Кошничка 0 x

Product

Benton Honest Eye Lash Serum

1.215 ден

Достапност: Има залиха
Сподели на:
Тип: Бренд:
Информации

Benton Honest Eye Lash Serum е дневен серум за трепки со хидратантно дејство, кој ефикасно делува во негата за поздрави трепки. Интензивно помага во справувањето со тенки и кратки трепки без да предизвика иритација на очите.

Негувањето и одржувањето на трепките во здрава состојба е значајно во фазата на растење, а токму таква хранлива нега овозможува овој серум за трепки. Овој дерматолошки тестиран производ, ги зацврстува, подобрува и негува трепките со своите хидратантни состојки. Содржи 2 типа на пептиди, 17 типа на амино киселини и натриум хијалунорат кои придонесуваат за зацврстување на коренот на трепките, како и за поздрави и поеластични трепки.

Со прецизна и практична двојна четка со врв од мека топка, овозможува нега на коренот на трепките и самите трепки. Содржи чиста водена формулација, без масла, така што може да се користи и кога ќе се стави екстензија на трепки. Овозможува да се одржи ph балансот, со што овој серум е безбеден да се користи и на подрачјето околу очите.

Се препорачува за оние со тенки и слаби трепки, кои постојано користат екстензии, за тие што се особено чувствителни на надворешни штетни влијанија или штетни состојки, оние на кои им е потребно превенција од губење или оштетување на трепките и тие на кои им е потребна нега и хидратација на трепките.

Употреба: по чистењето на лицето, нанесете соодветна количина од содржината на четката и нежно повлечете со четката од коренот, кон врвот на трепките.

Benton Honest Eye Lash Serum

1.215 ден