Midnight Blue Calming Cream е нежен крем богат со азулен, кој пријатно и брзо ја смирува сензитивноста. Мала количина од кремот се нанесува на областа на која и е потребно смирување, наутро и навечер по нанесубвањето на тонер и серум. Изненадувачки факт е што мистериознo сината боја, не се должи вештачко обојување, туку на една од неговите состојки од природно потекло: гвајазулен, растителна состојка добиена од камилица.
Нанесете мала количина на областа на која и е потребно смирување, наутро и навечер по нанесубвањето на тонер и серум.
Ви го претставуваме Full Fit Propolis Light Cream на познатиот корејски бренд COSRX. Тоа е хидратантен крем со висок процент на црн пчелин прополис и антиоксиданти.
Нема да верувате дека овој лесен крем е направен од 65,69% од прополис се додека не го пробате и дополнително ќе се изненадите кога ќе ја искусите неговата хидратантната моќ.
ШТО ГО ПРАВИ ОВОЈ КРЕМ ПОСЕБЕН?
▪️ Содржи 65.69% Full Fit Pro Complex, кој е уникатен комплекс од прополис формулиран од COSRX Lab. Тој се состои од екстрат од црн пчелин прополис, екстракт од мед и екстракт од матичен млеч познати по своите антиинфламаторни и антибактериски својства.
▪️ Тоа е крем наменет за сите типови кожа и сите временски услови. Благодарение на својата лесна гел текстура овој крем брзо и лесно се впива во кожата што овозможува да го користите во било какви временски услови, без разлика каде сте, на топло влажно време или во ладно и суво време. Без разлика на типот на кожата, овој лесен хидратантен крем лесно се впива без чувство на маснотија.
▪️ На кожата ѝ дава полн, цврст и свеж изглед, што го прави одличен последен чекор од рутината за нега. Можете да го комбинирате со останатите производи од истата линија или да го вметнете во вашата веќе постоечка рутина. Доколку се користи заедно со Full fit Propolis тонерот и ампулата неговото дејство се зголемува и дава позабележителен полн изглед на кожата. На кожата и дава сјај во текот на целиот ден и е одлична подлога за шминка.
Препорачана рутина:
1. Наполнете ја кожата со влажност со COSRX Full Fit Propolis Synergy Toner.
2. Дајте ѝ сјај со COSRX Full Fit Propolis Light Ampoule.
3. Завршете ја рутината со COSRX Full Fit Propolis Light Cream.
Centella Blemish Cream e крем збогатен со азиска центела. Овој смирувачки крем помага да се смират чувствителните или иритираните делови од кожата.
Употреба: По чистењето и нанесувањето на тонер, нанесете на таргетирани делови од лицето по потреба.
Состав: вода од лист од Centella asiatica, бутилен гликол, глицерин, масло од семе од Helianthus annuus (сончоглед), цинк оксид, диметикон, бетаин, 1,2-хександиол, екстракт од Viola tricolor, масло од Elaeis guineensis (палма), екстракт од јатки од Elaeis guineensis (палма), цетеарил алкохол, цетеарил оливат, сорбитан оливат, екстракт од Centella asiatica, цинк PCA, хидроксиетил акрилат/ натриум акрилоилдиметил таурат кополимер, ксантан гума, масло од лист од Melaleuca Alternifolia (чајно дрво), екстракѕ од корен од Scutelaria baicalensis.