Кошничка 0 x

Product

Klairs Rich Moist Foaming Cleanser

999 ден

Нема на залиха

Достапност: Нема залиха
Сподели на:
Тип: Бренд:

Rich Moist Foaming Cleanser на корејскиот бренд Dear, Klairs претставува хранлива навлажнувачка пена за чистење со масло од чајно дрво кое ја смирува и најчувствителната кожа и отстранува шминка и нечистотија. Овој чистач користи аминокиселина (главната компонента на протеините) наместо хемиски состојки (SLS).

Нејзината формула со церамид NP и хијалуронска киселина, обезбедува максимална длабока хидратација за помека кожа и е дизајнирана за совршено чистење без ефектот на затегнување на кожата што ја оставаат грубите сапуни и средства. Маслото од лист од чајно дрво и екстрактот од Houttuynia cordata ги третираат проблемите со кожата.

Оваа пена за чистење овозможува смирувачка нега и хидрантно освежување со длабинско чистење и ја подобрува состојбата на кожата и порите. Тоа е вегански производ кој помага за баланс на ph вредноста, без иритација, наменет за сите видови на кожа. Не содржи вештачки бои и ароми, етанол или силиконски масла.

Употреба: Навлажнете го лицето со топла вода, стиснете 3-4 пати со пумпата и нанесете на лицето. Лесно масирајте го лицето со кружни движења. Исплакнете со топла вода.

Klairs Rich Moist Foaming Cleanser

999 ден

Нема на залиха