1.590 ден
Нема на залиха
SKIN1004 Madagascar Centella Ampoule 100ml е најпознатиот производ на брендот SKIN1004.
Оваа иконична ампула (серум) која содржи 100% чист екстракт од азиска центела добиена од еколошки чистиот регион на Мадагаскар. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата. Овој екстракт бидејќи содржи неколку пати повеќе активни смирувачки состојки има помоќно дејство во споредба со обичната центела. Ампулата е дизајнирана да го врати нарушениот баланс на кожата предизвикан од агресивни надворешни фактори, обезбедувајќи моментално смирување и неверојатно чувство на комфор.
Со лесна и брзоапсорбирачка текстура, овој корејски серум длабоко ја хидрира кожата без да остави леплив финиш. Тој интензивно работи на зајакнување на заштитниот слој (бариерата) на кожата, ја обновува оштетената кожа и делува антиоксидантно. Редовната употреба помага да се балансира рамнотежата помеѓу маснотијата и влажноста, што резултира со поздрав, поизедначен и сјаен тен.
SKIN1004 Centella Ampoule е наменет за сите типови кожа, а особено е препорачлив за чувствителна, реактивна и сува кожа која бара длабока хидратација и ефикасно смирување на црвенилото и иритацијата. Идеален е за оние кои бараат чист, природен производ со минималистичка формула и една главна состојка која е докажана за обновување на кожата и намалување на воспалението.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од ампулата на дланка, а потоа рамномерно нанесете ја на исчистената кожа на лицето по употребата на тонер. Нежно тапкајте ја кожата со врвовите на прстите за да се поттикне целосна апсорпција на производот. Користете ја наутро и навечер.
Тоа е сет од четири производи со колаген за сеопфатна нега на лицето. Пoмага за хидратација, зацврснување и лифтинг на кожата. Сетот содржи тонер, емулзија, ампула и крем.
Изминатите години огромен број корисници ширум светот се уверија во квалитетот и ефикасноста на популарниот Snail Bee Ultimate Serum на Benton. Сега тука е неговата нова подобрена варијанта Benton Snail Ultimate Serum Plus.
Збогатен со 6 типа на пептиди и комплекс од ферменти на 5 билки, ви дава премиум нега за еластичност и зацврснување на кожата.
Вклучете го овој серум во дневната и ноќната нега на вашето лице доколку имате лузни од акни, зголемени пори или сакате да ги намалите и спречите брчките. За поинтензивна нега, комбинирајте го со останатите производи од линијата Snail Bee: лепенки за очи, тонер, маска, есенција, лосион или крем за лице и крем за очи.
Benton Snail Bee Ultimate Plus серумот е повеќефункционален серум збогатен со:
Помага за нега и смирување на кожата. Се препорачува за кожа која има потреба од интензивно потхранување, кожа со хиперпигментација и нерамномерен тен, кожа со слаб баланс на вода и масти, кожа на која ѝ е потребно зголемување на еластичноста, груба и опуштена кожа која има потреба од ревитализацијa.
⠀
Во согласност со филозофијата и праксата на брендот, Benton Snail Bee Ultimate серумот ви нуди здрава формула без штетни состојќи. Серумот не содржи парабени, силикони, алкохол, сулфати, вештачки ароми и бои.
Спакуван е во практично шишенце со пумпица за полесна хигиенска употреба, наместо пипета. Амбалажата не содрќи метал и е направена од материјал кој лесно се рециклира.