1.480 ден 1.192 ден
1.480 ден 1.192 ден
Кажете им збогум на иритацијата црвенилото и акните предизвикани од заштитните маски. Goodbye Redness Spot Cream на корејскиот бренд Benton ќе ви помоге брзо да го вратите балансот на кожата изиритирана од надворешни фактори и таа повторно да светне со здра#центела
Овој ефикасен крем за спот третман на иритираните делови на кожата на лицето, може да се користи и на целото лице бидејќи е лесен крем со хидратантно дејство. Лесно се апсорбира пружајки интензивно смирувачко дејство, заштита на кожата и баланс на водата и мастите.
Содржи 42% екстракт од азиска центела, 10% каламин, пеперминт и чајно дрво. Нуди здрава формула направена од природни состојки од кои кожата има бенефит и не содржи алкохол, PEG, силикони, минерални масла или било какви контроверзни состојки.
Се препорачува кај:
Клучни состојки:
Производот е дерматолошки тестиран.
Производот нема додадени вештачки бои и мириси, а неговата бледо розова боја се должи на природните состојки.
Направен од 90,4% природни состојки, од кои 13% се органски состојки, Aromatica Comforting Calendula Decoction Juicy Cream е совршен избор за Вашата кожа доколку ја чувствувате дехидрирана или иритирана.
Неговата формула е богата со церамиди и полисахариди од семе од тамаринд, благодарение на кои длабински ја хидрира кожата и подолго ја задржува влажноста.
Овој природен нежен крем, целисно е направен од безбедни состојки, поради што е погоден за чувствителна кожа, а совршен е дури и за бебиња.
Наместо вода, содржи 48% екстракт од цвет од невен кој го ублажува стресот на кожата и е исклучително ефикасен за смирување на кожата. Екстрактот од невен има антиоксидантни, анти-бактериски, антиинфламаторни, па дури и анти-габични својства.
Содржи шиа путер и кокосово масло кои ја навлажнуваат и омекнуваат кожата, но истовремено делуваат и анти-инфламаторно и помагаат за побрзо зараснување на раните.
Содржи екстракт алое вера, кој е богат со гликопротеини, кои имаат антиинфламаторни својства и полисахариди, кои можат да го стимулираат растот на кожата и да ги поправат нејзините недостатоци.
Се нанесува на лицето после балансирањето на pH нредноста со тонер. На сувите подрачја може да се нансува онолку пати колку што е потребно во текот на денот. Може да се користи самостојно или да се помеша со неколку капки масло за лице, доволно за да се задржи влагата без да се чувствува тешко или мрсно на кожата. Има свиленкаст финиш и е добра подлога за шминка.