1.450 ден Original price was: 1.450 ден.1.305 денCurrent price is: 1.305 ден.
Нема на залиха
Оваа “две во едно” течност збогатена со вода од кора од врба има разладувачко дејство, ги намалува порите и ја измазнува текстурата на кожата, правејќи ја кожата чиста и сјајна.
Покрај тоа содржи бетаин салицилат и бетаин кои помогаат во намалувањето на порите и создавање помазен тен. Алантоинот, пантенолот и ментолот обезбедуваат хидратантна и смирувачка нега.
Предности:
Грижа за порите и хидратација истовремено
Како да се користи:
Испумпајте од содржината 1-2 пати на дланка и нанесете рамномерно на лицето. Користете памукче и избришете го вишокот со движење во правец на текстурата на кожата.
Главни состојки:
Вода од кора од Salix Alba (врба), бутилен гликол, хидроксипропил циклодекстрин, вода, пентилен гликол, 1,2-хександиол, бетаин салицилат, аргинин, бетаин, PEG-60 хидрогенизирано рицинусово масло, алантоин, пантенол, етилхексилглицерин, натриум хијалуронат, карбомер, екстракт од семе од Cassia Tora, ментил лактат, екстракт од Mentha Arvensis (коњска опашка).
1.450 ден Original price was: 1.450 ден.1.305 денCurrent price is: 1.305 ден.
Нема на залиха
My First Essener на корејскиот бренд Sioris, ги комбинира хидрантните својства на тонерот со хранливите својства на есенцијата во една моќна формула. Во својот состав, ја вклучува органската вода од зелен чај (47,5%) богата со антиоксиданси и витамин Б, која ја смирува иритацијата и ја штити кожата од стрес обезбедувајќи природен мирис на билки. Полиглутаминската киселина, добиена од ферментирани соини зрнца, помага во задржувањето на влажноста на кожата.
Екстрактот од лист од Artemisia princeps кој е богат со минерали заедно со цветната вода од Rose damascena, ја смирува кожата и ја зајакнува виталноста. Трикратната хијалуронска киселина и бетаин се додадени за дополнително да го спречат губењето на влажноста и длабоко да ја хидрираат кожата, одржувајќи ја цврста и еластична.
Овој органски сертифициран, 100% природен производ, со малку вискозна текстура и лесна апсорпција, е одличен за сите типови на кожа вклучително и чувствителна кожа. Формулиран е без парабени, вештачки мирис, адитиви или штетни хемикалии.
Употреба: По чистењето на лицето, нежно нанесете соодветна количина на дланките и тапкајте за целосна апсорпција.
Се препорачува за чувствителна, мрсна или кожа склона кон акни, но и за сите останати типови кожа. Овој воден хидратантен крем е збогатен со природен сок од бреза за подобрување на нивото на хидратација на кожата, одржувајќи рамнотежа на маслото и водата и спречувајќи прекумерно производство на себум и понатамошни осипи. Резултатот е смирена кожа со подобрена текстура и тон.
Карактеристики Предности:
Лесен хидратантен лосион формулиран со 70,8% сок од бреза (сок од betula platyphylla japonica) кој ефикасно ја хидрира и смирува кожата. Содржи масло од лист од чајно дрво за одличен смирувачки ефект. Спречува губење на влага и обезбедува смирувачка нега за уморна, чувствителна кожа. Погоден за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна и кожа склона кон акни.
Начин на употреба: По чистењето и тонирањето, нанесете соодветна количина на лицето. Нежно тапкајте додека целосно не се апсорбира.
Никогаш не заборавајте да ја заштитите кожата од сонце. Штетните UV зраци, иако со рзличен интензитет, се присутни во текот на целата година и се причинител за предвремено стареење на кожата. Затоа заштитата од сонце е неопходна во сите годишни времиња.
COSRX, Aloe Soothing Sun Cream е совршено решение за секојдневна заштита на кожата од штетните UV зраци, бидејќи не предизвикува иритација на чувствителната кожа на лицето и не ги затвора порите.
Има нежна текстура и лесно се впива во кожата без да остави бела или мрсна трага. Тоа е производ кој не предизвикува иритација и погоден е за употреба кај чувствителна кожа.
Формулата со екстракт од алое е нежна со кожата, ја негува и ѝ ја дава потребната хидратација, додека ѝ пружа ефикасна заштита од UVA и UVB зраците истовремено.