1.590 ден Original price was: 1.590 ден.1.431 денCurrent price is: 1.431 ден.
Нема на залиха
Вискозен навлажнувачки серум што ја прави кожата еластична. Обезбедува длабинска хидратација за сува и дехидрирана кожа.
1.590 ден Original price was: 1.590 ден.1.431 денCurrent price is: 1.431 ден.
Нема на залиха
Разбудете се со мазна и сјајна кожа со оваа ноќна серумска маска збогатена со 110.000 ppm AHA, BHA и PHA за ексфолијација на мртвите клетки на кожата и вишокот себум од површината и порите на кожата. Формулата што брзо се апсорбира не е леплива и е збогатена со екстракт од шеќерна трска, екстракт од портокал и екстракт од корен од куркума за осветлување на кожата.
Предности:
Серумска маска за спиење која обезбедува сеопфатна нега на порите.
Збогатена со ретинол, обезбедува ефект на стеснување на порите.
110.000 ppm AHA, BHA и PHA помагаат во ексфолијацијата и го намалуваат прекумерниот себум.
Текстурата на ампулата е лесна за апсорбирање и обезбедува нелеплив финиш.
Начин на употреба:
1. Во последната фаза од ноќната нега на кожата, нанесете соодветна количина на лицето.
2. Нанесете дополнителна количина на областите со големи пори за да забележите побрз ефект.
3. Препорачливо е да се користи еднаш или двапати неделно.
Предупредување: При првата употреба може да се почувствува мало пецкање или црвенило .
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Relief Ampoule е смирувачка ампула (серум) за проблематична кожа.
Оваа ампула е специјално формулирана за да пружи идеално решение за кожа склона кон акни и чести воспаленија. Овој корејски серум содржи импресивни 80% од Tea-Trica комплексот, кој претставува моќна фузија од вода од чајно дрво и екстракт од центела за моментално смирување на иритираната кожа. Нејзината примарна задача е да ги третира активните воспаленија, истовремено спречувајќи го појавувањето на нови неправилности преку одржување на здрава рамнотежа на епидермисот.
Формулата е збогатена со патентираниот ANTI SEBUM P(HD) комплекс, кој има клучна улога во регулирањето на прекумерното лачење маснотии и видливото стеснување на порите. Текстурата на ампулата е исклучително лесна и течна, што овозможува таа веднаш да се впие во кожата без да остави никаков леплив остаток или чувство на тежина. Како некомедоген производ, оваа ампула е целосно безбедна за кожа со пори кои лесно се затнуваат, нудејќи хидратација и свежина кои траат во текот на целиот ден.
Мадагаскарската Centella asiatica која ја сождржи оваа ампула се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Оваа SKIN1004 Tea-Trica ампула е совршена за мрсна, комбинирана и чувствителна кожа која се соочува со акни, бидејќи е некомедогена и клинички е докажано дека не предизвикува иритации и активно помага во заздравувањето на кожата.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од ампулата (неколку капки со пипетата) директно на претходно исчистено лице и тонирана кожа. Рамномерно распоредете го производот и нежно тапкајте со дланките за да ја поттикнете неговата целосна апсорпција. Користете ја наутро и навечер пред нанесување на хидратантен крем.