1.190 ден Original price was: 1.190 ден.1.071 денCurrent price is: 1.071 ден.
Маската за спиење Ultimate Nourishing Rice Overnight Spa Mask содржи 65% екстракт од ориз и други природни состојки за осветлување, негување и хидратација на вашата кожа додека спиете. Нанесете ја навечер во последниот чекор од Вашата рутина за нега на кожата. Оставете ја да делува преку ноќ додека спиете . Исплакнете ја следниот ден.
Предности:
Ноќната маска која содржи 65% екстракт од корејски ориз обезбедува хидратација и осветлувачки ефект додека спиете за да се разбудите сои мека, мазна и посветла кожа. Содржи 3,9% ниацинамид за хидратација на кожата, за омекнување и за подобрување на текстурата на кожата снабдувајќи ја со хранливи материи во текот на целата ноќ. Клинички тестирана за иритација на кожата. Погодна за чувствителна кожа.
Може да се користи и како хидратантен крем.
Начин на употреба:
Во последната фаза од вашата вечерна рутина за нега на кожата, нанесете ја ноќната маска рамномерно на лицето и оставете ја преку ноќ за подобра апсорпција.
Збогатена со повеќе од 68,9% екстракт од ориз, оваа маска ѝ пружа интензивна нега и исхрана на кожата со длабинска хидратација и осветлување на пигментацијата.
1.190 ден Original price was: 1.190 ден.1.071 денCurrent price is: 1.071 ден.
SKIN1004 Madagascar Centella Hyalu-Cica Sleeping Pack 100ml е ноќна маска за хидратација и регенерација на кожата додека спиете.
Тоа е ноќна маска во вид на ноќен крем со лесна, ладна гел текстура која е дизајнирана да ја подмлади, хидрира и смири кожата во текот на ноќта.
Богата е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Оваа ноќна маска (Sleeping Pack) е идеален за сите типови кожа, а особено за сува, дехидрирана, уморна и чувствителна кожа која има потреба од ревитализација и регенерација.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Навечер, како последен чекор од вашата основна рутина за нега на кожата (по чистење, тонирање и серум), нанесете обилна количина од маската рамномерно на лицето и вратот. Не е потребно плакнење. Оставете ја маската да дејствува преку ноќ и исплакнете го лицето наутро.
Дали сте во потрага по крем за 24/7 хидратација?
Ви го препорачуваме 𝗗𝗮𝘆/𝗡𝗶𝗴𝗵𝘁 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵, лесен за употреба преку ден, но доволно хранлив за употреба во текот на ноќта. Содржи моќни состојки кои ги отстрануваат брчките и ја спречуваат појавата на нови.
Клучни состојки:
▪️ слуз од полжав
▪️ хијалуронска киселина
▪️ трипептиди
▪️ екстракт од зелен чај
▪️ пантенол
▪️ екстракт од азиска центела
▪️ екстракт од женшен
Оваа извонредна листа на состојки на 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗗𝗮𝘆/𝗡𝗶𝗴𝗵𝘁 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 зборува многу за неговото дејство.
Формулиран со слуз од полжав која помага во репарирање на оштетувањата на кожата, хијалуронска киселина за хидратација и надополнување на нивото на влага во кожата, зелен чај за заштита од слободните радикали, пептиди кои помагаат во зајакнување, зацврстување и подобрување на еластичноста на кожата, пантенол и азиска центела кои помагаат во смирување на кожата и екстракт од женшен кој ја спречува појавата на брчки.
Овој крем обезбедува оптимална хидратација за кожата, ѝ помага природно да се обнови и ги враќа природните свежина и сјај со секое нанесување.
Следете како изгледаат фините линии, брчките, хиперпигментацијата и лузните и забележете како исчезнуваат со редовната употреба. Овој ултра-мек крем ја подмладува и обновува кожата за здрав, помладешки изглед и блескав тен.