-
COSRX Pure Fit Cica Calming True Sheet Mask
299 денOriginal price was: 299 ден.269 денCurrent price is: 269 ден.Во потрага сте по брз и ефикасен начин за подобрување на состојбата на кожата? Ќе ви претставиме еден производ со кој ќе постигнете навлажнета и сјајна кожа само во еден чекор, со видливи резултати по само 1 употреба.
Ви ја претставуваме лист-маската COSRX Pure Fit Cica Calming True Sheet Mask потопена во делотворна есенција богата со екстракти од азиска центела, коja нуди инстант решение за смирување на иритацијата и црвенилото, пружа богата хидратација и поттикнува заздравување на кожата.
Tкаенината од лист-маската потопена во богата есенција, поставете ја на лицето и оставете ја да делува 15-20 минути. Ќе забележите видливо подобрување на кожата само по 1 употреба. Кожата веднаш добива подобар тон, полн изглед и зрачи со здрав сјај.
❤️🩹 Погодна е за употреба кај сите типови кожа, а посебно се препорачува за употреба кај чувствителна кожа со ослабната заштитна бариера на која ѝ е потребна интензивна смирувачка нега. Го поттикнува заздравувањето на кожата, го смирува црвенилото и ја зајакнува кожата и нејзината заштитна бариера.
Есенцијата од оваа маска е формулирана со Pure Fit CICA-7, патентиран природен комплекс направен од 7 состојки добиени од центела кој содржи:
- азиатикозид
- азиатична киселина
- мадекасинска киселина
- мадекасозид
- екстракт од азиска центела
- екстракт од лист од азиска центела
- екстракт од корен од азиска центела
Дејство на CICA-7 комплексот:
- Ја смирува иритираната кожа
- Ја штити чувствителната кожа
- За зајакнува бариерата на кожата
Употреба: По миењето на лицето, извадете ја лист-маската од пакувањето. Покријте го лицето со маската започнувајќи со делот околу очите. По 15 до 20 минути отстранете ја маската и нежно тапкајте го лицето за да се впие преостанатата есенција. Содржината од маската не се измива туку се остава да делува на лицето, се тапка за да се впие целосно.
-
COSRX Pure Fit Cica Clear Cleansing Oil 200ml
2.190 денOriginal price was: 2.190 ден.1.971 денCurrent price is: 1.971 ден.Темелното чистење е клучно за здрава и негувана кожа. Според корејската рутина за нега се препорачува двојно чистење, посебно во вечерната рутина, кое вклучува маслен чистач како прв чекор и пенлив чистач како втор чекор.Чистењето со масло за миење помага темелно да се отстрани нечистотијата без да се наруши бариерата на кожата.Започнете ја рутината за нега со 𝐏𝐮𝐫𝐞 𝐅𝐢𝐭 𝐂𝐢𝐜𝐚 𝐂𝐥𝐞𝐚𝐫 𝐂𝐥𝐞𝐚𝐧𝐬𝐢𝐧𝐠 𝐎𝐢𝐥, масло за миење лице. Тоа е лесно освежително масло за миење кое веднаш ја топи шминката, нечистотиите во порите и прашината, пружајќи длабинско, хидратантно чистење без мрсна завршница. Идеален за сите типови кожа, вклучително и мрсна и чувствителна.Што го прави ова масло за миење лице посебно?Погодно е за употреба и кај најчувствителната кожа. Има повеќекратно поволно дејство врз кожата. Составено е од природни состојки со најголема застапеност на патентираниот CICA-7 комплекс, за ефиксано смирување, хидратација и разладување на нежната и чувствителна кожа. Не само што ја чисти кожата туку ја подобрува и нејзината заштитна бариера.Комплексот CICA-7 еприроден комплекс направен од 7 состојки добиени од центела.CICA-7 комплексот содржи:- азиатикозид
- азиатична киселина
- мадекасинска киселина
- мадекасозид
- екстракт од азиска центела
- екстракт од лист од азиска центела
- екстракт од корен од азиска центела
Дејство на CICA-7 комплексот:- Ја смирува иритираната кожа
- Ја штити чувствителната кожа
- За зајакнува бариерата на кожата
Ефикасно ја отстранува и најтврдокорната шминка, ги чисти затнатите пори за да спречи појава на црнки и затворени комедони и отстранува 99% од загадувачите од околината, како што е ситната прашина која лесно може да ја оштети кожата.
Има лесна текстура која нуди освежувачко длабинско чистење што ја хидрира кожата без да остави чувство на масна и тешка завршница.Сите состојки се со зелено (највисоко) ниво на безбедност според EWG. Докажано е неиритирачко со спроведување на дерматолошки тест за чувствителност на кожата.