Кошничка 0 x

Product

FAEBEY Concentrate SKIN DRINK with Hyaluronic Acid and Matrixyl / 30ml

1.350 ден 790 ден

Матриксил и хијалуронска киселина, Skin Drink концентрираниот серум на шпанскиот бренд FAEBEY ви нуди совршена кобинација на состојки за свежа и мазна кожа!

ШТО Е MATRIXYL?
Матриксилот е комплекс од спектар на моќни биомиметички антиејџ пептиди кои го стимулираат производството на нов колаген, еластин и хијалуронска киселина во кожата, кои помагаат во пополнување на фините линии и брчки природно од внатрешноста на кожата. Тестирањата на оваа состојка покажале видливи резултати само по 6 недели употреба и ја сврстуваат меѓу најефикасните состојки за борба против брчките.

Хијалуронската киселна е состојка природно присутна во кожата и таа ја задржува водата во кожата со што и дава полн и свеж изглед на кожата. Со текот на годините содржината на хијалуронска киселина во кожата се намалува и кожата го губи полниот изглед и свежината. Овој серум помага да се врати влажноста во сите слоеви на кожата. Тој го одржува природното ниво на влажност во кожата. Тоа помага за брз ефект на полн изглед на кожата, свежина и сјај.

FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.

Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа.

Достапност: Има залиха
Сподели на:
Тип: Бренд:

Земја на производство: Шпанија

Состав: Aqua (Water), Glycerin, Sodium Hyaluronate, Sodium Benzoate, Lactic Acid, Phenoxyethanol, Potassium Sorbate, Polysorbate 20, Butylene Glycol, Tetrasodium Glutamate Diacetate, Triethylene Glycol, Parfum (Fragrance), Carbomer, Palmitoyl Tetrapeptide-7, Palmitoyl Tripeptide-1.

FAEBEY Concentrate SKIN DRINK with Hyaluronic Acid and Matrixyl / 30ml

1.350 ден 790 ден