат во текот на денот.
- БХА киселината во составот овозможува нежна ексфолијација на мртвите клетки на кожата и помага во спречување на појавата на комедони.
- Смирувачкиот комплекс со чајно дрво и центела ефикасно ги намалува воспалителните процеси и го спречува нивното повторно појавување.
- Производот помага во нормализација на работата на лојните жлезди и обезбедува матирачки ефект на кожата без да предизвика иритација. Со регулирање на создавањето на себум во порите го намалува зголемениот изглед на порите.
- Густата и мека пена овозможува освежувачка завршница која ја остава кожата чиста, мека и освежена.
Клучни состојки:
- Екстрактот од Centella Asiatica од Мадагаскар ја смирува иритираната кожа и го поттикнува процесот на нејзино заздравување.
- Водата и маслото од лист на чајно дрво (Tea Tree) имаат силно антибактериско дејство кое помага во борбата против акните и го регулира себумот.
- Салицилната киселина (BHA) во концентрација од 4.500 ppm продира длабоко во порите за да ги отстрани насобраните маснотии и нечистотии.
- Екстрактот од иглички од бор (Pinus Palustris) и водата од чемпрес (Chamaecyparis Obtusa) помагаат во освежување на тенот и стеснување на проширените пори.
- Глицеринот во составот се грижи за одржување на хидратацијата на кожата за време на чистењето за да се избегне чувството на прекумерна сувост.
- Екстрактот од неем (Melia Azadirachta) дополнително го засилува антиинфламаторното дејство и помага во детоксикација на епидермисот.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од производот на мокри дланки и тријте ги за да создадете богата пена. Нежно масирајте го целото лице со кружни движења, а потоа темелно исплакнете со млака вода. Користете како втор чекор во вашето двојно чистење или како главен чистач во утринската рутина.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Mild Peeling Gel 125ml
990 денSKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Mild Peeling Gel е ежен пилинг кој ќе ви помогне да постигнете чисти пори и сјаен тен.
Тоа е иновативен пилинг гел кој нуди истовремена ексфолијација и хидратација за постигнување мазна и прочистена кожа.
Овој корејски пилинг користи уникатен „гомаж“ систем со природна целулоза и листови од чајно дрво кои нежно ги отстрануваат нечистотиите и комедоните без агресивно триење. Гомаж е специфична техника на ексфолијација (пилинг) која потекнува од Франција, а самиот збор во превод значи „бришење“ (како со гума за бришење). Тоа е метод кој се смета за „златна средина“ помеѓу механичкиот и хемискиот пилинг и е особено популарен во корејската козметика бидејќи е многу понежен од класичните пилинзи со зрнца. Под влијание на триењето и топлината од прстите, состојките во гелот почнуваат да се грутчат во мали бели топчиња кои делуваат како нежни магнети и ги „залепуваат“ за себе мртвите клетки од површината на кожата, вишокот себум и нечистотиите и притоа не ја гребат кожата. За разлика од грубите пилинзи со зрнца, овој гел обезбедува мека и ефикасна ексфолијација која ги отпушува порите и ја ревитализира кожата. Формулата комбинира нежни киселини како PHA (глуконолактон) и сукцинска киселина кои го изедначуваат тенот и ја откриваат природната блескавост на лицето. Присуството на хијалуронска киселина и пантенол гарантира дека кожата ќе остане длабоко хидрирана и освежена по секое користење, без чувство на сувост или иритација.
Неговата хипоалергена формула е збогатена со смирувачка центела и чајно дрво, што го прави идеален за смирување на иритациите и контрола на вишокот себум кај проблематичната кожа.
Мадагаскарската Centella asiatica која ја содржи овој производ се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој пилинг гел е најдобар избор за мрсна, комбинирана и кожа склона кон акни, но неговата нежна природа го прави соодветен и за најчувствителните типови кожа на кои им е потребна редовна неделна ексфолијација.
Клучни придобивки:
- Овој пилинг гел овозможува исклучително нежна ексфолијација која ефикасно ги отстранува мртвите клетки и ги чисти затнатите пори.
- Двојниот пилинг ефект со целулоза и листови од чајно дрво помага во моменталното отстранување на црнките и белите митесери.
- Комбинацијата на PHA и сукцинска киселина ја ревитализира кожата и и дава посветол и полуминизен изглед.
- Присуството на хијалуронска киселина и пантенол обезбедува длабока хидратација и спречува појава на затегнатост по пилингот.
- Неабразивната текстура ја прави формулата безбедна за употреба дури и кај иритирана и чувствителна кожа.
Клучни состојки:
- Водата од лист на чајно дрво (Tea Tree) е застапена со висок процент и помага во контрола на вишокот масло и смирување на акните.
- Целулозата делува како природен механички ексфолијатор кој при масажа ги собира нечистотиите во мали видливи топчиња.
- Екстрактот од Centella Asiatica интензивно го смирува црвенилото и го поддржува процесот на заздравување на кожата.
- Глуконолактонот (PHA) овозможува нежна хемиска ексфолијација која не предизвикува иритација кај сензитивната кожа.
- Салицилната киселина (BHA) и липохидроксилната киселина (LHA) работат синергично за длабинско прочистување на порите и спречување на нови воспаленија.
- Хијалуронската киселина, пантенолот и алантоинот обезбедуваат долготрајна влажност и смирувачки финиш на кожата.
Начин на употреба: По чистењето на лицето, нанесете соодветна количина од гелот на суви раце и нанесете го на суво лице, избегнувајќи ја областа околу очите и усните. Нежно масирајте со кружни движења додека не забележите како целулозата и мртвите клетки видливо се собираат во мали топчиња. Темелно исплакнете со млака вода. Се препорачува употреба 1 до 2 пати неделно за одржување на чист и мазен тен.
- Овој пилинг гел овозможува исклучително нежна ексфолијација која ефикасно ги отстранува мртвите клетки и ги чисти затнатите пори.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Purifying Toner 210ml
1.390 денSKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Purifying Toner e прочистувачки тонер за балансирана и чиста кожа.
Овој тонер е препорачан чекор во рутината за секој кој се бори со мрсна кожа и чести воспаленија.
Овој корејски тонер е специјално креиран за да ја прочисти кожата, да го отстрани вишокот себум и да го изедначи тенот без да предизвика иритација. Неговата водена и лесна текстура се апсорбира речиси моментално, оставајќи го лицето свежо, хидрирано и подготвено за следните чекори од негата. Она што го прави овој тонер исклучително ефикасен е комбинацијата на БХА (салицилна киселина) и моќниот Tea-Trica комплекс, кој вклучува вода од чајно дрво и екстракт од центела од Мадагаскар. Тој дејствува директно на порите, каде го регулира создавањето на себум, ги отстранува мртвите клетки со што го спречува затнуваето на порите и го спречува создавањето на комедони и нови акни преку длабинско чистење на нечистотиите.
Со редовна употреба, овој тонер помага во воспоставување на идеална рамнотежа помеѓу мастите и влагата во кожата, што резултира со посветол и помазен изглед на лицето. Мадагаскарската Centella asiatica која ја содржи овој производ се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој SKIN1004 прочистувачки тонер е клинички тестиран како хипоалерген и не-комедоген производ, што го прави совршен избор за мрсна, комбинирана и кожа склона кон акни, вклучувајќи ги и најчувствителните типови.
Клучни придобивки:
- Овој тонер ефикасно ги отстранува мртвите клетки и вишокот себум, со што ја прави кожата помазна и помалку масна.
- БХА киселината во составот помага во темелно одзатнување на порите и спречува акумулација на нови нечистотии.
- Tea-Trica комплексот кој вклучува вода од чајно дрво и екстракт од центела од Мадагаскар овозможува брзо смирување на иритациите и ги намалува воспалителните процеси.
- Специјалниот CS-Sebum cleaner комплекс го регулира лачењето на маснотии во текот на денот за поздрав изглед на тенот.
- Лесната водена формула обезбедува освежувачка завршница без никаква лепливост или чувство на тежина на лицето.
Клучни состојки
- Водата од лист на чајно дрво (126,900 ppm) делува како моќен природен антисептик кој ги третира воспаленијата и помага во отстранување на акните.
- Екстрактот од Centella Asiatica од Мадагаскар е клучен за смирување на чувствителната кожа и за зајакнување на нејзината природна бариера.
- Pine Tree комплексот (екстракт од бор и вода од чемпрес) има силни антиинфламаторни својства кои го намалуваат црвенилото на кожата.
- Салицилната киселина (BHA) овозможува нежна хемиска ексфолијација која е клучна за кожа склона кон митесери и неправилности.
- Екстрактот од лаванда и костен (CS-Sebum cleaner) помагаат во природно контролирање на себумот и ги затегнуваат проширените пори.
- Лимонската киселина (Citric Acid) придонесува за балансирање на pH вредноста и дополнително го осветлува тенот.
Начин на употреба: По чистење на лицето, нанесете соодветна количина од тонерот на памучен тупфер или директно на дланките. Нежно поминете преку целото лице во насока на текстурата на кожата или тапкајте со прстите додека производот целосно не се апсорбира. Се препорачува за употреба во утринската и вечерната рутина.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Relaxing Mask 24ml
209 денSKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Relaxing Mask е лист-маска специјално дизајнирана за смирување на иритирана, мрсна и кожа склона на акни. Богата со комплекс од чајно дрво, азиска центела од Мадагаскар и салицилна киселина, оваа маска помага да се намалат воспаленијата, да се исчистат порите и да се регулира вишокот себум.
Лесната и освежувачка есенција брзо се апсорбира без лепливост, додека кожата останува балансирана.
Придобивки:
- Смирување на воспаленија и црвенило кај чувствителна и кожа склона на акни.
- Чистење и минимизирање на порите со контрола на себумот.
Главни состојки:
- Tea Tree Extract ја смирува и ја освежува проблематичната кожа.
- Centella Asiatica Extract, го поддржува обновувањето и зајакнува кожната бариера.
- Salicylic Acid (BHA), делува со нежна ексфолијација за одзатнување на порите и превенција на акни.
Tea-Trica Relaxing Mask е идеално решение за оние што сакаат чиста, смирена и балансирана кожа без вишок масло и несакани нечистотии.
Начин на употреба: По чистење и тонирање, поставете ја маската рамномерно на лицето избегнувајќи ги очите и усните. Оставете да делува 10-20 минути, а потоа нежно тапкајте го преостанатиот серум за подобра апсорпција.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Relief Ampoule 100ml
1.590 денSKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Relief Ampoule е смирувачка ампула (серум) за проблематична кожа.
Оваа ампула е специјално формулирана за да пружи идеално решение за кожа склона кон акни и чести воспаленија. Овој корејски серум содржи импресивни 80% од Tea-Trica комплексот, кој претставува моќна фузија од вода од чајно дрво и екстракт од центела за моментално смирување на иритираната кожа. Нејзината примарна задача е да ги третира активните воспаленија, истовремено спречувајќи го појавувањето на нови неправилности преку одржување на здрава рамнотежа на епидермисот.
Формулата е збогатена со патентираниот ANTI SEBUM P(HD) комплекс, кој има клучна улога во регулирањето на прекумерното лачење маснотии и видливото стеснување на порите. Текстурата на ампулата е исклучително лесна и течна, што овозможува таа веднаш да се впие во кожата без да остави никаков леплив остаток или чувство на тежина. Како некомедоген производ, оваа ампула е целосно безбедна за кожа со пори кои лесно се затнуваат, нудејќи хидратација и свежина кои траат во текот на целиот ден.
Мадагаскарската Centella asiatica која ја сождржи оваа ампула се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Оваа SKIN1004 Tea-Trica ампула е совршена за мрсна, комбинирана и чувствителна кожа која се соочува со акни, бидејќи е некомедогена и клинички е докажано дека не предизвикува иритации и активно помага во заздравувањето на кожата.
Клучни придобивки:
- Оваа некомедогена ампула содржи висока концентрација од 80% Tea-Trica комплекс кој моментално ги смирува иритациите и помага во ефикасниот третман на акните.
- Специјалниот ANTI SEBUM P(HD) комплекс активно го контролира лачењето на себум и придонесува за видливо минимизирање на проширените пори.
- Лесната и освежителна течна текстура се апсорбира во кожата веднаш по нанесувањето без да остави чувство на непријатност или лепливост.
- Pine Tree комплексот помага во воспоставување на балансиран изглед на кожата склона кон неправилности и црвенило.
- Формулата е клинички тестирана и обезбедува нежна нега која е погодна дури и за најчувствителните типови проблематична кожа.
Клучни состојки:
- Водата од лист на чајно дрво (Tea Tree) со застапеност од 94.000 ppm делува како природен антисептик кој ги сузбива воспаленијата и ги смирува активните акни.
- Екстрактот од Centella Asiatica ја зајакнува природната заштитна бариера на кожата и интензивно го смирува црвенилото.
- Pine Tree комплексот, кој вклучува екстракт од бор и вода од чемпрес, помага во прочистување на кожата и одржување на нејзината чистина.
- Екстрактот од цвет од вечерна јаглика (Evening Primrose) заедно со коренот од пуерарија помага во контрола на себумот и ја негува кожата.
- Маслото од чајно дрво во ниска концентрација дополнително го засилува антибактериското дејство на производот.
- Глицеринот и пантенолот во составот се грижат за одржување на неопходната хидратација и спречување на дехидратација на кожата.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од ампулата (неколку капки со пипетата) директно на претходно исчистено лице и тонирана кожа. Рамномерно распоредете го производот и нежно тапкајте со дланките за да ја поттикнете неговата целосна апсорпција. Користете ја наутро и навечер пред нанесување на хидратантен крем.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Relief Ampoule 30ml
650 денSKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Relief Ampoule е смирувачка ампула (серум) за проблематична кожа.

SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Soothing Sun Milk 50ml
1.690 денSKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Soothing Sun Milk SPF50+ PA++++ e крем задневна заштита од сонце со центела и чајно дрво за осетлива кожа склона кон акни.
Тоа е иновативен хибриден производ за заштита од сонце што го комбинира најдобро од природната нега и научната ефикасност. Формулиран со Centella asiatica од Мадагаскар и 90.000 ppm вода од лист од чајно дрво, овој лесен флуид е создаден специјално за кожа која реагира со црвенило, воспаленија, масна Т-зона или појава на акни.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Клучни карактеристики и предности:
• Има највисока UV заштита со широк спектар(SPF50+ PA++++) и ја штити кожата од штетните UVA и UVB зраци, спречувајќи фотостареење и хиперпигментации.
• Содржи Tea-Trica комплекс, синергиска комбинација на екстракти од чајно дрво, бор, јаглика и чемпрес кој ја намалува појавата на акни, црвенило и чувствителност.
• Centella asiatica од Мадагаскар e позната по високата концентрација на активни состојки (asiaticoside, madecassic acid) кои ја смируваат и обновуваат кожата.
• Anti-Sebum P комплексот го регулира прекумерното мрсење и помага во стеснување на порите, за почиста и поизедначена текстура.
• Има немрсна формула, во вид на млеко која брзо се впива без бел траг, идеална за секојдневна употреба дури и под шминка.
• Производот е докажано некомедогено и дерматолошки тестиран, безбеден и за најчувствителните типови на кожа, вклучувајќи и кожа склона кон акни.Состав што се грижи за кожата:
- Ниацинамидот помага во избледување на флеките и балансирање на себумот.
- Мадекасозидот, азијатикозидот и азијатичната киселина се моќно трио со потекло од центела за зајакнување на кожната бариера.
- Церамидот NP ја задржува влагата и спречува дехидратација.
- Цинк оксидот е минерален филтер кој пружа сигурна заштита.
- Без парабени, вештачки бои и мириси.
Погоден за мрсна, комбинирана, осетлива и кожа склона на акни. Совршен избор за оние што сакаат смирувачка дневна заштита со лесна текстура и дополнителна нега.
Употреба: Нанесете наутро како последен чекор од вашата рутина. Повторно нанесување е препорачливо на секои 2–3 часа при изложување на сонце.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Spot Cream 20ml
1.179 денSKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Spot Cream 20ml е крем за таргетиран третман за акни и чувствителна кожа.
Тоа е лесен гел-крем за локален третман, специјално формулиран за да обезбеди брзо олеснување на воспаленија, акни и чувствителни делови од кожата. Содржи 15% вода од чајно дрво и 1% TECA (високо прочистен екстракт од центела азиатика), кои заедно делуваат смирувачки, антибактериски и регенеративно.
Богат е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Клучни придобивки:
- Смирување на црвенило и иритации
- Контрола на себумот и матирање
- Хидратација и регенерација на оштетената кожа
Наменет е за мрсна, чувствителна и акнична кожа која има потреба од прецизна и нежна нега.
Клучни состојки:
• Екстрактот од Centella asiatica е познат по своето силно регенеративно и смирувачко дејство. Ја поттикнува синтезата на колаген и помага во обновување на оштетената кожа
• Водата од чајно дрво (15%) пружа нтисептичка и антивоспалителна заштита
• TECA (Asiaticoside, Asiatic аcid, Madecassic аcid) е активен комплекс кој таргетира чувствителни и воспалени подрачја.
• Каламинот го апсорбира вишокот себум и го смирува воспалението.
• AHA, PHA и LHA се нежни киселини што ги отстрануваат мртвите клетки и ја прочистуваат кожата.
• Ниацинамидот го изедначува тенот и ги намалува темните дамки.
• Пантенолот ја храни, навлажнува и зајакнува кожата.По својата текстура тоа е лесен, гел крем кој брзо се апсорбира без да остава лепливост, оставајќи свеж и матиран финиш.
Овој производ е совршен избор за сите кои се борат со појава на акни и воспаленија, а бараат ефикасно, но нежно решение кое нема да ја иритира кожата.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Boosting Toner 210ml
1.424 денSKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Boosting Toner е лесен, но моќен тонер на водена база кој интензивно го хидрира, обновува и ја изедначува бојата на кожата. Формулиран со прочистен екстракт од Centella Asiatica од Мадагаскар, овој тонер обезбедува длабинско смирување и поддршка на кожната бариера, правејќи го идеален за чувствителна и комбинирана кожа.
Тонерот го содржи патентираниот MADEWHITE™, природна состојка која докажано го изедначува тенот и ја осветлува кожата со природен сјај. Комбинацијата од ниацинамид и 3-O-Ethyl Ascorbic Acid (стабилна форма на витамин Ц) помага во намалување на темните дамки и подобрување на тонусот на кожата, додека Tranexamic Acid спречува нова хиперпигментација.
Богат е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
SINGREEN комплексот, со екстракти од 4 овошја како Prunus mume (јапонска слива) и Pyrus malus (јаболко), нежно ги ексфолира мртвите клетки и ја подобрува апсорпцијата на активните состојки. Текстурата е водена и лесна, оставајќи чувство на свежина без лепливост.
Погоден за нормална, чувствителна и комбинирана кожа.
Клучни состојки:
- Екстрактот од азиска центела ја смирува и регенерира кожата.
- MADEWHITE™ патентираниот комплекс помага во изедначување на тенот.
- Екстрактот од плод од јапонска слива и екстрактот од јаболко пружаат природна ексфолијација.
- Ниацинамидот помага за осветлување и корекција на пигментацијата.
- 3-O-Ethyl Ascorbic Acid е стабилен дериват на витамин Ц. Го подобрува тенот и пружа антиоксидантна нега без иритации.
Начин на употреба: Нанеси со памучен тупфер или директно на дланките и нежно тапкај по кожата за подобра апсорпција.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Capsule Ampoule 100ml
1.420 денSkin1004 Madagascar Centella Tone Brightening Capsule Ampoule 30ml e ампула (серум) за изедначување на тенот и намалување дамки
Toa e е лесна и негувачка ампула идеална за секојдневна употреба, која нежно го осветлува тенот и ги намалува темните дамки и пигментацијата. Благодарение на уникатната комбинација од 4% ниацинамид, 2% транексамична киселина и патентираниот MADEWHITE™ комплекс инкапсулиран во мали микрокапсули, оваа ампула обезбедува видливи резултати без иритации.
Богата е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Придобивки:
- Ефикасно коригирање на темни дамки и нерамномерен тен
- Хидратација и подобрување на бариерата на кожата
- Нежно смирување на чувствителна и иритирана кожа
Клучни состојки:
- Centella Asiatica Extract е природен екстракт од азиска центела од Мадагаскар кој ја смирува кожата и поттикнува регенерација.
- Ниацинамидот застапен со 4% ја осветлува кожата и ја намалува хиперпигментацијата.
- Транексамична киселина (2%) го намалува производството на меланин и спречува создавање нови дамки.
- 3-O-Ethyl Ascorbic Acid е стабилен дериват на витамин Ц кој ја изедначува бојата на кожата без да предизвика иритации.
- Мадекасозидот (MADEWHITE™) е патентирана состојка за таргетирање на дамки и подобрување на сјајот на кожата.
Ампулата има средно лесна текстура што брзо се апсорбира, оставајќи ја кожата сјајна и мазна без лепливост. Технологијата Oil-in-Water Gel обезбедува длабинска и долготрајна хидратација со секоја капка.
Погодна за нормална, комбинирана и чувствителна кожа, оваа ампула е совршено решение за оние што сакаат да го избалансираат тенот, да ја намалат пигментацијата и да постигнат природно сјајна и блескава кожа.
Начин на употреба: Нанеси со пипета соодветна количина од ампулата на чиста и тонирана кожа. Рамномерно распредели и нежно тапкај со прстите за подобра апсорпција.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Capsule Ampoule 30ml
790 денSkin1004 Madagascar Centella Tone Brightening Capsule Ampoule 30ml e ампула за изедначување на тенот и намалување дамки
Toa e е лесна и негувачка ампула идеална за секојдневна употреба, која нежно го осветлува тенот и ги намалува темните дамки и пигментацијата. Благодарение на уникатната комбинација од 4% ниацинамид, 2% транексамична киселина и патентираниот MADEWHITE™ комплекс инкапсулиран во мали микрокапсули, оваа ампула обезбедува видливи резултати без иритации.
Богата е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Придобивки:
- Ефикасно коригирање на темни дамки и нерамномерен тен
- Хидратација и подобрување на бариерата на кожата
- Нежно смирување на чувствителна и иритирана кожа
Клучни состојки:
- Centella Asiatica Extract е природен екстракт од азиска центела од Мадагаскар кој ја смирува кожата и поттикнува регенерација.
- Ниацинамидот застапен со 4% ја осветлува кожата и ја намалува хиперпигментацијата.
- Транексамична киселина (2%) го намалува производството на меланин и спречува создавање нови дамки.
- 3-O-Ethyl Ascorbic Acid е стабилен дериват на витамин Ц кој ја изедначува бојата на кожата без да предизвика иритации.
- Мадекасозидот (MADEWHITE™) е патентирана состојка за таргетирање на дамки и подобрување на сјајот на кожата.
Ампулата има средно лесна текстура што брзо се апсорбира, оставајќи ја кожата сјајна и мазна без лепливост. Технологијата Oil-in-Water Gel обезбедува длабинска и долготрајна хидратација со секоја капка.
Погодна за нормална, комбинирана и чувствителна кожа, оваа ампула е совршено решение за оние што сакаат да го избалансираат тенот, да ја намалат пигментацијата и да постигнат природно сјајна и блескава кожа.
Начин на употреба: Нанеси со пипета соодветна количина од ампулата на чиста и тонирана кожа. Рамномерно распредели и нежно тапкај со прстите за подобра апсорпција.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Capsule Ampoule 50ml
1.199 денSkin1004 Madagascar Centella Tone Brightening Capsule Ampoule 30ml e ампула (серум) за изедначување на тенот и намалување дамки