1.250 ден 891 ден
Нема на залиха
1.250 ден 891 ден
Нема на залиха
Маслото од шафран има бојни докажано погодни својства за кожата. Вметнете го во својата рутина за нега и почувствувајте го бенефитот од неговата употреба.
Маслото од шафран е моќен антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали кои ги создава штетното UV зрачење. Со тоа го спречува предвременото стареење на кожата. Содржи кроцин, потентна антиоксидантна состојка, која ја штити кожата од UVA и UVB зраците кои се причинители на појава на предвремени знаци на стареење.
Ова масло ефикасно ги смирува воспаленијата. Кроцинот придонесува за неговото антиинфламаторно дејство, бидејќи го спречува дејството на многу инфламаторни протеини.
Го поттикнува заздравувањето на кожата и затворањето на раните преку забрзување на процесот на создавање на нови клеки.
Ја намалува хиперпигментацијата благодарение на кроцинот и другите активни состојки кои ги содржи ова масло.
Никогаш не заборавајте да ја заштитите кожата од сонце. Штетните UV зраци, иако со рзличен интензитет, се присутни во текот на целата година и се причинител за предвремено стареење на кожата. Затоа заштитата од сонце е неопходна во сите годишни времиња.
COSRX, Aloe Soothing Sun Cream е совршено решение за секојдневна заштита на кожата од штетните UV зраци, бидејќи не предизвикува иритација на чувствителната кожа на лицето и не ги затвора порите.
Има нежна текстура и лесно се впива во кожата без да остави бела или мрсна трага. Тоа е производ кој не предизвикува иритација и погоден е за употреба кај чувствителна кожа.
Формулата со екстракт од алое е нежна со кожата, ја негува и ѝ ја дава потребната хидратација, додека ѝ пружа ефикасна заштита од UVA и UVB зраците истовремено.