299 ден Original price was: 299 ден.194 денCurrent price is: 194 ден.
Формулирана со тројна хијалуронска киселина, брзо апсорбирачката есенција од оваа маска на кожата ѝ дава чуство на богата хидратација и свежина.
299 ден Original price was: 299 ден.194 денCurrent price is: 194 ден.
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Relaxing Mask е лист-маска специјално дизајнирана за смирување на иритирана, мрсна и кожа склона на акни. Богата со комплекс од чајно дрво, азиска центела од Мадагаскар и салицилна киселина, оваа маска помага да се намалат воспаленијата, да се исчистат порите и да се регулира вишокот себум.
Лесната и освежувачка есенција брзо се апсорбира без лепливост, додека кожата останува балансирана.
Придобивки:
Главни состојки:
Tea-Trica Relaxing Mask е идеално решение за оние што сакаат чиста, смирена и балансирана кожа без вишок масло и несакани нечистотии.
Начин на употреба: По чистење и тонирање, поставете ја маската рамномерно на лицето избегнувајќи ги очите и усните. Оставете да делува 10-20 минути, а потоа нежно тапкајте го преостанатиот серум за подобра апсорпција.
Biodance Hydro Cera-nol Real Deep Mask е хидрогел маска со висока концентрација на активни состојки која обезбедува длабинска хидратација и обновување на кожната бариера. Брзо ја смирува и разладува иритираната и вцрвенета кожа. За разлика од обичните лист маски, секоја содржи цело шише ампула, претворено во хидрогел форма, што овозможува максимално апсорбирање на формулата во кожата.
Патентираниот комплекс Hydro Cera-nol делува синергиски за смирување на иритации, намалување на црвенилото и заштита од губење на влага, додека 50.000 ppm глечерска вода богата со минерали создава чувство на свежина и подобрува апсорпција.
Придобивки:
Клучни состојки
Клинички докажано хидратацијата на кожата се зголемува за 951.31%, црвенилото се намалува за 121%, а температурата на кожата намалена за 5.1°.
Начин на употреба: Ако ја користите преку ноќ, нанесете ја маската како последен чекор од вечерната рутина за нега и оставете ја да делува во текот на ноќта додека спиете. Наутро отстранете ја. Ако ја користите преку ден, по нанесување на тонер или серум, поставете ја маската и оставете ја да делува 3–4 часа или сè додека не стане транспарентна. За разлика од класичните лис-маски, оваа хидрогел маска постепено се апсорбира и станува транспарентна, без воден остаток на површината. По препорачаниот период, извадете ја нежно. Нема потреба од миење, оставете ги активните состојки да продолжат да делуваат.
Искористeте ги деловите од маската од отворите за очи и уста и поставете ги на страните на носот, под очите, на вратот или на било кој дел од лицето каде што сакаш дополнителна хидратација и зацврстување.
Matrigen Skin Repair Mask е високософистицирана лист-маска (sheet mask) дизајнирана за моментално ревитализирање на кожата изложена на стрес. Оваа маска претставува вистинска „хидратантна бомба“ која нуди тројна нега, длабинска хидратација, интензивно смирување и моќен анти-ејџ ефект. Изработена е од материјал кој совршено се прилепува на лицето, овозможувајќи и на богатата есенција да навлезе длабоко во порите. Идеална е за професионална салонска нега и во домашни услови, враќајќи го свежиот и одморен изглед на лицето уште по првото нанесување.
Оваа маска нуди решение за оние со сува кожа на која ѝ е потребна силна хидратација, за лица со уморен тен кој го изгубил својот природен сјај, како и за кожа со нарушена бариера поради стрес или надворешни влијанија. Таа е специјално наменета како итен третман по козметички процедури како хемиски пилинг или микронидлинг (дермапен), бидејќи веднаш го намалува црвенилото и ја забрзува регенерацијата. Со редовна употреба, маската видливо ги намалува фините линии и ја враќа виталноста на кожата.
Комплексот од 6 видови пептиди (вклучувајќи Copper Tripeptide-1 и Palmitoyl Pentapeptide-4) е клучниот столб на оваа формула. Овие пептиди делуваат како клеточни гласници кои го стимулираат производството на колаген и еластин, го зајакнуваат заштитниот слој на кожата и обезбедуваат долготрајна цврстина и еластичност.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
Начин на употреба: По миење на лицето, подгответе ја кожата со тонер. Извадете ја маската од пакувањето и поставете ја на лицето според контурите. Оставете ја да делува 15-20 минути, а потоа нежно отстранете ја. Преостанатата есенција нежно тапкајте ја во кожата додека целосно не се впие. Не плакнете со вода. Се препорачува употреба 1-2 пати неделно или по потреба за итна регенерација.