Кошничка 0 x

Product

MATRIGEN E.S.R. Matrigen PDRN Ampoule 50ml

2.490 ден Original price was: 2.490 ден.1.992 денCurrent price is: 1.992 ден.

Нема на залиха

Matrigen E.S.R PDRN Ampoule e револуционерен професионален производ за подмладување и регенерација на кожата.

Оваа  ампула е тајната за беспрекорна, младешка кожа. Формулирана со иновативна технологија и моќни состојки, оваа ампула е вашиот клуч за еластична, хидрирана и сјајна кожа, совршено прилагодена на потребите на модерната нега. Ампулата делува длабински, поттикнувајќи природна регенерација на клетките, помагајќи ѝ на кожата побрзо да се обнови по изложеност на стрес и надворешни фактори. Ја подобрува еластичноста и цврстината на кожата со што се намалува појавата на фини линии и брчки, оставајќи ја кожата мазна и затегната.

Содржи висока концентрација на PDRN дури 50,000 ppm. PDRN (полидезоксирибонуклеотид), фрагмент екстрахиран од ДНК од лосос. Оваа биоактивна состојка е позната по своите извонредни својства за регенерација на кожата. PDRN активно ја зајакнува кожната бариера, го стимулира обновувањето на клетките и ефикасно го ублажува воспалението. Заборавете на опуштената и уморна кожа, Matrigen ESR PDRN ампулата работи длабински за да ја врати виталноста и здравјето на вашата кожа, нудејќи ревитализација одвнатре.

Зошто да ја изберете MATRIGEN E.S.R PDRN Ampoule?

Оваа ампула е дел од професионалната козметичка линија на MATRIGEN, наменета за напредна нега и регенерација на кожата. PDRN молекулите делуваат на клеточно ниво, помагајќи во обновување на оштетената кожа, подобрување на метаболизмот на клетките и зајакнување на бариерата на кожата. Со редовна употреба, кожата станува поеластична, помазна и со видливо подобрен тонус и сјај.

Има тројно дејство, пружа интензивна хидратација, анти-ејџинг ефект и осветлување на хиперпигментацијата и благодарение на нејзината богата текстура може да се користи и како ампула и како крем. Бидејќи за разлика од традиционалните проѕирни ампули, Matrigen ESR PDRN Ампулата е кремаста серумска формула која содржи висока концентрација на хидратантни и маслени компоненти. Оваа уникатна комбинација овозможува долготрајна хидратација, задржувајќи ја влагата во кожата како крем и давајќи и природен, здрав сјај.

 

Комплекс од моќни состојки за целосна нега:

  • PDRN e моќен полидезоксирибонуклеотид, добиен ДНК на лосос кој е вистински регенеративен херој. Со висока концентрација од 50,000 ppm, PDRN длабински го поттикнува природното обновување на клетките на кожата, значително ја зајакнува кожната бариера и има изразено антиинфламаторно дејство, помагајќи во смирување на иритациите и враќање на кожата кон нејзината оптимална виталност и здравје.
  • Ниацинамидот како активна форма на витамин Б3, е есенцијален за постигнување на рамномерен и блескав тен. Тој ефикасно ја осветлува хиперпигментацијата и го подобрува целокупниот тон на кожата за блескав тен, ги минимизира порите, ја подобрува текстурата на кожата и ја регулира продукцијата на себум, правејќи ја кожата почиста и видливо посјајна.
  • Аденозинот е клучен во подобрувањето на брчките и ја зајакнува еластичноста на кожата, враќајќи и ја младешката цврстина и виталност. Тој е комуникатор на клетките е познат по своите извонредни анти-ејџинг придобивки. Аденозинот активно работи на намалување на појавата на фини линии и брчки, ја подобрува еластичноста и цврстината на кожата, придонесувајќи за младешки и затегнат изглед.
  • Содржи 7 видови на хијалуронска киселина, со што обезбедува повеќеслојна хидратација, спречува испарување на влагата, формира заштитен филм на кожата, ја намалува надворешната иритација, оставајќи ја кожата неверојатно мека и еластична.
  • Мадекасозидот екстрахиран од азиска центела е познат по своите смирувачки и заштитни својства. Тој помага во заштитата на кожата, има антиинфламаторно дејство и спречува хиперкератинизација.
  • Глицеринот е моќен хумектант кој ја привлекува и задржуваат влагата во кожата, обезбедувајќи долготрајна хидратација.
  • Алантоинот е состојка позната по своите смирувачки и заздравувачки својства, помага во регенерацијата на клетките и ја прави кожата мазна.
  • Аргинин  е аминокиселина која ја поддржува функцијата на кожната бариера и придонесува за хидратација.

Ова е идеален производ за оние кои:

  • Имаат уморна кожа без сјај.
  • Се грижат за губење на еластичноста на кожата.
  • Бараат ефикасна, но едноставна рутина за нега на кожата.
  • Се соочуваат со повеќе проблеми со кожата и сакаат сеопфатно решение.

Начин на употреба: Свртете го белото капаче на страната „Off“ за да ја отворите ампулата. Вметнете го шприцот во знакот крст (+) во центарот на гуменото капаче и повлечете го шприцот за да ја наполните ампулата. Нанесете ја ампулата на кожата и нежно масирајте додека целосно не се апсорбира. За најдобри резултати, користете редовно како дел од вашата дневна и ноќна рутина.

Со Matrigen E.S.R PDRN Ампулата, вашата кожа ќе биде подмладена, хидрирана и ќе зрачи со здрав сјај, подготвена да се соочи со предизвиците на секојдневното живеење!

Достапност: Нема залиха
Сподели на:

Земја на производство: Република Кореја

Состав: Water, Glycereth-26, Glycerin, Dimethicone, Caprylic/Capric Triglyceride, Polyglyceryl-3 Stearate, Cetearyl Olivate, Niacinamide, Methylpropanediol, Polysorbate 60, Sodium Hyaluronate, Hydrolyzed Sodium Hyaluronate, Hyaluronic Acid, Sodium Hyaluronate Crosspolymer, Hydrolyzed Hyaluronic Acid, Madecassoside, Stearic Acid, Cetearyl Alcohol, Butylene Glycol, Allantoin, Chlorphenesin, Carbomer, Arginine, 1,2-Hexanediol, Sodium DNA, Ethylhexylglycerin, Disodium EDTA, Adenosine, Pentylene Glycol.

MATRIGEN E.S.R PDRN Ampoule 50ml – професионална ампула за подмладување и осветлување на кожата со концентрација од 50,000 ppm PDRN. Го стимулира обновувањето на клетките, ја зголемува еластичноста и ја подобрува текстурата на кожата. Прикажано е пакувањето со шишенце, кутија и апликатор. MATRIGEN E.S.R PDRN Ampoule 50ml – professional rejuvenating and brightening ampoule containing 50,000 ppm PDRN. Promotes skin regeneration, enhances elasticity, and improves overall texture. The image shows the product box, ampoule bottle, and applicator.

MATRIGEN E.S.R. Matrigen PDRN Ampoule 50ml

2.490 ден Original price was: 2.490 ден.1.992 денCurrent price is: 1.992 ден.

Нема на залиха