1.290 ден Original price was: 1.290 ден.903 денCurrent price is: 903 ден.
Нема на залиха
Sulfur 3% Clean Gel на By Wishtrend е моќен производ кој помогне во борбата против акните.
By Wishtrend e бренд сконцентриран на решавање на проблемите со акните. Така By Wishtrend дојде до сулфурот кој се покажа како многу ефиксана состојка. Иако тој интензивно помага во смирување на кожата, заради неговиот специфичен мирис и сушењето на кожата е состојка за која е потребен голем напор да се вгради во добра козметичка формула. By Wishtrend успеа во оваа мисија и го создаде Sulfur 3% Clean Gel, производ кој ефиксно и комфорно ги искористува бенефитите на сулфурот.
Sulfur 3% Clean Gel е хидратантен гел кој ја спречува појавата на акни, ги одзатнува порите и ги смирува постоечите акни.
Неговата главна состојка, колоидниот сулфур, продира длабоко во порите каде ја суши површината на кожата за да го апсорбира вишокот маснотии и ги суши мртвите клетки на кожата за да ги отпушти порите. Исто така, поради своите антиинфламаторни и антибактериски својства, ги чисти порите од бактерии кои можат да предизвикаат акни и го спречува развојот на нови бактерии на кожата.
Oвој производ вклучува и две хидратантни состојки натриум хијалуронат и токоферол за да се спречи сувост на кожата.
Се препорачува за оние кои имаат кожа склона кон акни и кај мрсна кожа.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
◻️ Колоиден сулфур
◻️ Натриум хијалуронат
◻️ Токоферол
1.290 ден Original price was: 1.290 ден.903 денCurrent price is: 903 ден.
Нема на залиха
𝗚𝗹𝘆𝗰𝗼𝗹𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝟯𝟬% 𝗚𝗲𝗹 𝗣𝗲𝗲𝗹 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 е производ кој го препорачуваме за поискусните skincare корисници. Тоа е пилинг гел со 30% гликолна киселина, ретинол и зелен чај.
Пилинг гелот со 30% гликолна киселина, ретинол и зелен чај на 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 ги ексфолира мртвите клетки на кожата за да открие посветла, порамномерна и помазна површина на кожата.
Овој пилинг исто така помага да се минимизираат порите, комедоните и акните. Може да очекувате видливо подобрување на изгледот на фините линии, брчките, хиперпигментацијата и целокупната текстура на кожата.
Бенефит:
▪️ Продира во подлабоките слоеви на кожата, ги отстранува мртвите клетки и ги чисти порите за да открие почиста кожа.
▪️ Поттикнува здраво создавање на колаген.
▪️ Ги намалува фините линии и брчките.
▪️ Помага да се изедначи тонот на кожата и да се избледи хиперпигментацијата и темните дамки.
▪️ Се бори со акните и комедоните.
▪️ Ги намалува порите.
▪️ Не содржи штетни состојки.
▪️ Дава загарантирани резултати.
Употреба: Навлажнете го лицето и измијте го темелно. Нанесете го пилинг гелот на памучен тупфер и нанесете на лицето, избегнувајќи ја областа околу очите, ушите и усните. Пилинг гелот треба да стои на лицето само неколку минути и НЕ го оставајте повеќе од 8 минути. Исплакнете ја и темелно исчистете ја кожата со ладна вода. Во периодот кога го користите, мора задолжително да употебувате крем со заштитен фактор во текот на денот. Пред употреба мора да го прочитате деталното упаство и строго да се придржувате до него.
BIODANCE Collagen Mask To Foam Cleanser 150ml е мултифункционален 2-во-1 производ кој може да се користи како секојдневен пенлив чистач или како wash-off маска за длабинско чистење на порите. Неговата еластична, богата текстура помага во отстранување на нечистотиите, вишокот себум, црнките и белите точки, без непотребно сушење на кожата.
Формулата комбинира Collagen Extract, Hydrolyzed Elastin и Hydrolyzed Hyaluronic Acid со SYN-COLL (Palmitoyl Tripeptide-5), додека Niacinamide придонесува за порамномерен и посвеж изглед. Kaolin помага во апсорпција на вишокот себум и нечистотиите од порите.
Бенефити:
• 2-во-1 формула – чистач и wash-off маска
• Темелно ги отстранува нечистотиите и вишокот себум
• Помага во прочистување на порите
• Помага во отстранување на црнките и белите точки
• Содржи Collagen Extract и Hydrolyzed Elastin
• Hydrolyzed Hyaluronic Acid придонесува за хидратација
• SYN-COLL придонесува за помазен и поцврст изглед
• Kaolin помага во апсорпција на вишокот себум
• pH-балансирана формула погодна за секојдневна употреба
Начин на употреба:
Како секојдневен чистач, нанесете мала количина на влажни дланки, создадете пена и нежно масирајте на влажно лице околу 60 секунди, а потоа исплакнете со млака вода.
Како маска за длабинско чистење, нанесете на сува кожа избегнувајќи ги пределите околу очите и усните. Оставете да делува 1–3 минути, потоа навлажнете ги рацете, нежно масирајте и исплакнете со млака вода.
BIODANCE Caviar PDRN Jelly Serum Mist 50ml е мултифункционален serum mist со уникатна jelly-to-mist текстура која при распрскување се претвора во фина магла и лесно се впива во кожата.
Формулата комбинира Caviar Water 760,867ppm, Sodium DNA (PDRN) 1,000ppm, Caviar Extract и Salmon Egg Extract за ревитализирачка и firming нега. Niacinamide, Adenosine и комплексот од Hyaluronic Acid ја надополнуваат brightening, anti-aging и хидратантната нега.
Бенефити:
• Содржи 76% Caviar Water
• Содржи PDRN 1,000ppm
• Содржи Caviar Extract и Salmon Egg Extract
• Обезбедува интензивна хидратација
• Помага кожата да изгледа пополно и помазно
• Придонесува за поцврст и поеластичен изглед
• Niacinamide придонесува за посјаен и порамномерен тен
• Adenosine ја надополнува anti-aging негата
• Повеќе форми на Hyaluronic Acid помагаат во задржување на влажноста
• Остава свеж glass-skin glow
• Jelly-to-mist текстура
• Може да се користи како toner mist, serum или освежување во текот на денот
Начин на употреба:
Како mist, држете го производот на околу 20cm од лицето и распрскајте рамномерно. За поконцентриран serum ефект испрскајте од поблиску. Може да се користи по чистење, пред или по skincare производите, како и во текот на денот кога кожата има потреба од дополнителна хидратација и сјај.
Со текот на времето, кожата губи влажност и масло, што доведува до појава на ситни брчки и дисбаланс во лачењето на себум. Оваа нерамнотежа може да предизвика воспаленија и проширени пори. Beauty of Joseon го претставува Red Bean Water Gel, лесен хидратантен гел дизајниран специјално за кожа со зголемено лачење на себум, овозможувајќи ѝ на кожата интензивна влажност без чувство на маснотија.
Формулата содржи 44% екстракт од црвен грав, богат со сапонини кои ја регулираат себумската секреција и помагаат во прочистување на порите. Дополнително, комбинацијата од три вида пептиди го поддржува здравјето на кожата, помагајќи во подобрување на еластичноста и намалување на фините линии.
Beauty of Joseon Red Bean Water Gel претставува совршена комбинација на традиционална корејска нега и модерна дерматолошка наука – лесен, но ефикасен хидратантен гел кој ја штити, балансира и храни кожата.