1.350 ден Original price was: 1.350 ден.1.283 денCurrent price is: 1.283 ден.
Нема на залиха
COSRX Pure Fit Cica Тонер е производ за интензивна нега на кожата и е напредно решение за деликатна и нежна кожа. Овој производ го стимулира заздравувањето на кожата и ѝ пружа интензивен смирувачки ефект.
Тоа е висококонцентриран тонер со растителна основа, кој соджи 81% CICA-7 комплекс. Тоа е природен комплекс направен од 7 состојки добиени од центела.
CICA-7 комплексот содржи:
– азиатикозид,
– азиатична киселина,
– мадекасинска киселина,
– мадекасозид,
– екстракт од азиска центела,
– екстракт од лист од азиска центела,
– екстракт од корен од азиска центела.
Во својата формула покрај CICA-7 комплексот содржи и екстракт од Pinus pinaster (приморски бор). Неговата висококонцентрирана формула помага во заздравување и зајакнување на ослабнатата кожа.
Дејство на CICA-7 комплексот:
– Ја смирува иритираната кожа.
– Ја штити чувствителната кожа.
– За зајакнува бариерата на кожата.
Дејство на екстракт од Pinus pinaster (приморски бор):
– Ја освежува кожата.
– Ја ревитализира кожата.
Со 81,9% Pure Fit CICA-7 Complex кој комбинира смирувачки, навлажнувачки и зајакнувачки состојки, овој тонер ја смирува иритираната кожа.
Pure Fit CICA-7 Complex 81.9%: азијатикозид, азијатна киселина, мадекасинска киселина, мадекасозид, екстракт од Centella asiatica, екстракт од лист од Centella asiatica, екстракт од корен од Centella asiatica.
1.350 ден Original price was: 1.350 ден.1.283 денCurrent price is: 1.283 ден.
Нема на залиха
Beauty of Joseon Ginseng Essence Water е богата есенција со 80% гинсенг вода, создадена за интензивна хидратација, подмладување и изедначување на тенот на кожата. Гинсенгот, познат како “билка од боговите” во корејската традиција, е клучна состојка за здрава и негувана кожа.
Нанесете мала количина на есенцијата на чисто лице по тонерот и нежно тапкајте додека не се апсорбира. Може да се користи и како хидратантен чекор во утринската и вечерната рутина.
Оваа есенција е идеална за сите типови кожа, особено за оние што бараат длабока хидратација, подмладување и подобрување на текстурата на кожата.
Во потрага сте по тонер без есенцијални масла и без мирис? Дозволете да ви го претставиме Supple Preparation Unscented Toner, бестселер на популарниот корејски бренд Dear, Klairs. Тоа е тонер без мирис кој не содржи есенцијални масла, погоден за употреба кај сите типови кожа, а посебно кај чувствителната.
Овој тонер ја балансира pH вредноста на кожата и ја подобрува ефикасноста на целата рутина за нега која следува, помагајќи да го извлечете најдоброто од производите од наредните чекори, како есенции, серуми или креми и да ја постигнете посакуваната состојба на кожата.
Има нежна гел текстура, брзо се апсорбира и обезбедува целосна хидратација.
Овој хидратантен тонер е направен со мешавина од различни растителни екстракти и смирувачки состојки. Производот е vegan friendly.