790 ден
COSRX Low pH Good Morning Gel Cleanser e нежен, благо киселкаст гел за миење на лице кој не ја иритира кожата, но темелно ги отстранува сите нечистотии. На кожата ѝ ја враќа оптималната pH вредност и ја штити од надворешни надразнувачи.
Темелно ја чисти кожата без да ѝ ја одземе влажноста, оставајќи ја свежа, витална и без чувство на затегнатост.
Наменет е за употреба кај сите типови кожа, а посебно е погоден за чувствителна кожа.
790 ден
Кога барате најдобар гел за чистење на лице, важно е да изберете производ кој има моќна способност за чистење, без да ја наруши природната бариера на кожата.
Green Plum Refreshing Cleanser од Beauty of Joseon е нежен пенлив чистач кој темелно ги отстранува сите нечистотии, себум и остатоци од шминка, без да предизвика иритација или сушење.
Здравата кожа има блага киселост благодарение на природните киселински компоненти што ги лачат потните и лојните жлезди. Кога pH балансот се нарушува, кожата станува чувствителна, склона кон воспаленија и сува.
Green Plum Refreshing Cleanser е идеален избор за секојдневно користење, обезбедувајќи свежа, мазна и балансирана кожа, без чувство на сувост.
Најважниот чекор во негата на кожата е чистењето. Ако нечистотијата на кожата и себумот не се измијат темелно и се остават да се акумулираат во порите, тие можат да предизвикаат воспаленија.
Започнете ја утринската рутина за нега на лицето со 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗚𝗿𝗲𝗲𝗻𝗳𝘂𝗹 𝗣𝗛-𝗕𝗮𝗹𝗮𝗻𝗰𝗲𝗱 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗶𝗻𝗴 𝗙𝗼𝗮𝗺. Тоа е кремаст пенлив чистач кој пружа голема сатисфакција од употребата. Нежен е со кожата, но е немилосрден со нечистотиите. На кожата и ја враќа оптималната pH вредност неопходна за одржување на здрава кожа
Постои причина зошто оваа пена за чистење на лицето е добитник на голем број награди во Кореја. Тоа е една од најнежните и најпријатните пени за чистење кои било кога сте ги пробале.
Резултатите од завршениот тест покажуваат дека е врши ултра фино чистење кое отстранува 99% од ултра ситната прашина, што докажува дека тоа е производ кој го чисти не само кремот за сончање, основната шминка, туку и ултра ситната прашина.
Содржи 33% екстракт од мунго грав кој помага да се отстранат нечистотиите од порите, но и да се врати изгубената хидратација за да се одржи кожата мека, мазна и еластична.
Исто така содржи и прав од мунго грав кој прави нежен пилинг за елиминирање на мртвите клетки и вишокот маснотии од кожата.
Не содржи вештачки сурфактанти туку сурфактанти на база на амино киселини.Состојките кои се пријателски кон кожата имаат добра способност за чистење и создаваат богата пена со фини меурчиња.
𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗚𝗿𝗲𝗲𝗻𝗳𝘂𝗹 𝗽𝗛-𝗯𝗮𝗹𝗮𝗻𝗰𝗲𝗱 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗶𝗻𝗴 𝗙𝗼𝗮𝗺 има освоено повеќе награди доделени врз база на рецензиите на корисниците на Hwahae, најпопуларната мобилна апликација за козметички рецензии во Јужна Кореја и Olivie Young, најголемиот синџир на козметички продавници во земјата.