1.999 ден Original price was: 1.999 ден.1.697 денCurrent price is: 1.697 ден.
Нема на залиха
1.999 ден Original price was: 1.999 ден.1.697 денCurrent price is: 1.697 ден.
Нема на залиха
Без оглед на возраста, водете добра грижа за кожата во пределот околу очите бидејќи тоа е најделикатната кожа на телото. Таа е десет пати потенка од oстанатата кожа на лицето. Таа е воедно и едно од најекспонираните области на надворешни влијанија. Кожата околу очите е првата што покажува знаци на стареење како фини линии и брчки. Исто така е подложна на опуштање, подуеност и потемнување кога е многу изложена на сонце и не е соодветно негувана.
𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗥𝗮𝗱𝗶𝗮𝗻𝗰𝗲 𝗘𝘆𝗲 𝗚𝗲𝗹 е ултра хидратантен гел збогатен со хијалуронска киселина и трипептиди кој нуди решение за повеќе проблеми со кожата околу очите.
Таргетира:
▪️ Подуеност под очите
▪️ Темни кругови
▪️ Длабоки брчки и фини линии
Бенефит:
▪️ Интензивно ја хидрира нежната кожа во пределот околу очите за да ја одржува мека, мазна и полна
▪️ Го поттикнува создавањето на колаген и ја затегнува кожата околу очите
▪️ Помага во обновувањето и зајакнувањето на кожата за да се намали изгледот на брчките, линиите и подуените кесички
▪️ Ја штити кожата од оштетувањето кое го предизвикуваат слободните радикали
▪️ Ги намалува темните кругови околу очите
Клучни состојки:
▪️ Хијалуронската киселина интензивно ја хидрира кожата, така што таа станува видливо помазна и поцврста. Фините линии и брчки се омекнуваат преку повеќестепена хидратација на кожата и така се намалуваат.
▪️ Трипептидите се амино киселини кои продираат во нежната кожа на пределот околу очите за да го поттикнат создавањето на колаген и да го намалат изгледот на темните кругови. Имаат ефект на затегнување што помага да се подобри изгледот на опуштена и подуени кожа.
▪️ Дипептид-2 е состојка која ја поттикнува циркулацијата во лимфните садови со што ја намалува подуеноста под очите.
Ако ако имате изморена кожа или сте загрижени за подрачјето околу очите, препуштете ги своите грижи на Mizon Snail Repair Eye Cream, крем за очи со високо квалитетна, мулти функционална формула, со 80% слуз од полжав кој хидрира, помага да се намалат фините линии и обезбедува осветлување на темните области околу очите. Муцинот придонесува за природно обновување на кожата, задржувајќи ја влажноста околу очите, додека аденозинот и пептидите ја затегнуваат кожата и играат улога во подобрување на брчките.
Дејство:
Хидратација и враќање на свежината
Бидејќи кожата околу очите е потенка, лесно зе забележува дека е потемна. Овој крем за очи, кој брзо се апсорбира без леплива трага, содржи ниацинамид со кој го осветлува и хидрира подрачјето околу очите.
Се препорачува за оние кои имаат минимални како и длабоки брчки околу очите, за оние имаат чувствителна, уморна или дехидрирана кожа во подрачјето околу очите пoради надворешните влијанија, кои имаат темни кругови околу очите, или кај кои е намалена еластичноста на кожата.
SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Bakuchiol Eye Cream 20ml е крем за околу очи со антиејџ дејство.
Тоа е богат, но брзоапсорбирачки крем заспецијално развиен за нежна нега на чувствителната кожа околу очите и спечување на проблемите кои најчесто се јавуваат во оваа регија.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Бакучиолот е познат по тоа што ја стимулира природната продукција на колаген, со што ефективно помага во намалување на појавата на фини линии и брчки и ја подобрува еластичноста на кожата. Формулата е дополнително збогатена со ниацинамид за осветлување на темните кругови, нискомолекуларна хијалуронска киселина за длабинска хидратација и Ceramide NP за зајакнување на кожната бариера. Кремот има богата, млечна текстура која брзо се впива, оставајќи ја деликатната зона околу очите помазна, посвежа и сјајна.
Овој SKIN1004 крем за очи е идеален за сува, нормална и чувствителна кожа која бара нежен антиејџ третман и интензивна хидратација без иритација. Има и силиконски апликатор кој овозможува нежна масажа на областа околу очите и околу устата.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од кремот на врвот на прстот или користете го силиконскиот апликатор за нежно да го нанесете производот околу деликатната област на очите. Тапкајте со прстот додека не се апсорбира целосно. Користете како последен чекор од вашата вечерна рутина за нега на кожа.