1.250 ден 891 ден
Нема на залиха
1.250 ден 891 ден
Нема на залиха
FAU Premium De Signature Modeling Mask е моделирачка маска за професионална употреба која помага во изедначување на тенот и зацврстување на кожата.
Оваа премиум маска содржи ниацинамид и арбутин, кои придонесуваат за осветлување на кожата и подобрување на нејзиниот тон. Благодарение на хидролизираниот колаген и пептидите, оваа маска ја зацврстува кожата, ја подобрува нејзината еластичност и помага во обновување на нејзината структура.
Со својата уникатна формула, De Signature Premium Modeling Mask обезбедува длабинска нега, ја хидрира и ревитализира кожата, оставајќи ја свежа, мазна и со здрав сјај.
Моделирачката маска доаѓа во прав и се меша со вода. Се нанесува со моделирање на лицето и се остава 10-15 минути. Притоа се суши и добива текстура во вид на гума, која се должи на реакција на природните состојки. Потоа лесно се отстранува. Дава забележителна разлика во свежината на кожата и по само една употреба, а хидратацијата трае и наредниот ден.
Измешајте ја маската во прав со вода во сооднос 1:1 и мешајте 1-2 минути, додека не добиете мазна смеса. Нанесете рамномерно на посакуваната област и оставете да делува 10-15 минути, додека не се стврдне. Потоа внимателно отстранете ја маската.
Со FAU Premium De Signature Modeling Mask, вашата кожа ќе биде осветлена, зацврстена и со беспрекорен тен!
Holi Pop Blur Lasting Cushion ја прави кожата да изгледа беспрекорна и светла со долготрајна покривност и полу-мат завршница.
Никогаш не заборавајте да ја заштитите кожата од сонце. Штетните UV зраци, иако со рзличен интензитет, се присутни во текот на целата година и се причинител за предвремено стареење на кожата. Затоа заштитата од сонце е неопходна во сите годишни времиња.
COSRX, Aloe Soothing Sun Cream е совршено решение за секојдневна заштита на кожата од штетните UV зраци, бидејќи не предизвикува иритација на чувствителната кожа на лицето и не ги затвора порите.
Има нежна текстура и лесно се впива во кожата без да остави бела или мрсна трага. Тоа е производ кој не предизвикува иритација и погоден е за употреба кај чувствителна кожа.
Формулата со екстракт од алое е нежна со кожата, ја негува и ѝ ја дава потребната хидратација, додека ѝ пружа ефикасна заштита од UVA и UVB зраците истовремено.