Земја на производство: Шпанија
Состав: Aqua (Water), Dimethylaminoethanol Tartrate, Sodium Hyaluronate, Propanediol, Disodium EDTA, Alginic Acid, Silanetriol, Sodium Hydroxide, Benzyl Alcohol.
1.150 ден
DMAE Instant Lift Ампула – ефект на лифтинг без игли
Оваа концентрирана ампула за локална апликација обезбедува моментален лифтинг ефект, ревитализирајќи ја кожата и враќајќи ѝ ја цврстината и еластичноста. Благодарение на активната состојка DMAE (диметиламиноетанол), природна и водорастворлива супстанција од органско потекло, оваа формула делува како ефикасна неинвазивна алтернатива против стареење на кожата.
DMAE помага во намалување на фините линии и брчки, додека во исто време го унапредува тонот на кожата и нејзината текстура. Со редовна употреба, кожата станува поцврста, со подобрени контури на лицето и намалени знаци на умор. Ампулата обезбедува длабинска хидратација, унифициран тен и природен сјај.
Клучни бенефити:
Ја подобрува еластичноста и цврстината на кожата
Делува како природен лифтинг, без хируршка интервенција
Видливо ги намалува знаците на стареење
Ја уедначува текстурата и го подобрува тенот
Содржи антиоксидантни својства што ја штитат кожата од надворешни влијанија
Ја задржува влагата и го поддржува хидратацискиот баланс
Може да се комбинира со други активни состојки како пептиди и антиоксиданси
Погодна за повеќето типови кожа, вклучувајќи зрела, сува и комбинирана кожа, оваа ампула е совршено решение за секој што бара видлива трансформација без инвазивни третмани.
Начин на употреба:
Нежно протресете ја ампулата.
Ставете го апликаторот на врвот од ампулата за да ја скршите.
Вметнете го апликаторот.
Истурете ја содржината во дланката и нанесете ја на чиста кожа на лицето, вратот и деколтето.
Масирајте со врвовите на прстите сè додека целосно не се апсорбира, потоа нанесете ја вообичаената или препорачана крема.
Мерки на претпазливост: За ваша безбедност, користете го приложениот апликатор за отворање на ампулите. Никогаш не отворајте со непокриени раце. Производот не е за инјектирање. Избегнувајте контакт со очи и слузници. Чувајте го подалеку од дофат на деца.
Земја на производство: Шпанија
Состав: Aqua (Water), Dimethylaminoethanol Tartrate, Sodium Hyaluronate, Propanediol, Disodium EDTA, Alginic Acid, Silanetriol, Sodium Hydroxide, Benzyl Alcohol.
1.150 ден
AMPLE:N Ceramide Shot Ampoule е блага, неиритирачка ампула од церамид збогатена со патентирана состојка Cerafull Complex од 50.000 ppm. Служи за хидратација и негување на кожата. Патентираната состојка Arctigenin ја зајакнува бариерата на кожата и и’ ја враќа еластичноста и сјајот. Алантоинот служи за смирување на кожата.
Предности:
Збогатена со 50.000 ppm Cerafull Complex™ за негување на сувата, иритирана кожа и за богата хидратација.
Патентираниот Arctigenin ефикасно ја зајакнува бариерата на кожата за да се добие здрава, сјајна кожа. Помага во спречување на губење на влагата и подобрување на текстурата и еластичноста на кожата.
Благата формула која содржи алантоин ефикасно ја смирува кожата и создава чувство на удобност. Тестирана е и не предизвикува иритација на кожата.
Како да се користи:
По користењето на тонер, рамномерно нанесете умерена количина на лицето и нежно тапкајте за целосно апсорбирање.
Beauty of Joseon Glow Deep Serum: Rice + Alpha Arbutin е осветлувачки серум формулиран за изедначување на тенот и намалување на хиперпигментацијата. Со 68% оризова вода и 2% алфа-арбутин, овој серум обезбедува длабока хидратација и блескав изглед на кожата.
По нанесување на тонер, нанесете неколку капки од серумот и тапкајте нежно додека целосно не се апсорбира. Користете го во утринската и вечерната рутина за оптимални резултати.
Овој корејски серум со оризова вода и алфа-арбутин е совршен за оние што сакаат посветол, уедначен тен и природен сјај на кожата.