1.390 ден Original price was: 1.390 ден.1.321 денCurrent price is: 1.321 ден.
Рамномерна текстура и воедначен тен е изглед на кожата посакуван од многумина, но оние што пробале многу производи знаат дека не е лесно да се постигне. Bubble Toner : Green Plum + AHA e одличен производ за таа намена, тоа е пенлив тонер кој ќе ви помогне лесно да ја постигнете целта.
Една од главните состојки на овој тонер е природно добиената АХА киселина од вода на зелена слива и екстракт од шеќерна трска. АХА гликолната киселина ги отстранува мртвите клетки од кожата за да да се добие подобра текстура на кожата и го поттикнува обновувањето на клетките што помага во измазнување на лузните и отстранување на пигментацијата.
АХА киселината е позната по својот анти-ејџ ефект. Постојаниот нежен пилинг, исто така, помага да се минимизира појавата на фини линии и брчки.
Уште една важна состојка е екстрактот од мед кој е природен антиоксиданс и ја зголемува хидратацијата и сјајот на кожата. Познато е дека го забрзува процесот на заздравување, помага при појава на акни, лузни и подобрување на тенот.
Водата од оризови трици го осветлува тенот и ја зајакнува целокупната состојба на кожата, па затоа во само неколку чекори добивате рамномерна, мека, хидрирана и зајакната кожа.
Водата пак од коренот на женшен е богата со антиоксиданси, кои се борат со знаците на предвремено стареење и стимулираат продукција на колаген.
1.390 ден Original price was: 1.390 ден.1.321 денCurrent price is: 1.321 ден.
Во потрага сте по тонер без есенцијални масла и без мирис? Дозволете да ви го претставиме Supple Preparation Unscented Toner, бестселер на популарниот корејски бренд Dear, Klairs. Тоа е тонер без мирис кој не содржи есенцијални масла, погоден за употреба кај сите типови кожа, а посебно кај чувствителната.
Овој тонер ја балансира pH вредноста на кожата и ја подобрува ефикасноста на целата рутина за нега која следува, помагајќи да го извлечете најдоброто од производите од наредните чекори, како есенции, серуми или креми и да ја постигнете посакуваната состојба на кожата.
Има нежна гел текстура, брзо се апсорбира и обезбедува целосна хидратација.
Овој хидратантен тонер е направен со мешавина од различни растителни екстракти и смирувачки состојки. Производот е vegan friendly.
Тоа е тонер за намалување на порите, со ниацинамид, церамиди и витамин Ц. Тоа е лесен тонер формулиран со церамиди и 5% ниацинамид (витамин Б3) за балансирање на маснотиите, подобрување на еластичноста и минимизирање на големината на порите. Церамидот е компонента на заштитниот слој кој ѝ помага на кожата да ја задржи влагата. Овој слој може да се намали со возраста и изложеноста на фактори на стрес од животната средина. Тонерот за намалување на порите Cera-C помага да се надополни и да се врати природната рамнотежа на кожата. Пантенолот (витамин Б5) ѝ помага на кожата да ја апсорбира влагата. Стабилизираниот витамин Ц се бори против бактериите кои предизвикуваат акни и ја осветлува кожата. Натриум лактатот ја хидрира кожата. Алое вера и витамин Е смируваат. Млечната киселина е алфа хидроксилна киселина, помага да се изедначи тонот на кожата. Тонерите на Facetheory не содржат алкохол. Затоа даваат малку поинакво чувство од алкохолните тонери и ги прави помалку иритирачки за чувствителната кожа.