1.850 ден Original price was: 1.850 ден.1.295 денCurrent price is: 1.295 ден.
Нема на залиха
Отстранете ги мртвите клетки од кожата, за совршено мазно и чисто лице сo Benton PHA Peeling Тoner.
PHA киселина се користи наместо AHA и за разлика од AHA не предизвикува фотосензитивност. Има минимални ефекти за фотосензитивност со PHA. Ги отстранува нечистотиите на кожата додека формира водена бариера, оставајќи ја кожата мазна и чиста.
Benton PHA пилинг тоникот содржи PHA, состојка за пилинг од третата генерација и природен навлажнувачки фактор. Овој тоник помага во измазнување и навлаж- нување на кожата стимулирајќи нежна ексфолијација.
Дерматолошки тестирано
Состав: вода, вода од цве од Centaurea cyanus, пентилен гликол, лактобионска киселина, натриум PCA, пропандиол, екстракт од цвет од Chrysanthemum morifolium, олеанолна киселина, натриум хијалуронат, натриум глуконат, дикалиум глициризат, екстракт од гранка од Enantia chlorantha, церамид NP, алантоин, бутилен гликол, каприлен/капрински триглицерид, хидрогениран лецитин, фитостерил/ октилдодецил лауроил глутамат.
1.850 ден Original price was: 1.850 ден.1.295 денCurrent price is: 1.295 ден.
Нема на залиха
Рамномерна текстура и воедначен тен е изглед на кожата посакуван од многумина, но оние што пробале многу производи знаат дека не е лесно да се постигне. Bubble Toner : Green Plum + AHA e одличен производ за таа намена, тоа е пенлив тонер кој ќе ви помогне лесно да ја постигнете целта.
Една од главните состојки на овој тонер е природно добиената АХА киселина од вода на зелена слива и екстракт од шеќерна трска. АХА гликолната киселина ги отстранува мртвите клетки од кожата за да да се добие подобра текстура на кожата и го поттикнува обновувањето на клетките што помага во измазнување на лузните и отстранување на пигментацијата.
АХА киселината е позната по својот анти-ејџ ефект. Постојаниот нежен пилинг, исто така, помага да се минимизира појавата на фини линии и брчки.
Уште една важна состојка е екстрактот од мед кој е природен антиоксиданс и ја зголемува хидратацијата и сјајот на кожата. Познато е дека го забрзува процесот на заздравување, помага при појава на акни, лузни и подобрување на тенот.
Водата од оризови трици го осветлува тенот и ја зајакнува целокупната состојба на кожата, па затоа во само неколку чекори добивате рамномерна, мека, хидрирана и зајакната кожа.
Водата пак од коренот на женшен е богата со антиоксиданси, кои се борат со знаците на предвремено стареење и стимулираат продукција на колаген.