1.050 ден Original price was: 1.050 ден.621 денCurrent price is: 621 ден.
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Mild Peeling Gel е ежен пилинг кој ќе ви помогне да постигнете чисти пори и сјаен тен.
Тоа е иновативен пилинг гел кој нуди истовремена ексфолијација и хидратација за постигнување мазна и прочистена кожа.
За разлика од грубите пилинзи со зрнца, овој гел обезбедува мека и ефикасна ексфолијација која ги отпушува порите и ја ревитализира кожата. Формулата комбинира нежни киселини како PHA (глуконолактон) и сукцинска киселина кои го изедначуваат тенот и ја откриваат природната блескавост на лицето. Присуството на хијалуронска киселина и пантенол гарантира дека кожата ќе остане длабоко хидрирана и освежена по секое користење, без чувство на сувост или иритација.
Неговата хипоалергена формула е збогатена со смирувачка центела и чајно дрво, што го прави идеален за смирување на иритациите и контрола на вишокот себум кај проблематичната кожа.
Мадагаскарската Centella asiatica која ја содржи овој производ се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој пилинг гел е најдобар избор за мрсна, комбинирана и кожа склона кон акни, но неговата нежна природа го прави соодветен и за најчувствителните типови кожа на кои им е потребна редовна неделна ексфолијација.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: По чистењето на лицето, нанесете соодветна количина од гелот на суви раце и нанесете го на суво лице, избегнувајќи ја областа околу очите и усните. Нежно масирајте со кружни движења додека не забележите како целулозата и мртвите клетки видливо се собираат во мали топчиња. Темелно исплакнете со млака вода. Се препорачува употреба 1 до 2 пати неделно за одржување на чист и мазен тен.