4.216 ден Original price was: 4.216 ден.3.373 денCurrent price is: 3.373 ден.
4.216 ден Original price was: 4.216 ден.3.373 денCurrent price is: 3.373 ден.
𝗙𝗥𝗘𝗦𝗛𝗟𝗬 𝗦𝗠𝗢𝗢𝗧𝗛 e крем за лице на шпанскиот бренд 𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬 кој има висока хидратантна моќ благодарение на содржината на хијалуронска киселина, а матриксилот (Matrixyl) познат како „еликсир на вечната младост“ помага во зацврстување на кожата и намалување на знаците на стареење.
Го стимулира производството на колаген и еластин кои помагаат да се одржи цврстината на кожата и да се спречи нејзиното опуштање.
Има лесна текстура која остава кадифен допир и чувство на свежина на кожата.
ШТО Е MATRIXYL?
Матриксилот е комплекс од спектар на моќни биомиметички антиејџ пептиди кои го стимулираат производството на нов колаген, еластин и хијалуронска киселина во кожата, кои помагаат во пополнување на фините линии и брчки природно од внатрешноста на кожата. Тестирањата на оваа состојка покажале видливи резултати само по 6 недели употреба и ја сврстуваат меѓу најефикасните состојки за борба против брчките.
Хијалуронската киселна е состојка природно присутна во кожата и таа ја задржува водата во кожата со што и дава полн и свеж изглед на кожата. Со текот на годините содржината на хијалуронска киселина во кожата се намалува и кожата го губи полниот изглед и свежината. Овој серум помага да се врати влажноста во сите слоеви на кожата. Тој го одржува природното ниво на влажност во кожата. Тоа помага за брз ефект на полн изглед на кожата, свежина и сјај.
FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.
Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа.
Начин на употреба: Нанесувајте секојдневно по чистење на лицето, на лицето, вратот и деколтето. Масирајте нежно додека целосно не се апсорбира.
𝗚𝗟𝗢𝗪 𝗠𝗔𝗞𝗘𝗥 e крем за лице на шпанскиот бренд 𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬 кој помага во подобрување на тенот и зацврстување на кожата, благодарение на формулата со витамин Ц и масло од арган.
𝗙𝗔𝗘𝗕𝗘𝗬 𝗚𝗟𝗢𝗪 𝗠𝗔𝗞𝗘𝗥 𝗙𝗮𝗰𝗶𝗮𝗹 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 𝘄𝗶𝘁𝗵 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗖 а𝗻𝗱 𝗔𝗿𝗴𝗮𝗻 𝗢𝗶𝗹 има антиоксидантно, антиејџ и навлажнувачко дејство.
Има лесна текстура која остава кадифен допир и чувство на свежина на кожата. Има брзо впивачка формула која помага да се постигне блескав, сјаен и здрав тен. Тоа е крем за лице за секојдневна употреба наменет за сите типови на кожа.
Витаминот Ц помага во избледување на хиперпигментацијата и темните дамки, ја ревитализира кожата, ја спречува појавата на брчки и ѝ ја враќа еластичноста на кожата. Тој е моќен антиоксидант и ја штити кожата од слободните радикали.
Маслото од арган е некомедогено масло богато со масни киселини. Има антиоксидантно и антивоспалително дејство. Интензивно ја навлажнува кожата и ја подобрува нејзината еластичност.
FAEBEY промовира чисти производи базирани на природни состојки – без парабени, без фталати, без силикони и без суровост кон животните. Ги следи највисоките стандарди за квалитет, според европските регулативи за козметика.
Под надзор на дерматолози, производите на FAEBEY се подложени на опсежни истражувања за да ги обезбедат најефикасните состојки додека избегнуваат алергени и надразнувачи за безбедноста на вашата кожа.
Начин на употреба: Нанесувајте секојдневно после чистење на лицето, на лицето, вратот и деколтето, нежно масирајќи додека целосно не се апсорбира.
Toa е специјален хидратантен крем формулиран да ги таргетира знаците на стареење, како што се фините линии и брчките. Ретинолот е облик на витамин А за кој се покажало дека го подобрува изгледот на кожата. Овој хидратантен крем содржи и хијалуронска киселина која помага да се одржи кожата хидрирана и полна, што може да го минимизира појавувањето на фини линии и брчки, женшен за да осветли и да ѝ даде на кожата позатегнат изглед. Зелениот чај ја ревитализира и навлажнува кожата. Тој е богат со антиоксиданти, кои можат да помогнат да се заштити кожата од оштетување предизвикано од стресот од околината.