1.290 ден Original price was: 1.290 ден.968 денCurrent price is: 968 ден.
1.290 ден Original price was: 1.290 ден.968 денCurrent price is: 968 ден.
Рамномерна текстура и воедначен тен е изглед на кожата посакуван од многумина, но оние што пробале многу производи знаат дека не е лесно да се постигне. Bubble Toner : Green Plum + AHA e одличен производ за таа намена, тоа е пенлив тонер кој ќе ви помогне лесно да ја постигнете целта.
Една од главните состојки на овој тонер е природно добиената АХА киселина од вода на зелена слива и екстракт од шеќерна трска. АХА гликолната киселина ги отстранува мртвите клетки од кожата за да да се добие подобра текстура на кожата и го поттикнува обновувањето на клетките што помага во измазнување на лузните и отстранување на пигментацијата.
АХА киселината е позната по својот анти-ејџ ефект. Постојаниот нежен пилинг, исто така, помага да се минимизира појавата на фини линии и брчки.
Уште една важна состојка е екстрактот од мед кој е природен антиоксиданс и ја зголемува хидратацијата и сјајот на кожата. Познато е дека го забрзува процесот на заздравување, помага при појава на акни, лузни и подобрување на тенот.
Водата од оризови трици го осветлува тенот и ја зајакнува целокупната состојба на кожата, па затоа во само неколку чекори добивате рамномерна, мека, хидрирана и зајакната кожа.
Водата пак од коренот на женшен е богата со антиоксиданси, кои се борат со знаците на предвремено стареење и стимулираат продукција на колаген.
Beauty of Joseon Radiance Cleansing Balm е балзам за чистење што нежно топи шминка, себум и нечистотии од кожата. Формулиран со оризови трици и различни зрнести екстракти, овој балсам помага да се одржи кожата хидрирана и мека, без чувство на сувост.
Ориз + комплекс од зрнести екстракти – Оризот е клучна состојка во корејската традиционална нега на кожата. Во династијата Јосеон, оризовата вода била позната како „Beauty Water“, користена за постигнување на блескав изглед на кожата. Богата со амино киселини и минерали, оваа состојка длабински хидрира и ја заштитува кожата од сувост.
Земете соодветна количина и нанесете на сува кожа. Масирајте со кружни движења за да ги растворите шминката и нечистотиите. Додадете малку вода за да се емулгира во млечно масло, потоа исплакнете со млака вода. За комплетно чистење, продолжете со пенлив чистач.
FAU Shiny Pumpkin Peel е нежен, но моќен пилинг кој ја измазнува текстурата на кожата без иритации. Овој прецизен ексфолијант истовремено обезбедува длабинска нега, збогатен со витамини, минерали и омега масни киселини од тиква, кои ја хранат кожата и ја прават посјајна и поизедначена.
Благодарение на комбинацијата на природни ензими од тиква со AHA и BHA киселини, ефикасно ги раствора грубите наслаги на мртви клетки и го измазнува слојот на кожата. По употреба, порите изгледаат прочистени, кожата е мазна и со природен сјај.
Главни придобивки:
Клучни состојки:
Како да се користи:
Нанесете Shiny Pumpkin Peel на кожата и оставете да делува според типот на кожата:
Потоа нанесете Pumpkin Amino Therapy, оставете 30 секунди и нежно истријте пред да го исплакнете.
Со редовна употреба, кожата станува мазна, освежена и ревитализирана, со видливо подобрена текстура и природен, здрав сјај.