Земја на производство: Република Кореја
Состав: Water, Glycerin, Niacinamide, Ascorbic Acid, Ferulic Acid, Arbutin, Glutathione, Butylene Glycol, 1,2-Hexanediol, Ethylhexylglycerin, Disodium EDTA.
1.890 ден
Нема на залиха
Matrigen SRS Glassy Ampoule е супериорен професионален концентриран серум дизајниран за постигнување на беспрекорно чист, светол и стаклен изглед на кожата (познатиот „Glass Skin“ ефект). Оваа ампула е моќен коктел од антиоксиданти кои работат на елиминирање на сивилото и уморот од лицето, истовремено изедначувајќи го тенот. Нејзината лесна, свиленкаста текстура обезбедува свеж финиш без мрсен сјај. Продира брзо во кожата за да ја открие нејзината природна луминозност. Резултатот е мазна, рефлектирачка површина на кожата која зрачи со здравје и виталност.
Овој производ нуди идеално решение за кожа која изгледа уморно и безживотно, за лица со нерамномерен тен и хиперпигментации, како и за сите кои сакаат да го подобрат целосниот сјај и чистота на лицето. Ампулата е специјално креирана за професионални естетски третмани насочени кон осветлување (brightening) и освежување. Благодарение на комбинацијата од најмоќните состојки за осветлување, таа помага во прочистување на тенот и текстурата на кожата, правејќи ја мазна и транспарентна.
Глутатионот (Glutathione) во синергија со витаминот Ц и арбутинот се клучните носечки елементи во оваа формула. Глутатионот е познат како еден од најсилните антиоксиданти кој директно го потиснува производството на меланин, додека витаминот Ц го засилува осветлувачкиот ефект и го поттикнува производството на колаген, обезбедувајќи долготраен сјај и заштита од оксидативен стрес.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете ја ампулата на исчистена кожа како дел од професионален третман за сјај. За постигнување на максимален „Glass Skin“ ефект, се препорачува употреба со микронидлинг уреди како дерма пен, со цел активните состојки да навлезат подлабоко во епидермисот. Производот е наменет исклучиво за топична употреба (не е за инјектирање). Може да се користи како самостоен третман или како дел од интензивна рутина за осветлување.
Земја на производство: Република Кореја
Состав: Water, Glycerin, Niacinamide, Ascorbic Acid, Ferulic Acid, Arbutin, Glutathione, Butylene Glycol, 1,2-Hexanediol, Ethylhexylglycerin, Disodium EDTA.
1.890 ден
Нема на залиха
𝗡𝗶𝗮𝗰𝗶𝗻𝗮𝗺𝗶𝗱𝗲 𝗦𝗲𝗿𝘂𝗺 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 е мултифункционален серум кој ќе ви помогне да таргетирате неколку разични прблеми на кожата наеднаш. Тој ќе ви помогне да постигнете помалку мрсна, помазна кожа, со помалку видливи пори и порамномерен тен.
Таргетира:
▪️ Прекумерно лачење маснотии
▪️ Проширени пори
▪️ Пигментирани дамки
Toa e најноватa формулација на 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵, серум со 10% ниацинамид кој дејствува за постигнување здрава хидратација на кожата и тен кој е мазен, свеж и без пори!
Овој моќен серум комбинира 10% ниацинамид со хијалуронска киселина, алое вера, зелен чај и екстракт од сладок корен за да делува на балансирање на мастите кои ги создава кожата за да ѝ даде почист, посвеж и помладешки изглед.
Од овој серум посебно имаат бенефит оние кои имаат потреба од регулирање на балансот на маснотиите кои ги создава кожата, односно да го намалат прекумерното лачење на себум и да ги намалат проширените пори. Исто така ја намалува хиперпигментацијата и го подобрува тенот. Длабински ја хидрира кожата и ги намалува брчките и фините линии.
Дејство:
▪️ Го балансира прекумерното лачење маснотии.
▪️ Ги намалува зголемените пори
▪️ Го изедначува тенот
▪️ Ja подобрува хидратацијата
▪️ Ги намалува фините линии и брчките
Клучни состојки:
▪️ 10% ниацинамид
▪️ хијалуронска киселина
▪️ екстракт од сладок корен
▪️ екстракт од зелен чај
▪️ алое вера
Одлично се комбинира со серумите со витамин Ц, ретинол или хијалуронска киселина.
Изминатите години огромен број корисници ширум светот се уверија во квалитетот и ефикасноста на популарниот Snail Bee Ultimate Serum на Benton. Сега тука е неговата нова подобрена варијанта Benton Snail Ultimate Serum Plus.
Збогатен со 6 типа на пептиди и комплекс од ферменти на 5 билки, ви дава премиум нега за еластичност и зацврснување на кожата.
Вклучете го овој серум во дневната и ноќната нега на вашето лице доколку имате лузни од акни, зголемени пори или сакате да ги намалите и спречите брчките. За поинтензивна нега, комбинирајте го со останатите производи од линијата Snail Bee: лепенки за очи, тонер, маска, есенција, лосион или крем за лице и крем за очи.
Benton Snail Bee Ultimate Plus серумот е повеќефункционален серум збогатен со:
Помага за нега и смирување на кожата. Се препорачува за кожа која има потреба од интензивно потхранување, кожа со хиперпигментација и нерамномерен тен, кожа со слаб баланс на вода и масти, кожа на која ѝ е потребно зголемување на еластичноста, груба и опуштена кожа која има потреба од ревитализацијa.
⠀
Во согласност со филозофијата и праксата на брендот, Benton Snail Bee Ultimate серумот ви нуди здрава формула без штетни состојќи. Серумот не содржи парабени, силикони, алкохол, сулфати, вештачки ароми и бои.
Спакуван е во практично шишенце со пумпица за полесна хигиенска употреба, наместо пипета. Амбалажата не содрќи метал и е направена од материјал кој лесно се рециклира.