Доколку ви е потребно инстант освежување на вашата уморна кожа тука е 𝗚𝗟𝗢𝗪𝗜𝗡𝗚 𝗣𝗢𝗪𝗘𝗥 маска за лице на шпанскиот бренд 𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬.
Тоа е навлажнувачка и осветлувачка маска со витамин Ц и хијалуронска киселина. Оваа формула помага во борбата против уморната кожа и нерамномерниот тен за да се постигне посвежа и посјајна кожа. Исто така, e збогатенa со извонредни растителни екстракти за да ја смири и заштити кожата од штетните ефекти на сината светлина, подобрувајќи ја нејзината природна боја.
𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬 𝗚𝗟𝗢𝗪𝗜𝗡𝗚 𝗣𝗢𝗪𝗘𝗥 𝗙𝗮𝗰𝗶𝗮𝗹 𝗠𝗮𝘀𝗸 𝘄𝗶𝘁𝗵 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗖 𝗮𝗻𝗱 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 има антиоксидантно, антиејџ и навлажнувачко дејство.
Витаминот Ц помага во избледување на хиперпигментацијата и темните дамки, ја ревитализира кожата, ја спречува појавата на брчки и ѝ ја враќа еластичноста на кожата. Тој е моќен антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали.
Хијалуронската киселна е состојка природно присутна во кожата и таа ја задржува водата во кожата со што и дава полн и свеж изглед на кожата. Со текот на годините содржината на хијалуронска киселина во кожата се намалува и кожата го губи полниот изглед и свежината. Овој серум помага да се врати влажноста во сите слоеви на кожата. Тој го одржува природното ниво на влажност во кожата. Тоа помага за брз ефект на полн изглед на кожата, свежина и сјај.
FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.
Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа.