1.720 ден 1.296 ден
Нема на залиха
Формулирана со 83,25% екстракт од прополис, оваа висококонцентрирана ампула го осветлува тенот и на кожата ѝ пружа долготрајна хидратација и таа зрачи со младешки сјај.
1.720 ден 1.296 ден
Нема на залиха
Polyphenols in Propolis 15% Ampoule ампула која благодарение на своите антиинфламаторни, хранливи, хидратантни и смирувачки свјства помага во борбата против акните, ја смирува и хидрира кожата.
Екстрактот од прополис со потекло од регионот Оверњ во Франција содржи два вида на полифеноли, катехин и кверцетин. Тие се добри антиоксданти, исто така ефективни состојки за нега на кожата. Дополнително, екстрактот од Houttuynia cordata и цинк PCA помагаат во смирување на кожата и имаат антибактериски својства. Со тоа помагаат во борбата против акните. Навлажнувачките состојки како натриум хијалуронат, пантенол и бетаин, ефикасно на кожата ѝ ја пружаат потрбната влажност.
Употреба: По чистењето подгответе ја кожата со тонер и нанесете рамномерно 3-4 капки на лицето. Рутината завршете ја со навлажнувач.
Mizon Hyaluronic Acid 100 ампулата нуди решение за дехидрираната кожа и намалување на брчките. Со висока концентрација на хијалуронска киселина (50%) која моќно делува во хидратацијата на кожата, со брза и оптимална апсорпција, ја зацврстува кожната бариера и не дозволува губење на влажноста на кожата. На кожата и дава полн и свеж изглед.
Оваа ампула, со нелеплива завршница, видливо го освежува изгледот на кожата одржувајќи ја длабински хидрирана, еластична со што ја спречува појавата на фини линии и брчки. Аденозинот овозможува нега на брчките, обновување и баланс на влажноста на кожата.
Тоа е хипоалерген производ, без вештачки бои, ароми и парабени. Дерматолошки е тестиран. Погоден е за употреба кај чувствителна кожа и не предизвикува иритации.
На крајот на денот ја чувствувате вашата кожа уморна, опуштена и без сјај. Вратете ѝ ја енергијата и пружете ѝ моќно ревитализирачко дејство со Skin Recovery Night Repair Seruming Ampoule на познатиот корејски бренд Mizon. Во текот на ноќта, додека спиете формулата на оваа ампула ќе работи за да ве остави задоволни кога ќе се погледнете во огледалото наредното утро.
Активно делува на кожата и ја снабдува со енергија во текот на 12 часа и можете да ја користите наместо ноќна крема без дополнителен навлажнувач.
Тоа е високо збогатена ампула која моќно ја ревитализира кожата додека спиете. Спаѓа во функционална анти-ејџинг козметика одобрена од Министерство за безбедност на храна и лекови на Р. Кореја. Содржи ниацинамид и аденозин, докажани анти-ејџ состојки со двојна функција, намалување на брчките и подобрување на тенот.
Специјално формулирана за зацврснување на опуштената кожа и да ја регенерира оштетената кожа. Ја зајакнува заштитната бариера со што ја прави кожата поотпорна на надворешните штетни влијанија и истовремено ја смирува иритацијата предизвикана од штетно UV зрачење или загадување.
Оваа ампула содржи пептиди кои го поттикнуваат создавањето на колаген во кожата и ја подобруваат нејзината еластичност.
Витаминот Е е антиоксидант кој го спречува дејството на слободните радикали. Toj ги штити клетките и ја подобрува функцијата на клетките.
Хијалуронската киселина, бета-глуканот и нато гумата го одржуваат нивото на влажност во кожата, со што кожата се одржува свежа и полна. Патентираната нато гума која се добива со ферментација на соини зрна ја надополнува функцијата на хијалуронската киселина со зголемување на нивото на природниот навлажнувачки фактор (NMF).
Клучни состојки: