299 ден Original price was: 299 ден.194 денCurrent price is: 194 ден.
Збогатена со прополис, матична млеч и екстракт од мед, оваа лист-маска ѝ пружа прихрана и долготрајна хидратација на кожата.
299 ден Original price was: 299 ден.194 денCurrent price is: 194 ден.
FAU Shiny Pumpkin Vegan Jelly-Pad се вегански хидрогел лепенки за интензивна нега и смирување на кожата.
Овие мултифункционални хидрогелни лепенки, збогатени со екстракт од млада тиква со потекло од кореја и и екстракт од тиква ферментиран со лактобацилус, обезбедуваат длабинска нега и зајакнување на кожата. Со својата лесна, хидрогел текстура, веднаш се прилепуваат на кожата, создавајќи ефект на освежување и ладење.
Совршено се прилагодуваат за осетливите зони околу очите, усните и челото, но и за поголеми површини како образите и вратот. Благодарение на 100% растворливата формула, тие постепено ја ослободуваат својата хранлива есенција, оставајќи ја кожата еластична, мазна и ревитализирана.
Главни придобивки:
Клучни состојки:
Како да се користи:
Со помош на шпатула, поставете ги поголемите облоги околу очите, а помалите на местата кои имаат потреба од посебна нега, како што се пределот околу усните или челото. Оставете ги да делуваат 20-30 минути, а потоа нежно тапкајте за да се апсорбира преостанатата есенција.
Со Shiny Pumpkin Vegan Jelly-Pad, вашата кожа ќе биде видливо смирена, хидрирана и свежа со само еден третман!
Skin1004 Madagascar Centella Tone Brightening Glow Mask е маска за лице која овозможува природно осветлување и изедначување на тенот, додека ја смирува и хидрира кожата. Формулирана со екстракт од чиста Centella Asiatica од Мадагаскар, во комбинација со ниацинамид и транексамична киселина, оваа маска таргетира темни дамки, хиперпигментации и нерамномерен тон.
Со патентираната состојка MadeWhite™, ниацинамид и витамин Ц дериват (3-O-Ethyl Ascorbic Acid), овозможува осветлување на кожата и го намалува појавувањето на нови флеки. Маската е благо кисела за да го одржува pH балансот, додека ткаенината од микрофибер лесно се прилагодува на кожата, овозможувајќи удобна и ефективна нега.
Богата е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Придобивки:
Погодна е за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна.
Како се користи: Нанесете ја маската на чисто и тонирано лице, избегнувајќи ги очите и усните. Оставете ја 10-20 минути, потоа нежно тапкајте за да се апсорбира преостанатата есенција.